Wilo-Economy CO/T-1 Helix V

Особености/предности на производот

  • Компактна постројка подготвена за вклучување, за сите примени кои бараат системска поделба
  • Робустен систем благодарение на центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик, од серијата Helix V
  • Едноставно регулирање и сигурна работа благодарение на применетиот контролен уред CE

Опис на серијата

Изведба

Постројказа водоснабдување со системско одвојување и нормалновшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа

Употреба

  • Автоматско водоснабдување вклучувајќи и акумулационен резервоар за директно приклучување на јавната водоводна мрежа
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Означување на типот

Пример:Wilo-CO/T-1 Helix V 403/CE
COКомпактна постројка зголемување на притисокот
TСо вграден предрезервоар како одвојување на системот
1Со една пумпа
Helix VСерија на пумпи
4Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]
03Број на степени на единечна пумпа
CEКонтролен уред; CE = Controller Economy

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~230/400 V ±10 %, 50 Hz (други изведби на барање)
  • Температура на медиум макс. 40 °C
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Степени на притисок за вклучување 6/10/16 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна Rp 1 ¼"
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна Rp 1 ¼"
  • Номинален број на вртежи 2900 1/мин
  • Вид на заштита IP41
  • Расклопна моќност P2 макс. при макс. 10 A = 4 kW (при дополнително вклучен електромеханички удел на моќност >4 kW)
  • Осигурување од страната на мрежата AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):
    • Чиста вода без талог
    • Потрошна вода, ладна вода, вода за ладење и дождовница
    • Вода за пиење
    • Вода за гасење
    Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 1 пумпа од серијата Helix V
  • Максимален број степени: 14
  • PE‐акумулационен резервоар, со атмосферско проветрување (150 l)
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Затворачки вентил, од притисочната страна
  • Вграден неповратен вентил, од вшмукателната страна
  • Акумулационен раезервоар со вклучен пливачки вентил и пливачки прекинувач (сигнализатор за неодстиг на вода)
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16, од притисочната страна
  • Осигурување од недостиг на вода

Опис/конструкција

  • Постројка за водоснабдување, подготвена за приклучување, монтирана на PE основна плоча, со комплетен цевковод, вклучувајќи ги сите потребни арматури и затворачи (без затворачки уред од приливната страна), комплет сензор за притисок, високопритисочна центрифугална пумпа од не‘рѓосувачки челик во изведба со сув ротор (серија Helix V) и приклучна табла CE монтирана подготвено за приклучување и ожичена; во контролниот уред има електроника за актвирање заради осигурување од недостиг на вода
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачки вентил, заради проверка и ревизија, со празнење и насочување на протокот според DIN 4807
  • Контролен уред: постројката е опремена со Economy регулатор CE во стандардна изведба

Материјали

  • Ротори и степенести комори од не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Куќиште на пумпата нерѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Вратило не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Заптивка EPDM (EP 851)/FKM (Витон)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Долен дел од куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
  • Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Лежиште волфрамкарбид
  • База на пумпата EN-GJL-250
  • Цевковод од племенит челик 1.4307

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Опции

Други приклучоци на мрежа на барање

Напомена

Специјални изведби, на пр. за целосно отсолена вода, вшмукателен погон, итн. на барање.

Водич за проектирање

Приливен притисок

При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок (в. Технички податоци). Макс. приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0

Само за постројки за заштита од пожар

Изведба според DIN 1988 (EN 806), дел 5+6

Ова не важи за постројки за гасење пожар во согласност со DIN 14462. Овие треба посебно да ги порачате.

При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806)!

Вкупен дијаграм

Работни криви на пумпа

Преземања

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Economy CO/T-1 Helix V

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај