Wilo-Stratos-Z

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Енергетска штедливост преку повисока системска ефикасност со Q-Limit функција (ограничување на протокот)
  • Оптимизиран екран за подобро отчитување и ракување
  • Инсталација што штеди на простор како резултат на компактна изведба и независен LC екран
  • Модуларен концепт за поврзување на сите вообичаени собирачки системи (на пример, Modbus, BACnet, CAN, LON, PLR)
  • Куќиште на пумпа од црвен лив, отпорно на корозија за системи со можно навлегување на кислород
  • Докажан квалитет и сигурност

Програма за истечување на работата

Високопродуктивната пумпа Wilo-Stratos ќе биде отстранета од програмата кон крајот на март 2020 година, по успешни 19 години и ќе биде целосно заменета со новата Smart пумпа Wilo-Stratos MAXO. Со новата технологија на пумпа на Stratos MAXO, продолжува успешната ера на серијата Stratos.

Конструкција

Циркулациона пумпа со воден ротор со навојна или прирабничка врска, EC-мотор и автоматско прилагодување на моќноста

Примена

Циркулациони системи за вода за пиење во сите изведби, топловодно греење на сите системи, постројки за климатизација, затворени кружни системи за ладење, индустриски циркулациони постројки

Опрема/функција

Начини на работа

  • Регулациски режим (n=constant)
  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
  • Δp-T за диференцијален притисок воден преку температурата (се програмира преку IR-модул, IR-стик, IR-монитор, Modbus, BACnet, LON или CAN)
  • Q-Limit за ограничување на максималниот проток (нагодување само преку IR-стик)

Рачни функции

  • Поставување на работен режим
  • Нагодување на баран диференцијален притисок
  • Нагодување на автоматски редуцирано работење
  • Нагодување на пумпа ON/OFF
  • Нагодување на број на вртежи (рачно управување)

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
  • Автоматско намалување на интензитетот
  • Функција на деблокирање
  • Меко стартување
  • Целосна заштита на моторот со вградена електроника за исклучување

Надворешни управувачки функции

  • Управувачки влез „Приоритетно Искл“ (можно со IF-модули Stratos)
  • Управувачки влез „Приоритетно Мин“ (можно со IF-модули Stratos)
  • Управувачки влез „Analog In 0 - 10 V“ (далечинско поместување на бројот на вртежи) (можно со IF-модули Stratos)
  • Управувачки влез „Analog In 0 - 10 V“ (далечинско поместување на зададената вредност) (можно со IF-модули Stratos)

Функции на сигнализација и прикажување

  • Сигнализација на збирна грешка (безнапонски отворачки контакт)
  • Единечна сигнализација за работа (безнапонски нормално отворен контакт) (можно со IF-модули Stratos)
  • Светлосна сигнализација за грешка
  • LC-дисплеј за прикажување податоци за пумпа и шифри на грешки

Размена на податоци

  • Инфрацрвен интерфејс за безжична размена на податоци со IR-стик/IR-монитор
  • Сериски дигитален интерфејс Modbus RTU за приклучување на зградна автоматика преку собирничкиот систем RS485 (можно со IF-модули Stratos)
  • Сериски дигитален интерфејс BACnet MS/TP Slave за приклучување на зградна автоматика преку собирничкиот систем RS485 (можно со IF-модули Stratos)
  • Сериски дигитален интерфејс CAN за приклучување на зградна автоматика преку собирничкиот систем CAN (можно со IF-модули Stratos)
  • Сериски дигитален интерфејс LON за приклучување на LONWorks- мрежа (можно со IF-модули Stratos)
  • Сериски дигитален интерфејс PLR за приклучок на зградна автоматика преку Wilo-интерфејс-конвертор или модули за поврзување од специфични фирми (можно со IF-модули Stratos)

Управување со двојни пумпи (двојна пумпа или 2 единечни пумпи)

  • Главен/резервен погон (автоматско префрлување при грешка/временски зависна замена на пумпа): можни се различни комбинации со IF-модули Stratos (опрема)
  • Паралелна работа (со оптимизација на ефикасноста и исклучување): можни се различни комбинации со IF-модули Stratos (опрема)

Опрема

  • Место за ствавање клуч на телото на пумпата (кај пумпи со навојни цевки со P2 ≤ 100 W)
  • Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
  • Стандардна изведба за пумпите DN 40 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 (прирабница PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабници PN 6 и PN 16,
  • Специјална изведба за пумпите DN 40 до DN 65: Прирабница PN 16 (според EN 1092-2) за контраприрабница PN 16,
  • Приклучно место за изборно додавање на Wilo-IF-модули
  • Термоизолација во стандардна изведба

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Вклучена топлинска изолација
  • Вклучени заптивки за навојни приклучоци (одвоени)
  • Вкл. подлошки за прирабнички завртки (со приклучен номинален дијаметар DN 40 - DN 65)
  • Вклучено упатство за монтажа и користење

Означување на типот

Пример:

Wilo-Stratos-Z 40/1-8

Stratos

Високопродуктивна пумпа (навојна или прирабничка пумпа), електронски регулирана

Z

Единечна пумпа за циркулација на вода за пиење

40/

Приклучен номинален дијаметар

1-8

Номинално подрачје на напор [m]

Технички податоци

  • Дозволено температурно подрачје
    • Вода за пиење до 3,57 mmol/l (20 °dH): 0 °C до +80 °C
    • Вода за греење: -10 °C bis +110 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50/60 Hz
  • Вид на заштита IPX4D
  • Прицврстување со навртување или со прирабница (зависно од типот) Rp 1 до DN 65
  • Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара (специјална изведба: 16 бари)

Материјали

  • Куќиште на пумпата од црвен лив (кај типовите 30/1--12 и 40/1--8 и од сиво леано железо)
  • Работно коло: пластика
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со синтетичка смола

Опис/конструкција

  • Циркулациона пумпа со воден ротор со EC-мотор и интегрирано автоматско прилагодување на моќноста
  • Технологија на зелено копче и графички дисплеј
  • Заштита на мотор со електроника за исклучување
  • Конектор за функциско проширување со опционален IF-модул за зградната автоматика
  • Ротор со тридимензионално закривени лопатки и пластична разделна цевка од комбинација на карбонски влакна

Вкупен дијаграм

Stratos-Z

Производ

PDF: Wilo-Stratos-Z

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај