Wilo-Rexa SOLID

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Најголема безбедност при работа и намалени трошоци за сервисирање, особено при транспорт на сирова отпадна вода благодарение на својствата на самостојно чистење
  • Намалување на енергетските трошоци благодарение на високата хидраулична ефикасност и до технологијата на мотори IE5 во водено и суво поставување (во согласност со IEC TS 60034-30-2)
  • Заштита од корозија од изборно Ceram-внесување слоеви за долг работен век во агресивни медиуми
  • Изборен Digital Data Interface (DDI) со интегрирано надгледување на вибрациите, записник на податоци, мрежен сервер и дигитална натписна плочка за лесно надгледување и поврзување на систем
  • Интегрирачка Nexos интелигенција за оптимизирање на пумпи и постројки

Опис

Транспортот на непрочистена отпадна вода станува сè потежок поради зголемените појави на цврсти и влакнести материјали и според тоа води кон зголемени работни трошоци. Новата Wilo-Rexa SOLID-Q со Nexos интелигенција се истакнува со безбедноста при работа, енергетската ефикасност и највисокото ниво на дигитално вмрежување. Паметна комбинација за висока економичност со поголем комфор низ секојдневието.

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода без и со активен систем за разладување за транспорт на сирова отпадна вода за континуирана работа во стационарно и преносливо водено поставување, како и за стационарно суво поставување.

Примена

Транспорт на

  • отпадна вода со фекалии и долговлакнести состојки
  • Отпадна вода со фекалии
  • Процесна вода

Опрема/функција

  • Саморазладувачки мотор или мотор со пасивно ладење со активен систем за ладење
  • Асинхрони мотори до класа на ефикасност IE3
  • Мотор со траен магнет до класа на ефикасност IE5
  • Воведување на кабел со должинска непропустливост на вода

Опсег на испорака

  • Потопна пумпа за отпадна вода
  • приклучен кабел со слободен крај
  • Вградена опрема
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

Пример:

Wilo-Rexa SOLID-Q15-98A + FKT 20.2M-4/32GX-P4

Хидраулика:

SOLID-Q15-98A

SOLID

Потопна пумпа за отпадна вода со SOLID хидраулика

15

x10 = номинален дијаметар на притисочна наставка, на пр. DN 150

98

Коефициент на моќноста

A

Изведба на материјали

  • A = стандардно
  • B = заштита од корозија 1
  • D = заштита од абење 1

T

SOLID работно коло

  • T = затворено двоканално коло
  • G = полуотворено едноканално работно коло
  • Q = полуотворено двоканално коло

Мотор:

FKT 20.2M-4/32GX-P4

FKT

Тип на мотор:

T = мотор со пасивно ладење без систем за ладење

FK, FKT, HC = саморазладувачки мотор со активен систем за ладење

20

Монтажна големина

2

Број за диференцијација

M

Изведба на вратило

M = стандардна изведба

L = зајакната изведба

4

Бр. на полови

32

x10 = должина на пакет во mm

G

Изведба на заптивањето:

G = две одделни лизгачки механички заптивки

K = касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки

X

Дозволено за експлозивни подрачја

P4

Вид мотор

  • E = асинхрон мотор
  • P = мотор со траен магнет
  • 4 = IE-класа (со поддршка на ISO 60034-30)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим непотопено: S1 (FK-, FKT-, HC-мотор) и/или S2 (T-мотор, зависно од перформансот)
  • Вид на заштита: IP68
  • Температура на медиум: 3…40 °C, повисоки температури на барање
  • Слободен куглест премин:
    • Т-работно коло: 78x105…150x150 mm
    • G-работно коло: 80 односно 90 mm
    • Q-работно коло: 78 mm
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Материјали

  • Делови на куќиштето: EN-GJL-250 односно EN-GJS-500-7
  • Работно коло: EN-GJL-250 односно EN-GJS-500-7
  • Статички заптивки: FPM
  • Заптивање од страната на пумпата: SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот: FPM, јаглен/керамика или SiC/SiC
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4021

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено и суво поставување. Транспортабилното поставување е можно зависно од типот.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтални прирабнички врски. Можната сува материја изнесува максимално 8 %. Се употребуваат следните формни на работни кола:

  • T = затворено двоканално коло
  • G = полуотворено едноканално работно коло
  • Q = полуотворено двоканално коло

Кај SOLID-G и SOLID-Q работно коло, процепот меѓу вшмукателната наставка и работното коло може подоцна да се нагодат. Ова гарантира конзистентна ефикасност на хидрауликата.

Мотор

За погонот се применуваат потопени мотори со пасивно и активно ладење:

  • Т-мотори (мотори со ладење на горната површина) имаат пасивно ладење. Го предаваат вишокот топлина преку деловите од куќиштето директно во околниот медиум. Оттаму, овие мотори можат да се применуваат потопени при трајна работа (Ѕ1), како и непотопени при краткотрајна работа (Ѕ2).
  • FK-, FKT- и HC моторите се саморазладувачки и имаат активен систем на разладување. Вишокот топлина се спроведува преку разладно средство (бело масло или мешавина од вода и гликол) до интегриран топлински изменувач и така вишокот топлина се носи до медиум. Оттаму овие мотори се погодни за континуирана работа (S1) и во потопена и непотопена состојба.

За заштита на моторот од продирање на медиумот кај сите мотори е безбедена е заптивна комора. На неа може да и’ се пристапи и од надвор, а по избор може да се надгледува и со електрода за заптивна комора. Сите употребени медиуми за полнење се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина.

Дополнително на тоа достапни се и високо ефикасните мотори:

    • Асинхрони мотори со класа на ефикасност IE3*
    • Мотори со траен магнет со класа на ефикасност IE4/5*

* (IE3/4 = во согласност со IEC 60034-30, IE5 = во согласност со IEC TS 60034-30-2)

Воведувањето на кабелот кај моторите е должински отпорно на вода, а должините на кабелот се конфигурираат индивидуално.

Заптивање

Во зависност од типот на моторот, заптивањето од страната на медиумот и на моторот е достапно во следните варијанти:

  • Варијанта G: две лизгачки механички заптивки со независно дејство
  • варијанта K: касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки со независно дејство

Преземања

Wilo-EMU FA

Број на производ 6074704
Издание 2019-01
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 1364

PDF (13 MB)

Преземи

Wilo-EMU FA

Број на производ 6073324
Издание 2019-01
Број на верзијата 02
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 1360

PDF (15 MB)

Преземи

Wilo-Wilo-EMU FA

Број на производ 6067561
Издание 2019-01
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 1692

PDF (28 MB)

Преземи

PDF: Wilo-Rexa SOLID

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај