Wilo-FLA-2

Особености/предности на производот

  • Робусна постројка со 2 повеќестепени високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик од сериите Helix FIRST V или MVI, коишто ги исполнуваат сите барања на DIN 1988 и DIN 14462
  • Апсолутна работна сигурност при работа кај системи со 2-пумпи преку 100 % редунданса
  • Едноставно регулирање и работна сигурност благодарение на уредот за ракување FLA
  • Однапред дефинирани поставки на придушен вентил од притисочната страна на пумпата за заштита на пумпата при слаб проток

Опис на серијата

Изведба

Постројка за зголемување на притисокот за противпожарни системи со посредно приклучување во согласност со DIN 14462.

Со 2 вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик во изведба со сув ротор

Употреба

Автоматско водоснабдување за противпожарни системи со ѕиден хидрант од типот „F“ во станбени, деловни и јавни објекти, хотели, болници, трговски центри, како и во канцелариски и индустриски објекти

Означување на типот

Пример:Wilo- FLA – 2 Helix V 2204 PN10
FLAПостројка за гасење пожар
2Број на пумпи
Helix VСерија на пумпи
22Номинален проток [m3/h]
04Број на степени на пумпата
PN10Регулирање на притисок до 10 бари (зависно од типот на пумпата)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C
  • Работен притисок 10 или 16 бара
  • Приливен притисок од акумулационен резервоар < 1 бар
  • Номинален приклучен дијаметар од притисочната страна R 2" - DN 125
  • Номинален приклучен дијаметар од вшмукателната страна Rp 2"- DN 125
  • Степен на заштита, уред за ракување IP 54

Опрема/функција

  • 2 пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22, 36, 52 или MVI 70, опремени со мотори IE2
  • Автоматско управување со пумпи преку уред за ракување FLA
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со висинско поместување на придушувачите на осцилации, за изолација од вибрациона бучава
  • Цевковод од племенит челик 1.4301
  • Погонски топчест вентил или прстенест зтворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Придушен вентил од не’рѓосувачки челик 1.4571 од притисочната страна на секоја пумпа
  • Притисочен прекинувач, од притисочната страна
  • Манометар, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16, поставен на притисочната страна
  • Опрема: Атмосферски проветрен акумулационен раезервоар во согласност со DIN 14462 со слободно истекување во согласност со EN 13077, тип AB во согласност со DIN EN 1717

Опис/конструкција

  • Основна рамка: Произведена од галвански поцинкуван челик и опремена со придушувачи на осцилации со висинско поместување, за опсежна изолација од вибрационата бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301, наменет за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на FLA- системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: Пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22, 36, 52 и MVI 70; сите делови на оваа пумпа кои се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик/EN-GJL-250 KTL-облога. Дополнителни информации за пумпата се наведени во делот од каталогот „Високопритисна центрифугална пумпа“
  • Арматури: На секоја пумпа, на неповратниот вентил постои иглест вентил од 1.4571, за враќање на протокот за бајпас до предрезервоарот. Сите вентили и арматури се запечатени и обезбедени од неовластено менување на поставките. Пумпите се опремени со автоматски вентил за обезвоздушување на горната страна на хидрауликата.
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна. Заради ревизија и проверка, опремен со специјална проточна арматура, која го овозможува затворањето и празнењето на мембранскиот притисочен сад
  • Притисочен прекинувач: Притисочен прекинувач, поставен од крајната притисочна страна, за активирање на централниот регулатор на постројката за гасење пожар
  • Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) од крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на работниот притисок и на параметрите за нагодување во регулаторот на постројката за гасење пожар
  • Управувачки уред/регулатор: Постројката е опремена со специфичен регулатор на постројката за гасење пожар во стандардна изведба

Материјали

  • Ротор, погонски кола, степенесто куќиште од нерѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Вкупен дијаграм

Вкупен дијаграм

Преземања

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Wilo-MultiVert MVI 16../32../52../70../95..

Број на производ 2040502
Издание 1606
Број на верзијата 08
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (8 MB)

Преземи

Wilo-Helix V/ FIRST V 22-36-52

Број на производ 4120943
Издание 1603
Број на верзијата 09
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (116 MB)

Преземи

Wilo-Helix V/ FIRST V 2-4-6-10-16

Број на производ 4143727
Издание 1607
Број на верзијата 08
Формат на страница A4
Број на страници 17

PDF (118 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-FLA-2

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај