Wilo-Rexa SUPRA-V

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Зголемена безбедност при работа и намалени трошоци за сервисирање благодарение на хидраулика со слободно струење што не подлежи на таложење со голем слободен топчест премин
  • Ниски трошоци на работење благодарение на најдобрата хидраулична ефикасност (до 60,7%) и опционална IE3-технологија на мотор (со поддршка на IEC 60034-30-1)
  • Изведби по мерка на корисникот за решенија специфични за постројката
  • Долг работен век во абразивни и корозивни медиуми благодарение на Ceram-внесување слоеви

Со Wilo-Digital Data Interface:

  • Едноставно вмрежување преку Ethernet-интерфејс
  • Едноставна интеграција во постоечна контролна технологија преку употреба на стандардизирани протоколи
  • Заштеда на време и олеснување на работното секојдневие преку удобно надгледување од далечина на работната состојба и дигитални алатки, како натписна плочка, дневник за одржување и прирачник за корисници

Wilo-Rexa SUPRA-V со Digital Data Interface: Голема заштеда на енергетските трошоци и удобноста на дигитално ракување за економично управување со отпадните води.

Wilo-Rexa SUPRA-V со Wilo-Digital Data Interface ја комбинира најдобрата хидраулична ефикасност во својата класа со високо ефикасните IE3-мотори (со поддршка за IEC 60034-30-1) и целосно интегрираните дигитални можности за вмрежување. Не само што гарантира минимални работни трошоци и повисока безбедност при работа, туку ги нуди и сите можности за модерно поврзување за комуникација – вистинско олеснување на секојдневната работа, што на крајот се одразува со намалено сервисирање и трошоци.

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода без и со активен систем за разладување за континуирана работа во стационарно и преносливо водено поставување, како и за стационарно суво поставување.

Примена

Транспорт на

  • отпадна вода со фекалии и долговлакнести состојки
  • Отпадна вода со фекалии
  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Процесна вода
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Тешка робустна изведба од сиво леано железо
  • Мотор со пасивно ладење или самоладечки мотори со системи со 1 или 2 комори
  • Опционално со заштита од експлозија според ATEX или FM
  • Уреди за надгледување зависни од моторот:
    • Температура на намотки
    • Надгледување на влага во заптивна комора и просторија на моторот/комора на приклучоци
    • Макс. температура на лежиште на мотор
  • Вградена опрема

Опсег на испорака

  • Потопна пумпа за отпадна вода подготвена за приклучување
  • приклучен кабел со слободен крај
  • Вградена опрема
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

Пример:

Wilo-Rexa SUPRA-V10-738A + FK 17.1-6/16KEx

Хидраулика:

SUPRA-V10-738A

SUPRA

Потопна пумпа за отпадна вода

V

Работно коло со слободно струење

10

x10 = номинален дијаметар на притисочна врска, на пр. DN 100

73

Коефициент на моќноста

8

Број на карактеристика

A

Изведба на материјали (A = стандард)

  

Мотор:

FK 17.1-6/16KEx

FK

Тип на мотор:

T = мотор со пасивно ладење без систем за ладење

FK, FKT, HC = саморазладувачки мотор со активен систем за ладење

17.1

Монтажна големина

6

Бр. на полови

16

x10 = должина на пакет во mm

K

Изведба на заптивањето:

H = заптивен прстен на вратило/лизгачка механичка заптивка

G = две одделни лизгачки механички заптивки

K = касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки

Ex

Дозволено за експлозивни подрачја

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим непотопено: S1 или S2
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: H
  • Температура на медиум: 3…40 °C, повисоки температури на барање
  • Слободен топчест премин од 45...130 mm
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Материјали

  • Делови на куќиштето: EN-GJL и/или EN-GJS
  • Работно коло: EN-GJL и/или EN-GJS
  • Статички заптивки: NBR или FPM
  • Заптивање на страна на медиумот: Механичка заптивка од SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот:
    • Заптивен прстен на вратило од NBR
    • Механичка заптивка од SiC/SiC или јаглен/керамика
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4021

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено и суво поставување.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтална прирабничка врска. Можната сува материја изнесува максимално 8%. Дополнително има и работно коло со слободно струење.

Мотор

Моторите со ладење на горната површина (Т-мотор) нмеаат сопствен систем на разладување и го предаваат вишокот топлина преку деловите од куќиштето директно во околниот медиум. Поради тоа овие мотори можат да се применуваат потопено при континуирана работа. Зависно од монтажната големина, тие можат да се активираат и непотопени при краткотрајна работа.

Моторите со самостојно ладење (FK-, FKT-, HC-мотор) имаат активен систем на разладување и ја предаваат вишокот топлина преку вграден топлински изменувач на транспортираниот медиум. Затоа овие мотори се погодни за континуирана работа во потопена состојба, а со тоа и како и кога се поставени на суво.

За заштита на моторот од продирање на медиумот кај сите мотори е безбедена е заптивна комора. На неа може да и’ се пристапи и од надвор, а по избор може да се надгледува и со стапчеста електрода за заптивна комора. Сите употребени медиуми за полнење се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина.

Кабелот за поврзување има слободни краеви и должина според потребите на корисникот. Воведувањето на кабелот на T-, HC- и FKT-моторите е должински водоотпорно и залиено.

Заптивање

Во зависност од типот на моторот, заптивањето од страната на медиумите и на моторот е достапно во следните варијанти:

  • Варијанта H: од страна на медиумот со лизгачка механичка заптивка, а од страната на моторот со една радијална прстенеста заптивка
  • Варијанта G: две лизгачки механички заптивки со независно дејство
  • варијанта K: касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки со независно дејство

Високоефикасен мотори

Покрај стандардните мотори достапни се и високо ефикасни мотори од класа IE3 (со подршка на IEC 60034-30). Со оглед дека се базираат на истата основа како стандардните мотори, тие се исти во поглед на опрема и функција. Достапна е и истата хидраулика.

Дозволено за експлозивни подрачја

Моторите се дозволени за експлозивни подрачја според ATEX и FM.

Вкупен дијаграм

Wilo-Rexa SUPRA-V

Преземања

Wilo-EMU FA

Број на производ 6074691
Издание 1606
Број на верзијата 03
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 76

PDF (7 MB)

Преземи

Wilo-EMU FA

Број на производ 6074692
Издание 1606
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 56

PDF (5 MB)

Преземи

Wilo-EMU FA

Број на производ 6072704
Издание 1606
Број на верзијата 05
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 96

PDF (8 MB)

Преземи

Wilo DDI-I

Број на производ 6086017
Издание 2019-10
Број на верзијата 01
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 64

PDF (4 MB)

Преземи

Wilo Motor FKT 20.2, 27.1, 27.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086014
Издание 2019-10
Број на верзијата 01
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 64

PDF (4 MB)

Преземи

Wilo Motor T 17.3, 20.2:#EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6086012
Издание 2019-10
Број на верзијата 01
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 60

PDF (3 MB)

Преземи

Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6067561
Издание 2019-01
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 68

PDF (5 MB)

Преземи

Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6073324
Издание 2019-01
Број на верзијата 02
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 56

PDF (3 MB)

Преземи

Wilo Motor FK 17.1, FK 202, FK 34, FK 42 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6074704
Издание 2019-01
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 56

PDF (3 MB)

Преземи

PDF: Wilo-Rexa SUPRA-V

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај