Wilo-Stratos PICO

Особености/предности на производот

  • Максимална енергетска ефикасност благодарение на комбинацијата на EC-мотор, Dynamic Adapt и прецизни можности за поставување
  • Голема безбедност при работа преку програма за самостојна заштита како автоматската заштита од работа на суво и автоматското повторно вклучување
  • Интуитивно нагодување и одржување, за да може да се активираат функциите и режимите што се појавуваат на LC-дисплејот директно преку технологијата на зелено копче
  • Едноставно надгледување на актуелната потрошувачка на струја и проток на кумулираните kWh
  • Едноставно приклучување на струја без потреба од алат благодарение на Wilo-Connector

Опис на серијата

Description

Комбинацијата на EC-мотор како и можноста за прецизно нагодување до 0,1 m овозможуваат максимална енергетска ефикасност на Wilo-Stratos PICO. Интуитивното ракување и одржување, поддржано со симболите на LC дисплејот, како и автоматските заштитни функции нудат комфор при работа од највисоко ниво.

Конструкција

Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.

Примена

Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.

Опрема/функција

Работни режими

  • Δ p-c за константен диференцијален притисок
  • Δ p-v за варијабилен диференцијален притисок

Рачни функции

  • Поставување на работен режим
  • Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
  • нагодување на автоматски редуцирано работење
  • Функција за ресетирање на струјомерот
  • Функција за ресетирање на фабричките вредности
  • Функција „Hold“ (блокада на тастерите) за заклучување на поставките

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
  • Автоматско намалување на интензитетот
  • Автоматска функција на обезвоздушување
  • Автоматско препознавање сув од
  • Автоматско повторно вклучување

Функции на сигнализација и прикажување

  • Индикатор на моментална влезна моќност во W
  • Индикатор на моменталниот проток во m³/h
  • Индикатор на кумулираните киловатчасови kWh
  • Индикатор на сигнализација за грешка (шифри на грешки)

Опрема

  • Место за клуч на телото на пумпата
  • Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
  • Автоматско обезвоздушување
  • Мотор отпорен на струја на блокирање
  • Филтер за честички
  • Топлинска изолација во примена за греење, како стандардна опрема

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Термоизолација
  • Wilo-Connector
  • Заптивки
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-Stratos PICO 30/1-4

Stratos PICO

Високопродуктивна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана

30/

Номинален дијаметар на приклучок

1-4

Номинално подрачје на напор [m]

130

Монтажна должина

N

Куќиште од нерѓосувачки челик

Технички податоци

  • Температура на транспортиран медиум +2 °C до +110 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
  • Вид на заштита IPX4D
  • Приклучок со навртување Rp ½, Rp 1 и Rp 1¼
  • Макс. работен притисок 10 бара

Материјали

  • Куќиште на пумпа: Сиво леано железо
  • Термоизолација: Полипропилен
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал
  • Работно коло: Пластика

Опис/конструкција

  • Високопродуктивна пумпа погодна за едносемејни и двосемејни куќи, како и за двосемејни до шестсемејни куќи.
  • До 90 % заштеда на струја во споредба со старите нерегулираните грејни пумпи
  • Само 3 вати мин. влезна моќност
  • Избирливи начини на регулација за оптимално прилагодување на оптоварувањето Δp-c (константен диференцијален притисок), Δp-v (варијабилен диференцијален притисок) се комбинира со контролната функција Dynamic Adapt
  • Автоматско намалување на интензитетот
  • Интегрирана заштита на мотор
  • LC-екран со индикатор на тековната потрошувачка во вати и на кумулираните киловатчасови
  • Функција за ресетирање на струјомерот или на поставките на фабричките вредности
  • Функција „Hold“ (блокада на тастерите) за заклучување на поставките
  • Рутина за автоматско обезвоздушување на просторот на роторот
  • Брзо приклучување на струја со помош на Wilo-Connector
  • Флексибилно вградување преку компактна изведба
  • Многу висок стартен вртежен момент на вклучување, за сигурно вклучување

Вкупен дијаграм

Stratos PICO

Производ

PDF: Wilo-Stratos PICO

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај