Wilo-SiBoost Smart Helix VE

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робусен систем со високопритисочни центрифугални пумпи од нер‘ѓосувачки челик, од серијата Helix VE со вграден фреквентен изменувач
  • Натпропорционално голема широчина на регулирано подрачје од 25 Hz до 60 Hz максимум
  • Севкупна постројка со оптимизирано опаѓање на притисокот
  • Вграден уред за препознавање работа на суво, со автоматско исклучување преку електронска регулација на мотор
  • Максимален квалитет на регулација благодарение на применетиот контролен уред SСе, со ЛЦ-екран, лесна навигација дефинирање на параметрите со помош на вртливо копче

Конструкција

Високопродуктивна , подготвена за приклучување постројка за водоснабдување (нормално вшмукувачка) со 2 до 4 паралелно поврзани, вертикално подредени високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик во изведба со сув ротор, од серијата Helix VE, при што секоја пумпа располага со вграден фреквентен конвертор со воздушно ладење, заедно со контролор Smart Controller SCе

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-4 пумпи по постројка, од сериите Helix VE 2 до Helix VE 52, со IE4-еквивалентни норм-мотори и со континуирано регулирана работа со вграден фреквентен конвертор кај секоја пумпа
  • Автоматско управување со пумпите преку контролен уред Smart Controller SCe
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
  • Давач на притисок, притисочна страна
  • Манометар, притисочна страна
  • Изборно, уред за осигурување од недостаток на вода и манометар, од вшмукателната страна

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-SiBoost Smart 4 (FC) Helix 1004

SiBoost

Постројка за зголемување на притисокот во комерцијалното подрачје

Smart

Контролен уред Smart Controller SCe за пумпи со фреквентен конвертор

4

Број на пумпи

Helix VE

Серија на пумпи

10

Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа

04

Број на степени на единечна пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10%, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz
  • Температура на медиум макс. +50 °C (+70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½" - DN 200
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 1½" - DN 200
  • Опсег на бројот на вртежи 1500-3770 1/мин
  • Вид на заштита: IP 54 (контролен уред ЅСе)
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на DIN 1988 (EN 806)
    • Вода за пиење и загреана вода за пиење
    • Вода за ладење
    • Вода за гаснење

Материјали

Helix VE 2 до Helix VE 16

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Helix VE 22 до Helix VE 52

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпата од сиво леано железо EN-GJL 250 со KTL-облога
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкуван челик, со придушувачи на осцилациите, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава, како и интегрирани уреди за одведување; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: Се користат 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix VE 2 до Helix VE 52. Фреквентниот изменувач, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со повратна врска помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии. Сите делови во допир со медиумот, за серијата Helix VE 2 до VE 16 се од не‘рѓосувачки челик, односно, за сериите Helix VE 22 до Helix VE 52 се од не‘рѓосувачки челик/сиво леано железо со KTL-облога; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за сите делови коишто се во допир со медиумот
  • Арматури: секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со затворачка арматура со контролна ознака DVGW, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната потисна страна со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка топчеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort Controller SC
  • Приказ на притисокот: манометар ( ø 63 mm ) од крајната притисочна страна; дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок во алфанумеричкиот ЛЦД екран на регулаторот Smart Controller SC
  • Контролен уред/регулатор: Постројката е опремена со Smart Controller ЅС во стандардна изведба

Вкупен дијаграм

SiBoost Smart

SiBoost Smart

Преземања

Wilo-Control SC-Booster (SC, SC-FC, SCe)

Број на производ 2535460
Издание 2013-03
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 156

PDF (5 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-SiBoost Smart Helix VE

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај