Wilo-Medana PE3

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Едноставна инсталација багодарение на изведбата и компактниот дизајн подготвени за вклучување
  • Екстремно тивка (45 dbA) и вградлива во станбена област благодарение на одобрението за вода за пиење
  • Посигурна работа поради многубројните вградени заштитни функции
  • Ниска потрошувачка на енергија благодарение на регулацијата
  • Лесна за користење корисничка површина со контролни сијалички

Опис

Wilo-Medana PE3 е центрифугална пумпа подготвена за вклучување за зголемување на притисокот, а благодарение на нејзиниот компактен дизајн и тивката работа може да се применува и во станбена област на еднофамилијарни и двофамилијарни куќи. Пумпата е опремена со бројни заштитни функции и може многу едноставно да се нагоди преку контролно копче. LED контролните светилки укажуваат на нагодениот начин на работа.

Конструкција

Нормалновшмукувачка повеќестепена центрифугална пумпа

Примена

  • Автоматска тивка работа на водоснабдување/зголемување на притисокот за еднофамилијарни и двофамилијарни куќи

Опрема/функција

  • Тивка работа преку мотор разладуван од медиумите
  • Одобрение за вода за пиење за сите компоненти што се во допир со медиумот
  • Електричен кабел за поврзување вкл. мрежен утикач
  • Два фиксни броја на вртежи (Mode 1, Mode 2) во автоматска или рачна работа
  • Контролни сијалички (LED) за статусот на работата
  • Резервоар за изедначување на притисокот за константен работен притисок
  • Термичка заштита на моторот
  • Вграден сензор за притисок за:
    • автоматското работење,
    • Заштитата од работа на суво и прекумерен притисок
  • Вграден температурен сензор за:
    • Заштита од блокирање на моторот,
    • Прекумерна температура и заштита од замрзнување

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-PE-350EA

PE

Пумпа за зголемување на притисокот Eco

35

Коефициент на моќноста: 35 x 10 = 350 W

0

Сериски број

E

Фреквенција 50 Hz

A

Автоматски

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 1~230 V ± 10%, 50 Hz
  • Приклучување (притисочна и вшмукателна страна): Rp1
  • Температура на медиум: 0 °C до +35 °C
  • Температура на околината: -10 °C до 50 °C
  • Температура на чување: -20 °C до +70 °C
  • Макс. приливен притисок: 1,5 бари (во начин на работа 2)
  • Макс. работен притисок: 3,3 бари (во начин на работа 2)
  • Притисок при вклучување: 1,0 бари (во начин на работа 1) / 1,5 бари (во начини на работа 2 и 3)
  • Притисок за исклучување: 1,8 бари
  • Вид на заштита: IPX4

Материјали

  • Куќиште на пумпа: пластика
  • Работно коло: Пластика
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Механичка заптивка: јаглен/керамика

Производ

PDF: Wilo-Medana PE3

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај