Wilo-Sub TWI 8

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Долд животен век, благодарение на не’рѓосувачки челик, изборно во варијанта на квалитет V4A
  • Сертификат ACS за примена кај вода за пиење
  • Висока флексибилност благодарение на верзиите во подрачјето од 4, 6, 8 и 10 цола
  • Голема моќност од 1 до 250 m³/h

Конструкција

Повеќестепена, 8" подводна пумпа во изведба со влечна лента, за вертикална или хоризонтална инсталација

Примена

  • За снабдување со вода и со вода за пиење од бунари и цистерни
  • Снабдување со потрошна вода
  • За комунално водоснабдување, наводнување со вештачки дожд и наводнување
  • Зголемување на притисок
  • Спуштање на нивото на водата
  • За транспорт на вода во индустриската примена
  • За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со полуаксијални работни кола
  • Вграден неповратен вентил
  • NEMA-спојка
  • Трифазен мотор
  • Херметички залиени мотори
  • Мотори со калеми за повторно намотување

Опсег на испорака

  • Хидрауликата и моторот се веќе монтирани
  • Кабел за поврзување од 4/8/10 m со одобрение за вода за пиење (пресек: 4x2,5 mm2 или 4x4 mm2, или единечен спроводник)
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-Sub TWI 8.80-02-C-SD

TWI

Подводна пумпа

8

Пречник на хидрауликата во цоли ["]

80

Номинален проток [m3/h]

02

Број на степени на хидрауликата

C

Генерација на серијата

SD

Вид на активирање: без = директно активирање SD = активирање ѕвезда-триаголник

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Температура на медиум:
    • Херметички залиени мотори: 3-20 °C или 3-30 °C (зависно од типот)
    • Мотори со калеми за повторно намотување: 3--30 °C (зависно од типот)
  • Минимално струење кај моторот: 0,1--0,5 m/s (зависно од типот)
  • Макс. содржина на песок: 50 g/m3
  • Макс. број стартувања: 10 - 20/ч (зависно од типот)
  • Макс. длабочина на потопување: 100 - 350 m (зависно од типот)
  • Вид на заштита: IP 68
  • Потисен приклучок: Rp 5

Материјали

  • Куќиште на хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Работни кола: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4057
  • Куќиште на мотор: EN-GJL или нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило мотор: не’рѓосувачки челик 1.4021, 1.4301 или 1.4305

Опис/конструкција

Подводна пумпа со ACS дозвола за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со 6"- или 8"-NEMA-приклучок и со полуаксијални работни кола во члекновидна изведба. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.

Мотор

Трифазен мотор за директно активирање или за активирање ѕвезда-триаголник. Задихтуван, херметички залиен мотор, потопен во смола, со намотка изолирана со лак или со мотор кој може одново да се намота, со намотка со PVC изолација, самоподмачкувачко лежиште, наполнет со мешавина од вода-гликол. Алтернативно, моторите од серијата NU 611, NU 8... можат да се наполнат со вода за пиење (изведба T).

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.

Притисочна обвивка

Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара.

Вкупен дијаграм

Sub TWI 8

Преземања

Wilo-Sub TWI

Број на производ 6080451
Издание 1612
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 14

PDF (397 kB)

Преземи

Wilo-EMU D/DCH/K/KD/KM/NK/SCH / Wilo-Sub TWI/TWU / Wilo-Zetos K8

Број на производ 6080455
Издание 1702
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 71

PDF (1 MB)

Преземи

Wilo-EMU

Број на производ 6080454
Издание 1702
Број на верзијата 01
Формат на страница A4
Број на страници 8

PDF (427 kB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Sub TWI 8

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај