Wilo-SiBoost Smart 1 Helix VE

Особености/предности на производот

  • Робусен систем со високопритисочни центрифугални пумпи од не‘рѓосувачки челик, од серијата Helix VE, како и со вграден фреквентен изменувач со воздушно ладење
  • Високо ефикасна хидраулика на пумпа
  • Натпропорционално голема широчина на регулирано подрачје на фреквентниот конвертор од 25 Hz до 60 Hz максимум (зависно од верзијата)
  • Вградена целосна заштита на моторот преку PTC

Опис на серијата

Изведба

Високоефикасна постројка за водоснабдување (нормално вшмукувачка), подготвена за приклучување, со една вертикално подредена високопритисочна центрифугална пумпа од не’рѓосувачки челик во изведба со сув ротор, од серијата Helix VE.

Употреба

  • Автоматско водоснабдување во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од акумулационен резервоар
  • Транспорт на вода за пиење, потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Означување на типот

Пр.: Wilo-SiBoost-Smart 1Helix VE 1004
SiBoost SmartКомпактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи
1Број на пумпи
Helix VEСерија на пумпа
10Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа
04Број на степени на единечна пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10%, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz
  • Температура на медиум макс. +50 °C (+70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1¼" - R 1½"
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна Rp 1¼" - Rp 2"
  • Опсег на бројот на вртежи 1500-3770 1/мин
  • Степен на заштита: IP 54
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):
    • вода за пиење и загреана вода за пиење
    • вода за ладење
    • вода за гасење
    Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки.

Опрема/функција

  • 1 пумпа од серите Helix VE 2 до Helix VE 52, со норм-мотори еквивалентни на IE4 и со континуирано регулирана работа со вграден фреквентен конвертор
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Затворачки вентил, притисочна страна
  • Неповратен вентил, притисочна страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
  • Манометар, притисочна страна
  • Изборно, уред за осигурување од недостаток на вода и манометар, од вшмукателната страна

Опис/конструкција

  • Основна рамка: Поцинкуван челик, опремена со придушувачи на вибрациите со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: Се користи 1 пумпа од сериите Helix VE 2 до Helix VE 52. Фреквентниот изменувач, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со повратна врска помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии. Сите делови во допир со медиумот, за серијата Helix VE 2 до VE 16 се од не‘рѓосувачки челик, односно, за сериите Helix VE 22 до Helix VE 52 се од не‘рѓосувачки челик/сиво леано железо со KTL-облога; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за сите делови коишто се во допир со медиумот
  • Арматури: Пумпата е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со затворачка арматура со контролна ознака DVGW, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната потисна страна со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка топчеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на крајната притисочна страна, за активирање на фреквентниот конвертор

Материјали

Helix VE 2 до Helix VE 16

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Helix VE 22 до Helix VE 52

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпата од сиво леано железо EN‐GJL 250 со KTL-облога
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Опции

Други приклучоци на мрежа на барање

Водич за проектирање

Приливен притисок

При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок (в. Технички податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0

При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806).

Редуктор на притисокот

Променливиот приливен притисок се компримира преку уредот за регулирање на бројот на вртежи, вграден во пумпата, доколку променливоста на притисокот не е поголема од разликата помеѓу зададената вредност на притисокт и на напорот H (Q=0) на единечната пумпа при мин. број на вртежи (работа со 20 Hz или 25 Hz). Доколку променливоста на притисокот е поголема, пред постројката треба да се монтира вентил за намалување на притисокот.

Заштитен прекинувач за резидуална струја

При инсталација на заштитен прекинувач за резидуална струја поврзан со фреквентни конвертори, треба да се земат предвид само заштитни прекинувачи за резидуална струја за сите струи, според DIN/VDE 0664.

Уред за осигурување од недостаток на вода Wilo-WMS

Употребената пумпа од серијата Helix VE веќе располага со вграден уред за препознавање на сув од, како сигурносен уред за пумпата.

Податоци за електрониката/електромагнетната подносливост

Единечни пумпни постројки до заклучно 7,5 kW моќност на мотор:

  • Емитирана интерференца во согласност EN 61000-6-3
  • Отпорност на интерференца во согласност EN 6100-6-1

Напомена: При примена во стамбени објекти, инсталацијата мора да сеизведе од страна на персонал кој е обучен за електромагнетна подносливост.

Вкупен дијаграм

Вкупен дијаграм

Преземања

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Wilo-Helix VE 22-36-52

Број на производ 4151995
Издание 1601
Број на верзијата 05
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (191 MB)

Преземи

Wilo-Helix VE 2-4-6-10-6

Број на производ 4151993
Издание 1601
Број на верзијата 04
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (168 MB)

Преземи

Wilo-SiBoost Smart 1
Wilo-Comfort-Vario COR-1 ...-GE, .../VR

Број на производ 2535459
Издание 2013-07
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (56 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-SiBoost Smart 1 Helix VE

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај