Wilo-HiDrainlift 3

Особености/предности на производот

  • Многу компактна изведба, за вградување во мокар јазол или под туш-када (HiDrainlift 3-24)
  • Тивка работа со вграден филтер со активен јаглен за голема корисничка удобност
  • Доверлива моќност и мало користење на електрична енергија за ефикасно исфрлање на нечиста вода
  • Едноставна инсталација со флексибилни можности за приклучување
  • Постројки подготвени за приклучување (HiDrainlift 3-35 и HiDrainlift 3-37)

Опис на серијата

Конструкција

Мала постројка за одведување на отпадна вода за надкатна инсталација

Примена

Транспорт на претходно прочистена отпадна вода без фекалии (според DIN EN 12050-2), која не може со природен пад да се спроведе до канализацијата.

Опрема/функција

  • Подготвена за вклучување
  • Термичка заштита на моторот
  • Контрола на ниво преку пневнатски сензор за притисок
  • Вградени неповратни вентили
  • Материјал за прицврстување
  • Филтер со активен јаглен

Опсег на испорака

  • Постројка за одведување на отпадна вода подготвена за приклучување со филтер со активен јаглен и вграден неповратен вентил.
  • Упатство за вградување и работа
  • Комплет за приклучување за прилив и притисочна линија

Означување на типот

Пример:

HiDrainlift 3-35

HiDrainlift

Фамилија на производи:постројка за одведување на нечиста вода

3

Ниво на производ

3 = стандард

3

Број на приливни приклучоци

5

Номинален напор во m

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
  • Кабел за приклучување на мрежа 1,5 m, со шуко-штекер
  • Температура на транспортиран медиум макс. 35 °C (до 60/ 75 °C при краткорочна работа на 5 минути, зависно од моделот)
  • Притисочна врска DN 32
  • Приливна врска DN 40
  • Вид заштита IP 44
  • Бруто волумен на резервоар 3,9 l / 16 l / 15,5 l
  • Волумен за вклучување 1,7 l / 2 l / 2 l

Материјали

  • Куќиште на пумпа: PPGF30
  • Куќиште на мотор: PPGF30
  • Заптивка: EPDM
  • Материјал на резервоарот: PP

Опис/конструкција

Автоматска постројка за одведување нечиста вода, подготвена за приклучување, со вграден неповратен вентил и 2-3 приливни приклучока (зависно од моделот). Обезвоздушувањето се изведува без миризба, преку интегриран филтер со активен јаглен, во просторот каде што стои.

Вкупен дијаграм

HiDrainLift

Производ

PDF: Wilo-HiDrainlift 3

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај