Wilo-Sevio ACT

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Нежни воведување во медиумот на деловите коишто се носители на биомасата
  • Ефикасност преку зголемување на волуменското пробивање заради оптимизација на процесот на чистење
  • Ги намалува енергетските трошоци благодарение на подобрувањето на моќноста на чистење
  • Исто така, со енергетски ефикасна IE3 технологија на мотор
  • Може да се догради во постојни постројки

Конструкција

Површински смукач

Примена

Нежен процес на мешање на деловите коишто се носители на биомасата од сите видови во медиумот

Опрема/функција

Површинскиот смукач постојано ги смука честичките на биомасата од површината на коритото и ги враќа преку цевката во долните слоеви на медиумот. Преку коленестиот испуст не се врши недефиниран одлив или прилив на честичките на биомасата, туку тие остануваат подолго во медиумот и со тоа го поддржуваат биолошкиот процес. Преку овој кружен тек, честичките на биомасата се само времено ограничени на површината на медиумот и на тој начин значително подолго остануваат активно расположливи на процесот на пречистување.

Опсег на испорака

  • Површински смукач
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

на пр.:

Wilo-Sevio ACT SD 101VT435A

ACT

Серија за нежно додавање додатоци во медиумот.

SD

Solids diffuser (површински смукач)

101

Пречник на цевка во cm

V

Изведба:

  • V = вертикално
  • D = дијагонално

T

Должина на цевка:

  • T = телескопска
  • F = фиксна

435

макс. должина на цевка, заедно со коленест испуст во cm

A

Материјалот на иведба (A = стандардно во GFK)

Технички податоци

  • Проточно количество: 3300…4000 m³/h
  • Макс. длабочина на корито: 3…8 m
  • Дебелина на слој на тело за растење: 1,6…5,5 m
  • Волуменски дел на тело за растење: 40…70 %
  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Вид на заштита: IP68
  • Макс. темепратура на медиум: 40 °C

Материјали

  • Цевка: GFK
  • Пропелер: PUR/PUR-HV
  • Мотор: EN-GJL-250
  • Навојни врски: нерѓосувачки челик 1.4301 или 1.4571

Опис/конструкција

Површинскиот смукач се состои од цевка со коленест испуст, потопен мотор и пропелер.

Притоа, цевката служи за водење и за насочено воведување на честичите во медиумот. Коленото за испуштање може, зависно од условите да се прилагодува вертикални и хоризонтално.

Моторот се прицврстува центрирано во цевката. Се применува со мотор со ладење на горната површина, со класификација IE0- или IE3 (заедно со IEC 60034-30). Топлината на моторот се предава преку куќиштето директно на околниот медиум. Намотката е опремена со надгледување на температурата. Кај доводниот вод за струја се работи за типот NSSHÖU за тешки механички барања. Доводниот вод за струја е воведен во куќиштето на моторот преку канал за кабел кој е отпорен на вода под притисок, со ослободување со повлекување и со заштита од превиткување. Одделните жили, како и обвивката на кабелот се дополнително залиени за заштита од течности.

Пропелерот се придвижува преку мотор и има специјално оптимизирана геометрија за нежен транспорт на честичките.

PDF: Wilo-Sevio ACT

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај