Wilo-Padus UNI

Опис на серијата

Особености/предности на производот

• Исклучителна доверливост благодарение на некорозивната хидраулика за универзални примени и различни транспортирани медиуми

• Едноставно инсталирање благодарение на лесната тежина, интегриран кондензатор кај монофазен мотор и навојна прирабница

• Оптимална ефикасност и голема безбедност при работа благодарение на подобрената хидраулика

• Брзо одржување благодарение на директен пристап преку заптивна комора и куќиште на пумпа

• Долги интервали на одржување благодарение на двојна механичка заптивка и заптивна комора со голем волумен

• Без затнувања благодарение на интегрираната вшмукателна корпа

Опис

Wilo-Padus UNI е идеален отскочен модел за транспорт на нечиста вода во помали, комерцијално употребувани згради. Пумпата може да се пренесува или флексибилно да се поставува во пумпна шахта. Хидрауликата од нерѓосувачки материјал нуди голема доверливост за универзална примена во различни транспортирани медиуми. Поради малата тежина, вградениот кондензатор и приклучувањето со навој, инсталацијата е многу едноставна. Двојната лизгачка механичка заптивка и големата заптивна комора овозможуваат подолги интервали на оджување. Директниот пристап до најважните составни елементи прави одржувањето да е многу пригодно. Со помош на Wilo-Control приклучна табла, може Wilo-Padus UNI да се поврзува и со постоечки зградни контролни системи.

Конструкција

Потопна пумпа за нечиста вода за наизменична работа за преносливо водено поставување

Примена

Транспорт на

  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Надгледување на температурата на намотката со биметален сензор
  • Подготвено за вклучување (А и Р варијанта)
  • Пливачки прекинувач (А варијанта)
  • Вертикален пливачки прекинувач (VА варијанта)

Опсег на испорака

  • Потопна пумпа за нечиста вода со 10 m кабел
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

Пример:

Wilo-Padus UNI M05/T15-540/A

Padus

Потопна пумпа за нечиста вода со хидраулика за вртложење

UNI

Серија со Copolymer-хидраулика

M

Отворено повеќеканално работно коло

05

Номинален потисен приклучок: G2

T

Изведба, приклучување на мрежа:

M = 1~

T = 3~

15

Вредност/10 = моќност на мотор P2 во kW

5

Фреквенција (5 = 50 Hz, 6 = 60 Hz)

40

Клуч за димензиониран напон

A

Електрична дополнителна опрема:

Без додаток = со слободен крај на кабелот

P = со штекер

A = со пливачки прекинувач и штекер

VA = вертикален пливачки прекинувач и утикач

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz или 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим непотопено: S2-15 мин; S3 10%
  • Потисен приклучок: G2
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: F
  • Температура на медиум: 3 - 40 °C, макс. 60 °C за 3 мин
  • Слободен премин: 10 mm
  • Должина на кабел: 10 m

Материјали

  • Куќиште на мотор: 1.4301
  • Хидраулично куќиште: PP-GF30 (Copolymer)
  • Работно коло: PP-GF30 (Copolymer)
  • Статички заптивки: NBR
  • Заптивање од страната на пумпата: SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот: C/Cr
  • Крај на вратилото: Нерѓосувачки челик 1.4401

Опис/конструкција

Потопна пумпа за нечиста вода како преплавлив блок-агрегат за преносливо водено поставување.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со вертикални навојни-прирабнички врски. Како работни кола се применуваат отворени повеќеканални работни кола. Вшмукателната корпа е интегрирано на хидрауличното куќиште.

Мотор

Како мотори доаѓаат предвид мотори со ладење на горната површина во монофазна (со вграден работен кондензатор) и трифзна изведба за директен старт. Топлината на моторот се предава од куќиштето rдиректно на медиумот. Моторите можат да се применуваат потопени, при континуирана работа (S1), и извадени, при краткотрајна работа (S2), како и за наизменична работа (S3).

Понатаму, моторте се опремени со термичко надгледување на моторот. Тоа ја штити намотката на моторот од прегревање. Кај агрегати со монофазен мотор тоа е вградено и има независно вклучување. Оттаму, моторот се исклучува кога ќе се прегрее и, откако ќе се излади, автоматски повторно се вклучува. За таа цел стандардно се користат биметални сензори.

Приклучниот кабел има стандардна должина од 10 m и достапен е во следните изведби:

  • со слободни краеви на кабелот
  • Со утикач
  • Со пливачки прекинувач и утикач

Пумпа со вертикален пливачки прекинувач

Изведбата „VA“ е опремена со вертикален пливачки прекинувач. Нивото на прекинување овде е претходно нагодено преку две пловки на навојна прачка. Оваа варијанта бара помал простор од вообичаениот пливачки прекинувач и одговара за примена во тесни шахти.

Заптивање

Помеѓу моторот и хидрауликата се наоѓа заптивна комора. Таа е наполнета со медицинско бело масло. Изолацијата од страната на медиумот и од страната на моторот се изведува со лизгачка механичка заптивка.

Вкупен дијаграм

Wilo-Padus UNI

Преземања

Wilo-Padus UNI - Installation and operating instructions - 50 Hz

Број на производ 6084248
Издание 2018-05
Број на верзијата 01
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 704

PDF (11 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Padus UNI

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај