Wilo-Rexa FIT

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Веднаш подготвена за приклучување и примена
  • Едноставна работа преку дограден пливачки прекинувач (изведба А)
  • Безбедна хидраулика со слободно струење, слободен куглест премин за работа без затнување
  • Заптивна комора со изборно екстерно надгледување
  • Мала тежина

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода за наизменична работа за стационарно и преносливо водено поставување како и за стационарно суво поставување.

Примена

Транспорт на

  • Отпадна вода со фекалии според EN 12050-1
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Надгледување на температурата на намотката со биметален сензор
  • Изборна надворешна стапчеста електрода за надгледување на заптивната комора

Опсег на испорака

  • Потопна пумпа за отпадна вода со 10 m кабел
  • Изведба на кабел зависно од варијанта:
    • Со слободни краеви на кабелот (О)
    • Со утикач (Р)
    • Со пливачки прекинувач и утикач (А)
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

Пример:

Wilo-Rexa FIT V06DA-110/EAD1-2-T0015-540-A

Rexa

Потопна пумпа за отпадна вода

FIT

Серија

V

Работно коло со слободно струење

06

Номинален дијаметар на притисочна врска на пр. DN 65

D

Хидраулика продупчена од вшмукателна страна во согласност со DIN

A

Стандарден материјал на изведба на хидрауликата

110

Утврдување на хидрауликата

E

Мотор со пасивно ладење

A

Стандарден материјал на изведба на мотор

D

Заптивање со две независни лизгачки механички заптивки

1

IE-класа на енергетска ефикасност, на пр. 1 = IE1 (со поддршка на IEC 60034-30)

-

без дозвола за експлозивно подрачје

2

Бр. на полови

T

Изведба, приклучување на мрежа:

M = 1~

T = 3~

0015

Вредност/10 = моќност на мотор P2 во kW

5

Фреквенција (5 = 50 Hz, 6 = 60 Hz)

40

Клуч за димензиониран напон

A

Електрична дополнителна опрема:

O = со слободен крај на кабелот

P = со штекер

A = со пливачки прекинувач и штекер

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz или 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим непотопено: S2-15 мин; S3 10%
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: F
  • Температура на медиум: 3 - 40 °C, макс. 60 °C за 3 мин
  • Слободен премин: 50 / 65 / 80 mm
  • Должина на кабел: 10 m

Материјали

  • Куќиште на мотор: 1.4301
  • Хидраулично куќиште: EN-GJL 250
  • Работно коло: EN-GJL 250
  • Статички заптивки: NBR
  • Заптивање од страната на пумпата: SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот: C/MgSiO4
  • Крај на вратилото: Нерѓосувачки челик 1.4021

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено поставување како и за стационарно суво поставување при наизменична работа.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтални прирабнички врски. Можната сува материја изнесува максимално 8 % (зависно од хидрауликата). Како оработни кола се применуваат работни кола со слободно струење.

Мотор

Како мотори доаѓаат предвид мотори со ладење на горната површина во монофазна (со вграден работен кондензатор) и трифзна изведба за директен старт. Топлината на моторот се предава од куќиштето rдиректно на медиумот. Моторите можат да се применуваат потопени, при континуирана работа (S1), и извадени, при краткотрајна работа (S2), како и за наизменична работа (S3).

Понатаму, моторте се опремени со термичко надгледување на моторот. Тоа ја штити намотката на моторот од прегревање. Кај агрегати со монофазен мотор тоа е вградено и има независно вклучување. Оттаму, моторот се исклучува кога ќе се прегрее и, откако ќе се излади, автоматски повторно се вклучува. За таа цел стандардно се користат биметални сензори.

Покрај тоа, моторот може да се опреми со екстерна електрода за заптивен простор за надгледување на маслената затворачка комора. Таа пријавува навлегување на вода во маслената затворачка комора преку лизгачката механичка заптивка од страна на медиумот.

Приклучниот кабел има стандардна должина од 10 m и достапен е во следните изведби:

  • со слободни краеви на кабелот
  • Со утикач
  • Со пливачки прекинувач и утикач

Заптивање

Помеѓу моторот и хидрауликата се наоѓа заптивна комора. Таа е наполнета со медицинско бело масло. Заптивањето од страната на медиумот и од страната на моторот се изведува со две лизгачки механички заптивки коишто се вртат независно една од друга.

Вкупен дијаграм

Wilo-Rexa FIT

Преземања

Wilo-Rexa FIT

Број на производ 6063547
Издание 2017-12
Број на верзијата 06
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 732

PDF (9 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Rexa FIT

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај