Wilo-SiBoost Smart MVISE

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Оптимално нагодување на моќноста на пумпата поради контролен режим со варијабилен притисок (pv) и паралелна регулација на синхронизиран број на вртежи за поголема заштеда на струја
  • До 20 dB[A] потивка работа од конвенционалните постројки со споредлива хидраулична моќност
  • Натпропорционално голема широчина на регулирано подрачје на фреквентниот конвертор од 20 Hz до максимум 50 Hz
  • Изведби на пумпи без одржување и без лизгачка механичка заптивка
  • Голема сигурност благодарение на различните заштитни функции, вклучитечно заштита од оптоварување, заштита од сув од и автоматско исклучување
  • Нагодувањето и работата со SCe-приклучната табла се екстремно едноставни благодарение на LC-дисплеј и зеленото копче за нагодување
  • Одобрение за вода за пиење за сите составни елементи што се во допир со медиумот
  • Подготвено за приклучување во зградна автоматика со SCe-приклучна табла преку Modbus RTU во стандардна изведба

Конструкција

Тивка постројка за водоснабдување подготвена за приклучување со 2 до 4 паралелно поврзани, вертикално наредени, нормалновшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик од сериите MVISE во изведба со воден ротор. Секоја пумпа е опремена со интегриран фреквентен конвертор со ладење со вода. Постројка опремена со Smart Controller SCe.

Примена

Целосно автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од резервоар на височина од најмалку 0,5 m над пумпата, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување). Содржи резервна пумпа според DIN 1988 и DIN EN 806.

Дозволените транспортирани медиуми во принцип се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки, како:

  • Вода за пиење
  • Вода за ладење
  • Процесна вода
  • Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби).

Опрема/функција

2-4 пумпи од постројка од серијата MVISE со мотор со воден ротор и регулација на бројот на вртежи преку вграден фреквентен конвертор на секоја пумпа.

SCe-приклучната табла ги прави автоматската регулацијата и управувањето на постројката за зголемување на притисокот посигурни.

Целосно се монтира на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.

Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.

од притисочната страна:

  • Затворачки вентил
  • Неповратен вентил
  • Неповратен вентил на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

од вшмукателната страна:

  • Затворачки вентил
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-SiBoost Smart 3 MVISE 406

SiBoost Smart

Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи

3

Број на пумпи

MVISE

Серија на пумпи

4

Стапка на номинален проток [m3/h] на единечна пумпа

06

Број на нивоа на единечна пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 ±10 %, 50 Hz
  • Макс. температура на медиум +50 °C
  • Температура на околината макс. +40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Приклучни номинални дијаметри:
    • Крајна притисочна страна R 2" - R 3"
    • приливна страна R 2" - R 3"
  • Опсег на бројот на вртежи 1100 - 2750 1/мин
  • Вид на заштита IP44
  • Осигурување од страната на мрежата [AC 3] соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите

Материјали

MVISE 2-8 m3/h

  • Куќиште на пумпа во 1.4301 [AISI 304]
  • Хидраулика во 1.4301 [AISI 304]
  • EPDM заптивка

Опис/конструкција

Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање и водење на кабелот.

Цевковод: комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот мора да е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот

Пумпи: Се користат 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од серијата MVISE 2, 4, 8.

Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со ладење со вода, овозможува континуирана регулација помеѓу 20 Hz и макс. 50 Hz на сите пумпи од овие серии. Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик.

Арматури: секоја пумпа е опремена со затворачки вентил од вшмукателната и од притисочната страна, со ознака за DVGW одобрение и неповратен вентил со DVGW одобрение од притисочната страна.

Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.

Надгледување притисок: 2 сензори за притисок: 4..20 mA, од притисочната и од вшмукателната страна.

Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна.

Контролен панел: Smart Controller SCe во стандардна изведба со LC-дисплеј.

Други изведби на барање

Вкупен дијаграм

Wilo-SiBooost Smart 2-4 MVISE

Производ

PDF: Wilo-SiBoost Smart MVISE

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај