Wilo-SiBoost Smart 1 MVISE

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Систем што работи речиси бесшумно благодарение на високопритисочни центрифугални пумпи со воден ротор, од не‘рѓосувачки челик, со вграден фреквентен конвертор
  • До 20 dB [А] потивок од конвенционалните постројки со споредлива хидраулична моќност
  • Лесно нагодување и сигурна работа преку применетата серија на пумпи MVISE со вградено препознавање на сув од и автоматско исклучување при недостиг на вода

Конструкција

Постројка за водоснабдување со ниска бучава и подготвена за приклучување со вертикално наредена, нормално вшмукувачка високопритисна центрифугална пумпа од нерѓосувачки челик од серијата MVISE во изведба со пумпа со воден ротор со интегриран фреквентен конвертор со ладење со вода.

Примена

Целосно автоматска постројка за водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од отворена мрежа за вода или резервоар на височина од најмалку 0,5 m преку пумпа за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (резервната пумпа е предвидена согласно барањата од DIN 1988 и DIN EN 806).

Дозволените транспортирани медиуми во принцип се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки, како:

  • Вода за пиење
  • Вода за ладење
  • Процесна вода
  • Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби)

Опрема/функција

1 пумпа од серијата MVISE со мотор со воден ротор и регулација на бројот на вртежи преку интегриран фреквентен конвертор монтирана на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.

Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.

од притисочната страна:

  • Затворачки вентил
  • Неповратен вентил
  • Неповратен вентил
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

од вшмукателната страна:

  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-SiBoost Smart 1 MVISE 206

SiBoost Smart

Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи

1

Број на пумпи

MVISE

Серија на пумпи

2

Номинален проток/[m³/h] на единечна пумпа

06

Број на нивоа на единечна пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
  • Макс. температура на медиум +50 °C
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Приклучни номинални дијаметри Rp 1¼ - Rp 1½
  • Опсег на бројот на вртежи 1100 - 2750 1/мин
  • Вид на заштита IP44

Материјали

MVISE 2-8 m³/h

  • Куќиште на пумпа од 1.4301 [AISI 304]
  • Хидраулика од 1.4301 [AISI 304]
  • EPDM заптивка

Опис/конструкција

Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање

Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, од притисочната страна, погоден за приклучување на сите материјали што се користат во цевководите во зградната техника. Цевководот е направен според вкупната хидраулична моќност на постројката за зголемување на притисокот.

Пумпи: Се користи 1 пумпа од серијата MVISE 2, 4, 8. Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со ладење со вода, овозможува континуирана регулација помеѓу 20 Hz и макс. 50 Hz на сите пумпи од оваа серија. Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик.

Арматури: пумпата е опремена од притисочната страна со затворачка арматура, со DVGW-контролна ознака и со неповратен вентил со DVGW-одобрение

Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.

Надгледување притисок: 2 сензори за притисок: 4..20 mA, од притисочната и од вшмукателната страна.

Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна

Други изведби на барање

Вкупен дијаграм

Wilo-SiBooost Smart 1 MVISE

Производ

PDF: Wilo-SiBoost Smart 1 MVISE

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај