Wilo-Stratos MAXO-D

Особености/предности на производот

  • Интуитивно користење со помош на нагодување ориентирано за примена со Setup Guide и комбинирано со нов дисплеј и контролно копче со технологија на зелено копче.
  • Максимална енергетска ефикасност преку заедничка работа на оптимизирани и иновативни функции што штедат струја (пр. No-Flow Stop).
  • Оптимална ефикасност на системот преку нови, иновативни и интелигентни функции за регулација како Dynamic Adapt plus, Multi-Flow Adaptation, T-const. и ΔT-const.
  • Најнови комуникациски интерфејси (пр. Bluetooth) за поврзување на мобилни уреди и директно вмрежување на пумпите со помош на Wilo Net за контрола на повеќе пумпи.
  • Максимално комфорна електрична инсталација со помош на голема комора на приклучоци, како и оптимален Wilo-Connector.

Опис на серијата

Изведба

Smart циркулациона двојна пумпа со воден ротор и навојна или прирабничко поврзување, EC-мотор со електронско прилагодување на моќноста.

Употреба

Топловодно греење на сите системи, клима уреди и затворени кружни системи за ладење, индустриски циркулациони системи.

Означување на типот

Пример:Stratos MAXO-D 40/0,5-8
Stratos MAXOВисокопродуктивна пумпа (прирабничка пумпа), електронски регулирана
dДвојна пумпа
40/Приклучна номинална ширина
0,5-8Номинално подрачје на напор [m]

Опрема/функција

Подрачје на примена

Пумпата овозможува работа со голема ефикасност на постројката преку прецизно нагодување на контролниот режим за примената специфична за постројката (пр. грејно тело, подно греење, ладење на кров).

Греење

  • Грејно тело
  • подно греење
  • Греење на кров
  • Грејачи на воздух
  • Хидраулична скретница
  • Топлински изменувач

Ладење

  • Ладење на кров
  • Подно ладење
  • Клима уред
  • Хидраулична скретница
  • Топлински изменувач

Греење и ладење комбинирано

  • Автоматско вклучување

Следните контролни режими се достапни во зависност од избраната примена:

Контролни режими

  • Константен број на вртежи (регулациски режим)
  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
  • Dynamic Adapt plus за континуирано (динамичко) приспособување на проточната стапка според моменталната потреба
  • T-const. за регулирање на константна температура
  • ΔT за регулација на диференцијална температура
  • Константа Q за константна регулација на проток
  • Multi-Flow Adaptation: Одредување на кумулативен проток преку напојната пумпа за соодветно снабдување на секундарни пумпи кај грејно коло на разделници
  • PID-контролор дефинирано од корисникот

Опционални функции

  • Q-Limitмакс. за ограничување на максималниот проток
  • Q-Limitмин. за ограничување на минималниот проток
  • No-Flow Stop (исклучување при нула проток)
  • Автоматска работа со намалување на интензитетот
  • Контрола на лоша точка (Δp-c регулација со надворешен сензор за актуелна вредност)
  • Термичко препознавање дезинфекција (Stratos MAXO-Z)
  • Варијабилен наклон на Δp-v карактеристика

Рачно нагодување

  • Избор на подрачје на примена преку Setup Guide
  • Нагодување на кореспондирачките оперативни параметри
  • Номинална работна точка: директно внесување на постигнатата работна точка при Δp-v
  • Приказ на статус и историја (проток, температура, електр. потрошувачка, напор, прикази на грешка, прикази на дијагноза)
  • Нагодување и повторно поставување на броилото за квантитет на енергија (топла и ладна)
  • Функција на обезвоздушување на пумпата
  • Блокада на тастерите за заклучување на поставките
  • Функција за повторно поставување на фабричко нагодување или на зачуваните параметри
  • Конфигурирање/параметрирање на аналогни влезови
  • Конфигурирање/параметрирање на бинарни влезови
  • Конфигурирање/параметрирање на релејни излези
  • Функција на двојна пумпа (при 2 единечни пумпи, коишто треба да работат како двојна пумпа)

Автоматски функции

  • Прилагодување на моќноста оптимизирано според потребата за енергетски ефикасна работа во зависност од начинот на работа
  • Автоматско намалување на интензитетот
  • Автоматско исклучување при препознавање на нула проток (No-Flow Stop)
  • Автоматска функција на деблокирање
  • Меко стартување
  • Автоматски рутини на отстранување грешка (автоматско рестартирање)
  • Автоматско исклучување на работата за загревање/ладење
  • Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување

Надворешни контролни влезови и нивните функции

2х аналоген влез:

  • Типови сигнал: 0 - 10 V, 2 - 10 V, 0 - 20 mA, 4 - 20 mA, PT1000
  • Примени: Здадена вредност за далечинско нагодување за секој работен режим, влзови на сензор за температура, диференцијален притисок или слободен сензор кај PID-работа дефинирана од корисникот

2х дигитален влез:

  • За безнапонски контролни влезови или прекинувач
  • Функции за кои може да се одредуваат параметри:
    • екст. ИСКЛ
    • екст. МИН
    • екст. МАКС
    • РАЧНО (BMS ИСКЛУЧЕНО)
    • Блокада на тастери
    • Исклучување на работата за загревање/ладење

Wilo Net за управување на двојна пумпа со 2 единечни пумпи, комуникација на повеќе пумпи една со друга и пумпи за далечинско нагодување

Функции на сигнализација и прикажување

  • Приказ на статус како индикатор за работа:
    • Зададена вредност
    • актуелен напор
    • Актуелен проток
    • Броило за топол и ладен квантитет
    • Електрична потрошувачка
    • Температури
  • ЛЕД приказ на статус: Работа без грешки (зелена ЛЕД сијаличка), комуникација на пумпи (сина ЛЕД сијаличка)
  • Приказ на статус на дијагноза (црвена боја на приказ):
    • Кодови за грешка и опис на грешката со текст
    • Поправни мерки
  • Сигнализација на збирна грешка SSM (безнапонски менувач)
  • Сигнализација за збирна работа SBM (безнапонски затворачки контакт)

Размена на податоци

  • Интерфејст за Bluetooth за безжична размена на податоци како и контрола од далечина на пумпата со помош на паметен телефон или таблет.
  • Сериски дигитален интерфејс Modbus RTU за поврзување на зградна автоматика преку BUS-постројка RS485 (можно е со Wilo-CIF модул Modbus RTU).
  • Сериски дигитален интерфејс BACnet MS/TP главен, за поврзување на зградна автоматика преку RS485 (можно е со Wilo-CIF модул BACnet MS/TP).
  • Сериски дигитален интерфејс CANopen за поврзување на зградна автоматика преку BUS-постројка CANopen (можно е со Wilo-CIF модул CANopen).
  • Сериски дигитален LON TP/FT-10 интерфејс за поврзување на зградна aвтоматика преку BUS систем LONWorks (можно е со Wilo-CIF модул LON TP/FT-10).
  • Сериски дигитален интерфејс PLR за поврзување на зградна автоматика преку модул за поврзување специфичен за фирмата (можно е со Wilo-CIF модул PLR).

Управување со двојна пумпа (двојна пумпа или 2 единечни пумпи)

  • Работа како главна/резервна (автоматска замена на работната пумпа при грешка или временски зависно)
  • Паралелна работа (оптимизирано вклучување и исклучување на пумпата за врвно оптоварување)

Опрема

  • Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
    • Стандардна изведба за пумпите DN 32 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 (прирабница PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабници PN 6 и PN 16
    • Стандардна изведба за пумпите DN 80 / DN 100: Прирабница PN 6 (дизајнирана за PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабница PN 6
    • Специјална изведба за пумпите DN 32 до DN 100: Прирабница PN 16 (во согласност со EN 1092-2) за контраприрабница PN 16
  • Бројни интегрирани комуникациски интерфејси и опционално изборен CIF модул слот
  • 5 воведувања на кабел за приклучување на комуникациски интерфејси
  • Интерфејс за Bluetooth
  • Графички дисплеј со висока резолуција и зелено копче и 2 тастера
  • Комора на приклучоци што е лесна за користење
  • Интегриран сензор за проток и температура
  • Топлинска изолација во примена за греење, како стандардна опрема
  • Брзо приклучување на струја со помош на оптимизиран Wilo-Connector за напонски извор

Материјали

  • Куќиште на пумпа: сиво леано железо со KTL облога
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен
  • Работно коло: пластика

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • 2х оптимизирани Wilo-Connector
  • 4x навртување на каблите M16 x 1,5
  • Подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални ширини DN 32 - DN 65)
  • Со навојна врска се вклучени заптивки
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Специјални изведби за работен притисок PN 16

Опрема

  • Навртување кај навојно приклучување
  • Контраприрабница (DN 32 до DN 100)
  • Елементи за израмнување
  • Изолација кај примени на ладно
  • Слепа прирабница
  • Сензори PT1000
  • Сензор за диференцијалниот притисок
  • Wilo CIF модули: Modbus RTU, BACnet MS/TP, CANopen, LON TP/FT-10, PLR

Вкупен дијаграм

Работни криви на пумпа

Преземања

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

PDF: Wilo-Stratos MAXO-D

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај