Wilo-FLA Compact-2 Helix V

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Компактна постројка со 2 повеќестепени високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix FIRST V, во согласност со DIN 1988 и DIN 14462 (редунданса кај системи со 2-пумпи)
  • Комплетен систем, со кружен резервоар (со TZW одобрение), директно приклучен на вшмукателниот приклучок на пумпата
  • Хидраулична моќ во рамките на серијата до 18 м3/ч и 100 m напор
  • Едноставно регулирање и сигурна работа, благодарение на FLA- уред за ракување (проверено од TÜV)
  • Однапред дефинирано бајпас-струење, за заштита на пумпите при низок проток

Конструкција

Систем за зголемување на притисокот за снабдувањето со вода за гаснење на пожари според DIN 14462 за непосредно поврзување.

Со 2 вертикални, повеќестепени високопритисни центрифугални пумпи од племенит челик во изведба со сув ротор и акумулационен резервоар.

Примена

Автоматско водоснабдување за противпожарни системи со ѕиден хидрант од типот „F“ во станбени, деловни и јавни објекти, хотели, болници, трговски центри, како и во индустриски системи

Опрема/функција

  • 2 пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22, опремени со IE2 мотори
  • Автоматско управување со пумпи преку уред за ракување FLA
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со висинско поместување на придушувачите на осцилации, за изолација од вибрациона бучава
  • Цевковод од племенит челик 1.4301
  • Затворачки куглест вентил од притисочната страна според пумпа
  • Засун помеѓу секоја пумпа и акумулационен раезервоар
  • Неповратен вентил, од крајната притисочната страна според пумпа
  • Поставен вентил на преодот од секоја пумпа за минимален бајпас-ток
  • Притисочен прекинувач, од притисочната страна според пумпа
  • Манометар, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16, поставен на притисочната страна
  • Атмосферски проветрен акумулационен раезервоар во согласност со DIN 14462 со слободно истекување во согласност со EN 13077, тип AB во согласност со DIN EN 1717

Аглест PEHD резервоар со индикатор за нивото на водата

  • Одводнување
  • Пливачки прекинувач како сигнализатор за недостиг на вода
  • доведување воздух и обезвоздушување со примена на филтер
  • Ревизорски отвор со капак, кој може да заптува без алат
  • Звучни ѕидови во внатрешноста, за редуцирање на проточната брзина на медиумот
  • 2 x прилив, 2 x приклучок за земање
  • Прелив како слободен испуст, тип AB според DIN EN 1717 со не накрсен пресек

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Акумулационен резервоар подготвен за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-FLA Compact–2 Helix V 1604 DS8

FLA

Постројка за гасење пожар

Compact

со акумулационен раезервоар

2

Број на пумпи

Helix V

Серија на пумпи

16

Номинален проток [m3/h]

04

Број на степени на пумпата

DS8

Регулирање на притисок до 8 бари (зависно од типот на пумпата)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C
  • Номинален притисок 16 бари
  • Работен притисок до 16 бари
  • Приливен притисок од акумулационен резервоар < 1 бар
  • Номинален приклучен дијаметар од притисочната страна R 21/2" - R 3"
  • Номинален приклучен дијаметар на пливачки вентил во акумулациониот резервоар 2 x G2”
  • Степен на заштита, уред за ракување IP 54
  • Аголен акумулационен резервоар (540 l)

Материјали

  • Ротор, погонски кола, степенесто куќиште од нерѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Аголен резервоар од црн PE-HD
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Опис/конструкција

  • Основна рамка: Произведена од галвански поцинкуван челик и опремена со придушувачи на осцилации со висинско поместување, за опсежна изолација од вибрационата бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик 1.4301, наменет за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на FLA- системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: Пумпи од серијата Helix FIRST V 16, 22; сите делови на оваа пумпа кои се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик/EN-GJL-250 KTL-облога. Дополнителни информации за пумпата се наведени во делот од каталогот „Високопритисна центрифугална пумпа“
  • Арматури: На горниот крај од хидрауличниот дел на пумпата се наоѓа специјален месингуван вентил за враќање на бајпас проток кон акумулациониот резервоар. Овој вентил и затворачките вентили се запечатени и осигурани од неовластено нагодување
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна. Заради ревизија и проверка, опремен со специјална проточна арматура, која го овозможува затворањето и празнењето на мембранскиот притисочен сад
  • Притисочен прекинувач: Еден притисочен прекинувач по пумпа, поставен од крајната притисочна страна, за активирање на централниот FLA-контролор
  • Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) од крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на работниот притисок и на параметрите за нагодување во регулаторот на постројката за гасење пожар
  • Управувачки уред/регулатор: Постројката е опремена со специфичен регулатор на постројката за гасење пожар во стандардна изведба
  • Акумулационен резервоар: Постројката се испорачува со акумулационен резервоар (540 л.). Тој располага со 2 пливачки вентили и со специфичен уред за распрскување вода, со одобрение од технолошкиот центар за вода (TZW), за да се осигури придржувањето до законот за водата за пиење

Вкупен дијаграм

FLA

Производ

PDF: Wilo-FLA Compact-2 Helix V

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај