Wilo-SiClean

Особености/предности на производот

  • Отстранување на магнетните и немагнетните честички од медиумот и обезвоздушување на микро-меурчињата
  • Голема ефикасност при чистењето со физички ефекти (гравитација, филтрирање, магнетни ефекти, ефект на намалување на притисокот)
  • Едноставно ракување со едноставна инсталација, одржување и поедноставени нагодувања
  • Отпорно на корозија благодарение на сепараторот на честички од не`рѓосувачки челик

Опис на серијата

Изведба

Компактен сепаратор на честички испорачан како монтажен комплет и лесен за монтирање. Монтажен комплет што се состои од механички и хидраулични составни елементи: циркулациона пумпа, сепаратор на честички, вентил за празнење, автоматски ограничувач на брзина на проток, единица за вентилација, разводна кутија за надгледување на циркулационата пумпа. За монтажа на ѕид или поставување на земја (зависно од типот). Вшмукувачки и потисен приклучок како и мрежен приклучок кои ги обезбедува корисникот. Рачно празнење на постројката.

Употреба

Wilo-SiClean ги отстранува магнетните и немагнетните честички од грејните системи со природни, физички феномени. Понатаму, микро-меурчињата може да се депонираат преку единицата за вентилација. За инсталација во комерцијални објекти (административни згради, хотели, болници, трговски центри, училишта, …) и постројки за греење и климатизација за далечинско греење.

Означување на типот

Пример:Wilo-SiClean 2
SiCleanСтандардна изведба, рачно управувано, со една циркулациона пумпа со технологија на пумпа со воден ротор
2Големина на комплетот

Опрема/функција

  • Тип на циркулациона пумпа: Wilo-Yonos PICO (SiClean 0,5/1/2/3/4), Wilo-Yonos MAXO (SiClean 5)
  • антикорозивни, хидраулични составни елементи од не`рѓосувачки челик
  • Црева засилени со влакна приклучени на приливот и испустот на сепараторот на честички. Црева приклучени на повратната линија на цевката во бајпас за помали, поволни приклучоци и мали загуби на притисок
  • Претходно монтирана единица за вентилација за прифаќање на микро-меурчињата
  • Подвижни магнетни шипки за ефикасно разделување на честиците од железен оксид
  • Ограничувач на брзина на проток за автоматско прилагодување на протокот
  • Рачен вентил за миење за едноставно и брзо празнење на сите честички
  • Разводна кутија за надгледување на циркулационата пумпа

Опсег на испорака

  • Сепаратор на партикули Wilo-SiClean (комплетот е претходно монтиран)
  • Приклучна табла
  • Упатство за вградување и работа Wilo-SiClean
  • Упатство за вградување и работа со циркулациона пумпа

Инсталациски цртежи

Цртеж за инсталација

Приклучувањето на Wilo-SiClean во грејната постројка се изведува секогаш како бајпас-инсталација во повратниот вод на грејниот круг.

1 Wilo-SiClean

2 Генератор на топлина

3 Приливен вод на грејниот круг

4 Повратен вод на грејниот круг

Преземања

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Wilo-SiClean

Број на производ 4192809
Издание 1504
Број на верзијата 01
Формат на страница A4
Број на страници 1

PDF (6 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-SiClean

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај