Wilo-Stratos MAXO-Z

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Интуитивна работа со нагодување според примената преку Setup Guide во комбинација со новиот приказ и контролното копче со технологија на зелено копче.
  • Најголема хигиена и енергетска ефикасност во примена на вода за пиење преку новата и интелигентна функција за регулација T-const.
  • Оптимална хигиена преку препознавање термичка дезинфекција.
  • Најнови комуникациски интерфејси (пр. Bluetooth) за поврзување крајни мобилни уреди и директно вмрежување пумпи со помош на Wilo Net за управување повеќе пумпи.
  • Најпригодна електрична инсталација благодарение на јасната и богата комора на приклучоци, како и оптимизираниот Wilo-Connector.

Супериорна интелигенција, уникатен квалитет.

Wilo-Stratos MAXO-Z, којашто е специјално развиена за примена на вода за пиење, ги комбинира иновативните својства на Wilo-Stratos MAXO со куќиште од нерѓосувачки челик. Долговечниот и хигиенски материјал се разликува од тој на другите циркулациони пумпи за санитарна топла вода на пазарот.

Конструкција

Smart циркулациона пумпа со воден ротор и навртување или прирабничко поврзување, EC-мотор со интегрирано електронско прилагодување на моќноста

Примена

Циркулациони системи за вода за пиење во сите изведби, топловодно греење на сите системи, постројки за климатизација, затворени кружни системи за ладење, индустриски циркулациони постројки

Опрема/функција

Подрачје на примена

Преку прецизно нагодување на контролниот режим за соодветната примена на пумпата (пр. грејно тело, подно греење, ладење на кров), овозможена ви е работа со најголема ефикасност на постројката.

Греење

  • Грејно тело
  • Подно греење
  • Греење на кров
  • Загревање на воздух
  • Хидраулична скретница
  • Топлински изменувач

Ладење

  • Ладење на кров
  • Подно ладење
  • Воздух-климатизација-уреди
  • Хидраулична скретница
  • Топлински изменувач

Комбинација од греење и ладење

  • Автоматско менување

Следните контролни режими се на располагање на основа на избраната примена:

Контролни режими

  • Константен број на вртежи (регулациски режим)
  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
  • Dynamic Adapt plus за континуирано (динамичко) прилагодување на проточната стапка според актуелните потреби
  • T-const. за константно регулирање на температура
  • ΔT за регулација на диференцијална температура
  • Константа Q за константна регулација на проток
  • Multi-Flow Adaptation: Одредување собирен проток преку напојна пумпа за соодветното снабдување секундарни пумпи во разделници на грејниот круг
  • Кориснички дефинирана PID регулација

Изборни функции

  • Q-Limitmax. за ограничување максимален проток
  • Q-Limitmin. за ограничување минимален проток
  • No-Flow Stop (исклучување при нула проток)
  • Автоматска ноќна работа со намалување на интензитетот
  • Контрола на лоша точка (Δp-c регулација со надворешен сензор на актуелна вредност)
  • Термичка дезинфекција
  • Варијабилен градиент на Δp-v карактеристика

Рачно нагодување

  • Избор на подрачје на примена од Setup Guide
  • Нагодување соодветни работни параметри
  • Номинална работна точка: директно внесување на постигната работна точка при Δp-v
  • Приказ на статус
  • Нагодување и ресетирање на бројачот на количина енергија (топлење и ладење)
  • Функција на обезвоздушување на пумпа
  • Блокада на тастерите за заклучување на поставките за нагодување
  • Функција за ресетирање на фабричкото нагодување или на зачуваните вредности при прекин (збир на параметри)
  • Параметрирање аналогни влезови
  • Параметрирање бинарни влезови
  • Параметрирање излези на реле

Автоматски функции

  • Прилагодување на моќноста според потребата за енергетски ефикасна работа во зависност од начинот на работа
  • Препознавање работа со намалување на интензитетот
  • Исклучување при препознавање нула проток (No-Flow Stop)
  • Меко стартување
  • Автоматски рутини на отстранување грешки (пр. функција на деблокирање)
  • Активирање/деактивирање на греење/ладење
  • Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување

Надворешни контролни влезови и нивните функции

2x аналогни влеза:

  • Типови сигнали: 0-10V, 2-10V, 0-20mA, 4-20mA, PT1000
  • Примени: Далечинско нагодување зададена вредност за секој контролен режим (со исклучок на Multi-Flow Adaptation), сензорски влезови за температура, диференцијален притисок или слободен сензор со кориснички дефинирана PID-работа

2х дигитални влеза:

  • За безнапонски контролни влезови или прекинувач
  • Функции што може да се параметрираат:
    • Ext. Off
    • ext. MIN
    • ext. MAX
    • РАЧНО (ИСКЛ. ЗГРАДНИТЕ КОНТРОЛНИ СИСТЕМИ)
    • Блокада на тастери
    • Активирање/деактивирање на греење/ладење

Wilo Net за управување на двојна пумпа составена од 2 единечни пумпи, комуникација од повеќе пумпи една со друга и пумпи со далечинско нагодување преку капија

Функции на сигнализација и прикажување

  • Приказ на статус како индикатор за работа:
    • Зададена вредност
    • актуелен напор
    • Актуелна вредност на проток
    • Влезна моќност
    • Електрична потрошувачка
    • Температури
  • Приказ на статус со LED: Работа без грешки (зелена LED), комуникација на пумпи (сина LED)
  • Приказ на статус за грешки (бојата на приказ е црвена):
    • Кодови за грешки и опис на грешките со целосен текст
    • Мерки за поставување
  • Приказ на статус за предупредување (бојата на приказ е жолта):
    • Кодови за предупредување и опис на предупредувањето со целосен текст
    • Мерки за поставување
  • Приказ на статус за процесот (бојата на приказ е сина):
    • Обезвоздушување пумпа
    • Процес на надградба
  • Приказ на статус за BMS комуникација (бојата на приказ е сина):
    • Сумирање активни BMS параметри (бауд стапка, адреса,...)
  • Сигнализација на збирна грешка SSM (безнапонски менувач)
  • Сигнализација за збирна работа SBM (безнапонски затворачки контакт)

Размена на податоци

  • Bluetooth интерфејс за безжична размена на податоци, како и далечинско ракување со пумпата со помош на паметен телефон или таблет.
  • Сериски дигитален Modbus RTU интерфејс за поврзување зградна автоматика BA преку собирнички систем RS485 (можно е со Wilo-CIF-модул Modbus RTU).
  • Сериски дигитален BACnet MS/TP интерфејс за поврзување зградна автоматика BA преку собирнички систем RS485 (можно е со Wilo-CIF-модул BACnet MS/TP).
  • Сериски дигитален LON интерфејс за поврзување зградна автоматика преку собирнички систем LONWorks (можно е со Wilo-CIF-модул LON).
  • Сериски дигитален интерфејс PLR за поврзување на зградна автоматика преку модул за поврзување (можно е со Wilo-CIF-модул PLR).

Опрема

  • Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
    • Стандардна изведба за пумпите DN 32 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 (прирабница PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабници PN 6 и PN 16
    • Стандардна изведба за пумпите DN 80 / DN 100: Прирабница PN 6 (дизајнирана за PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабница PN 6
    • Специјална изведба за пумпите DN 32 до DN 100: Прирабница PN 16 (во согласност со EN 1092-2) за контраприрабница PN 16
  • Бројни интегрирани комуникациски интерфејси и опционално корисен CIF-модул
  • 5 воведувања на кабел за приклучување на комуникациски интерфејси
  • Bluetooth-интерфејс
  • Графиски приказ со висока резолуција со зелено копче и 2 тастера
  • Комора на приклучоци којашто е лесна за користење
  • Вграден температурен сензор
  • Топлинска изолација во примена за греење, како стандардна опрема
  • Електрично брзо приклучување со оптимизиран Wilo-Connector за напонски извор

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Оптимизиран Wilo-Connector
  • 2х навртување на каблите M16 х 1,5
  • Подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални дијаметри DN 32 - DN 65)
  • Со навојна врска се вклучени заптивки
  • Термоизолација
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-Stratos MAXO-Z 40/0,5-8

Stratos MAXO

Високопродуктивна пумпа (навојна или прирабничка пумпа), електронски регулирана

Z

Единечна пумпа за циркулација на вода за пиење

40/

Приклучна номинална ширина

0,5-8

Номинално подрачје на напор [m]

Технички податоци

  • Дозволено температурно подрачје
    • Вода за пиење до 3,57 mmol/l (20 °dH): 0 °C до +80 °C
    • Вода за греење: -10 °C bis +110 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50/60 Hz
  • Вид на заштита IPX4D
  • Прицврстување со навртување или со прирабница (зависно од типот) Rp 1 до DN 65
  • Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара (специјална изведба: 16 бари)
  • Класа на изолација: F
  • Емитирана интерференца: EN 61800-3:2004+A1:2012 / станбена област (C1)
  • Отпорност на интерференца: EN 61800-3:2004+A1:2012 / индустријална област (C2)

Материјали

  • Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик
  • Термоизолација: Полипропилен
  • Работно коло: пластика
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен

Опис/конструкција

  • Smart циркулациона пумпа со воден ротор со EC-мотор и интегрирано прилагодување на моќноста
  • Технологија на зелено копче и графички дисплеј
  • Заштита на мотор со електроника за исклучување
  • Конектор за функциско проширување со опционален CIF-модул за зградната автоматика
  • Ротор со тридимензионално закривени лопатки и пластична разделна цевка од комбинација на карбонски влакна

Вкупен дијаграм

Wilo-Stratos MAXO-Z

Производ

PDF: Wilo-Stratos MAXO-Z

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај