Wilo-Rexa SUPRA

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Може да се конфигурира според потребите на корисникот за сигурен и ефикасен транспорт на сирова отпадна вода и претходно прочистена отпадна вода
  • Зголемена безбедност при работа благодарение на хидраулика со слободно струење што не подлежи на таложење со голем слободен топчест премин
  • Изборно со енергетски ефикасна IE3 технологија на мотор
  • Ceram внесување слоеви против абење и корозија
  • Наменето за потопна и непотопна примена, како и за континуирана работа
  • Wilo-Control приклучни табли зависно од потребата за управување со потопна пумпа за отпадна вода

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода без и со активен систем за разладување за континуирана работа во стационарно и преносливо водено поставување, како и за стационарно суво поставување.

Примена

Транспорт на

  • отпадна вода со фекалии и долговлакнести состојки
  • Отпадна вода со фекалии
  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Процесна вода
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Тешка робустна изведба од сиво леано железо
  • Мотор со пасивно ладење или самоладечки мотори со системи со 1 или 2 комори
  • Опционално со заштита од експлозија според ATEX или FM
  • Уреди за надгледување зависни од моторот:
    • Температура на намотки
    • Надгледување на влага во заптивна комора и просторија на моторот/комора на приклучоци
    • Макс. температура на лежиште на мотор
  • Вградена опрема

Опсег на испорака

  • Потопна пумпа за отпадна вода подготвена за приклучување
  • приклучен кабел со слободен крај
  • Вградена опрема
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

Пример:

Wilo-Rexa SUPRA-V10-738A + FK 17.1-6/16KEx

Хидраулика:

SUPRA-V10-738A

SUPRA

Потопна пумпа за отпадна вода

V

Работно коло со слободно струење

10

x10 = номинален дијаметар на притисочна врска, на пр. DN 100

73

Коефициент на моќноста

8

Број на карактеристика

A

Изведба на материјали (A = стандард)

  

Мотор:

FK 17.1-6/16KEx

FK

Тип на мотор:

T = мотор со пасивно ладење без систем за ладење

FK, FKT, HC = саморазладувачки мотор со активен систем за ладење

17.1

Монтажна големина

6

Бр. на полови

16

x10 = должина на пакет во mm

K

Изведба на заптивањето:

H = заптивен прстен на вратило/лизгачка механичка заптивка

G = две одделни лизгачки механички заптивки

K = касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки

Ex

Дозволено за експлозивни подрачја

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим непотопено: S1 или S2
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: H
  • Температура на медиум: 3…40 °C, повисоки температури на барање
  • Слободен топчест премин од 45...130 mm
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Материјали

  • Делови на куќиштето: EN-GJL и/или EN-GJS
  • Работно коло: EN-GJL и/или EN-GJS
  • Статички заптивки: NBR или FPM
  • Заптивање на страна на медиумот: Механичка заптивка од SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот:
    • Заптивен прстен на вратило од NBR
    • Механичка заптивка од SiC/SiC или јаглен/керамика
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4021

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено и суво поставување.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтална прирабничка врска. Можната сува материја изнесува максимално 8%. Дополнително има и работно коло со слободно струење.

Мотор

Моторите со ладење на горната површина (Т-мотор) нмеаат сопствен систем на разладување и го предаваат вишокот топлина преку деловите од куќиштето директно во околниот медиум. Поради тоа овие мотори можат да се применуваат потопено при континуирана работа. Зависно од монтажната големина, тие можат да се активираат и непотопени при краткотрајна работа.

Моторите со самостојно ладење (FK-, FKT-, HC-мотор) имаат активен систем на разладување и ја предаваат вишокот топлина преку вграден топлински изменувач на транспортираниот медиум. Затоа овие мотори се погодни за континуирана работа во потопена состојба, а со тоа и како и кога се поставени на суво.

За заштита на моторот од продирање на медиумот кај сите мотори е безбедена е заптивна комора. На неа може да и’ се пристапи и од надвор, а по избор може да се надгледува и со стапчеста електрода за заптивна комора. Сите употребени медиуми за полнење се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина.

Кабелот за поврзување има слободни краеви и должина според потребите на корисникот. Воведувањето на кабелот на T-, HC- и FKT-моторите е должински водоотпорно и залиено.

Заптивање

Во зависност од типот на моторот, заптивањето од страната на медиумите и на моторот е достапно во следните варијанти:

  • Варијанта H: од страна на медиумот со лизгачка механичка заптивка, а од страната на моторот со една радијална прстенеста заптивка
  • Варијанта G: две лизгачки механички заптивки со независно дејство
  • варијанта K: касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки со независно дејство

Високоефикасен мотори

Покрај стандардните мотори достапни се и високо ефикасни мотори од класа IE3 (со подршка на IEC 60034-30). Со оглед дека се базираат на истата основа како стандардните мотори, тие се исти во поглед на опрема и функција. Достапна е и истата хидраулика.

Дозволено за експлозивни подрачја

Моторите се дозволени за експлозивни подрачја според ATEX и FM.

Вкупен дијаграм

Wilo-Rexa SUPRA

Преземања

Wilo-EMU FA

Број на производ 6074704
Издание 2019-01
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 1364

PDF (13 MB)

Преземи

Wilo-EMU FA

Број на производ 6073324
Издание 2019-01
Број на верзијата 02
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 1360

PDF (15 MB)

Преземи

Wilo-Wilo-EMU FA

Број на производ 6067561
Издание 2019-01
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 1692

PDF (28 MB)

Преземи

PDF: Wilo-Rexa SUPRA

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај