Wilo-SiFlux

Особености/предности на производот

  • Брза и едноставна монтажа со помош на однапред инсталиран систем. Со тоа, минимизирање на барањето на грешки.
  • Енергетски штедлив: Работа во област со парцијално оптоварување соодветно на тековните потреби.
  • Сигурен систем, благодарение на меѓусебно координирани компоненти.
  • Компактен дизајн, добра пристапност на сите компоненти.
  • Сè од едно место. Помала потреба за појаснување при купување.

Опис на серијата

Конструкција

Високо ефикасна, целосно автоматизирана постројка со повеќе пумпи за реализирање на поголем проток кај постројки за греење, ладење и постројки ладна вода. 3 до 4 паралелно поврзани, електронски регулирани Inline-пумпи во изведба на пумпа со сув ротор од сериите на VeroLine–IP-E или CronoLine-IL-E. Од тоа една пумпа се користи како резервна пумпа. Со вклучен Smart-Controller SCe.

Примена

За транспортирање на вода за греење, (според VDI 2035), мешавини на вода-гликол и вода за ладење и ладна вода без абразивни материи, во постројки за греење, за ладна вода и за вода за ладење.

Опрема/функција

  • 3-4 пумпи за секоја постројка од сериите VeroLine-IP-E или CronoLine-IL-E, од кои 2 односно 3 пумпи во погон, 1 резервна пумпа
  • IE2-стандарден мотор
  • Автоматско управување со пумпите преку контролен уред Smart Controller SCe
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувачи на вибрациите за изолација од вибрациона бучава
  • Челик на разделникот, обложен и отпорен на корозија
  • Прирабница PN 16 според EN 1092-2 на потисната и вшмукателната страна за приклучок на цевоводот
  • Монтирани заптивки на потисната и вшмукателната страна
  • Затворачки вентили на вшмукателната и на од потисната страна
  • Неповратен вентил од притисочната страна
  • Сензор за диференцијалниот притисок
  • Манометар на потисната и вшмукателната страна

Опсег на испорака

  • Постројка со повеќе постројка со повеќе пумпи Wilo-SiFlux
  • Упатство за вградување и работа Wilo-Siflux
  • Упатство за вградување и работа пумпа
  • Упатство за вградување и работа на расклопен уред

Означување на типот

Пример:

Wilo-SiFlux-21-IP-E 40/120- 1,5/2-SC-16-T4

SiFlux

Фамилија на продукти

21

Изведба (21= 2+1 пумпи: 2 работни пумпи, 1 резервна пумпа)

IP-E 40/120-1,5/2

Електронски регулирани, 2-полна Inline-пумпа од тип IP-E, номинален дијаметар на конекција на цевка DN 40, номинален дијаметар на работно коло 120 mm, 1,5 kW номинална моќност на мотор Р2

SC

Тип на разводен уред ЅС...

16

Максимален работен притисок во бари

T4

Напонски извор 3~400 V, 50 Hz

Технички податоци

  • Тип на пумпа: VeroLine-IP-E или CronoLine IL-E
  • Број на пумпи: 2+1 или 3+1 (2 или 3 пумпи во работа, 1 резервна пумпа)
  • Приклучување на мрежа: 3~230/400 V, 50 Hz ±10%
  • Мотор со класа на енергетска ефикасност: IE2
  • Транспортирани медиуми: Вода за греење (според VDI 2035), мешавини на вода-гликол, вода за ладење и греење (и други медиуми на барање)
  • Проток: 50 до 360 m3/h
  • Напор: 45 m
  • Температура на чување: -10° C до +50° C
  • Дозв. температура на околината: 0° C до +40° C
  • Температура на медиум: 0°C до +100°C
  • Разделник кај конекција на цевка: DN 125 до DN 300
  • Прирабница: PN 16, издупчена според EN 1092-2
  • Макс. прил. работен притисок: 10 бари кај пумпи VeroLine-IP-E, 16 бари кај пумпи CronoLine IL-E

Вкупен дијаграм

SiFlux

Производ

PDF: Wilo-SiFlux

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај