Wilo-SiFire EN

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Постројка со оптимизирана загуба на притисок, дизајнирана според норма EN 12845, со електричен или дизел погон, џокеј пумпа за одржување на притисокот во системот
  • Флексибилни, модуларни и солидни конструкции за сигурен транспорт и едноставна инсталација
  • Бајпас проток за заштита на пумпата со спојка за проширување за едноставно одржување
  • Квалитетно SC-Fire управување подготвено за интегрирање во BACnet и Modbus зградни контролни системи
  • Специјални основни рамки за минимални вибрации, додаден е кабел во конструкцијата за максимална сигурност и животен век

Конструкција

Уреди за зголемување на притисокот за снабдување со вода за гасење пожари според EN 12845.

Во зависност од моделот се состои од 1 или 2 пумпи со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување, електро или дизел мотор и повеќестепена, екектрична, вертикална џокеј пумпа.

Примена

Автоматско водоснабдување од уреди за гасење пожар со систем за распрскување во станбени, канцелариски, деловни и индустриски објекти како и во хотели, болници и трговски центри.

Опрема/функција

  • 1 или 2 пумпи со хоризонтална основна рамка од сериите 32-200 до 150-315, со IE2 еквивалентен стандарден мотор или дизел мотор
  • Со мембрана инсталирана директно на главната пумпа, за да се спречи прекумерно вжештување при нула-прилив
  • Џокеј пумпа од серијата MVIL-1 или MVI-1 со притисочен прекинувач и вертикален притисочен сад 20 l, PN16
  • Една разводна кутија на секој пумпа, фиксирана на робусна држечка конструкција. Модел SC Fire E за електромотор и D за дизел мотор, и двата опремени со смарт контролер, плус J за џокеј пумпа
  • Основна рамка од галванизиран челик со рачка за висинско поддесување за преодниот разделник
  • Цевковод од челик; лакиран со епоксидна смола. Разделник со прирабница
  • Вентил со сигурносно резе на крајната притисочна страна на секоја пумпа
  • Неповратна клапна на крајната потисочна страна на секоја пумпа
  • Циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, неповратна клапна, вентил за главната и резервната пумпа за автоматско стартување
  • Концентричен конус на крајната притисочна страна на главната и резервната пумпа, за ограничување на бројот на вртежи во согласност со параметрите во EN 12845
  • Приклучок DN2" за приливниот резервоар на пумпите
  • Мерач на притисок на крајната притисочна страна
  • Само за модел со дизел мотор:
    • Вибрациски навлажнувачки муф на крајната притисочна страна
    • Вибрациски навлажнувач под основната рамка на пумпата
    • Резервар за гориво со сензор за состојбата (количеството на гориво) и волумен кој е доволен за шестчасовна самостојна работа
    • 2 или 4 батерии на основната рамка и полнач за батерии на SC Fire разводната кутија
  • Опрема на барање:Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на EN 12845
    • Хоризонтален приливен сад 500 l, со пливачки вентил и притисочен прекинувач за LL аларм (недостаток на вода)
    • Мерач на проток: Монтажен комплет со вшмукателен ексцентричен конус, заедно со пеперугаст вентил со рачна дршка или рачно тркало
    • Вакум-мерач со вентил
    • Вентили со електричен контакт
    • Вибрациски навлажнувачки муф за разделникот
    • Оддалечен контролен панел за пренесување на аларми на ниво А и Б
    • Мерач на густина за батеријата
    • Монтажен комплет на резервни делови за дизел-моторот
    • Придушувач (30 dBA) за дизел-моторот
    • Хидрауличен топлински изменувач за дизел-моторот

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа
  • Потребна опрема на барање

Означување на типот

Пример:

Wilo-SiFire EN 40/200-180-7.5/10.5/0.55 EDJ

SiFire

Компактна постројка за зголемување на притисокот за уреди за гасење пожар

EN

според EN 12845

40/200

Тип на главна пумпа

180

Реален пречник на работно коло на главна пумпа

7.5

Моќност на електромотор [kW]

10.5

Моќност на дизел-мотор [kW]

0.55

Моќност на моторот на џокеј пумпата [kW]

EDJ

Димензионирање

К

Електрична пумпа

d

Дизел пумпа

J

Џокеј пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz (1~230 V, 50 Hz за контролниот панел на дизел пумпата)
  • IE2 еквивалентни стандардни мотори, дизел мотори со директно прскање или турбодизел мотор со воздушно или водено ладење
  • Температура на околината макс. +4°C до +40°C (+10°C до +40°C, кога е инсталирана дизел пумпа)
  • Температура на медиум макс. +40°C
  • Макс. работен притисок 10 бари или 16 бари
  • Макс. приливен притисок 6 бари
  • Проток 10 m³/h до 750 m³/h
  • Макс. напор 128 m
  • Номинален дијаметар на приклучокот од притисочната страна DN 65 до DN 250
  • Номинален дијаметар на приклучокот од притисочната страна DN 50 до DN 200
  • Вид на заштита на разводна кутија IP54
  • Главна/резервна пумпа со хоризонтална основна рамка според EN 733
  • Цевка и хидраулични приклучоци лакирани со епоксидна смола
  • Дозволени медиуми:Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на EN 12845
    • Не агресивна, чиста вода
    • Вода за гаснење

Материјали

За пумпата со хоризонтална фундаментална рамка

  • Ротори од нерѓосувачки челик AISI 316/ 1.4401
  • Куќиште на пумпата од сиво леано железо EN-GJL-250
  • Вратило од нерѓосувачки челик AISI 431/ 1.4057
  • Навојни прстени од бронза

За џокеј пумпата

  • Ротори од нерѓосувачки челик AISI 304/ 1.4301
  • Куќиште на пумпата од сиво леано железо EN-GJL-250 (нерѓосувачки челик AISI304/1.4301 за MVI)
  • Вратило од нерѓосувачки челик AISI 304/ 1.4301
  • Заптивки на O-прстен од EPDM

Опис/конструкција

  • Основна рамка: Произведена од профили од поцинкован челик со држачи за разводните кутии и за разделникот. На долниот дел специјален правоаголен отвор за виљушкар како и вградена кука за појаси за подигнување. На горниот дел странични профили од сите страни, за да се зголеми стабилноста на системот при движење и кревање.
  • Пластична покривка на задната страна, за вентилот и манометарот да бидат видливи.
  • Цевковод: Комплетен цевковод со прирабница од челик лакиран со епоксидна смола, наменет за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; димензионирањето на цевководот мора да одговара на хидрауличната моќност на системот за зголемување на притисок
  • Пумпи: 1 или 2 пумпи со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување, електро или дизел мотор.
  • Back-Pull-Out-Modell, за внатрешните делови на пумпата да бидат лесно достапни без поместување на моторот или цевките.
  • Арматури: Главните пумпи се на крајната притисочна страна обезбедени со еден зсун и една неповратна клапна, лакирани со епоксидна смола и вклопени со прирабничко поврзување.
  • Мембрански притисочен сад: Мембрански притисочен сад 20 l/PN16, на крајната притисочна страна на џокеј пумпата, со испусен чеп.
  • Резервоар: Резервоарот за гориво се состои од метал лакиран со епоксидна смола и се наоѓа зад разводната кутија
  • Сензори и екран: 2 притисочни прекинувачи, 2/16 бари секоја пумпа, од крајната притисочна страна, за активирање на пумпите преку SCFire контролен и управувачки механизам. Манометарот на крајната притисочна страна (∅ 63 mm) се наоѓа на средината на задниот ѕид.
  • Функција за управување и контролирање: Системот е стандардно опремен со по една сепарирана контролна табла/контролен уред (SC Fire) за електро или дизел моторот и за џокеј пумпата.

Вкупен дијаграм

SiFire EN

Преземања

Wilo-MVIL

Број на страници 148

PDF (6 MB)

Преземи

Wilo-SiFire EN

Број на производ 4086201
Издание 1502
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 40

PDF (7 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-SiFire EN

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај