Wilo-Sub TWU 3 HS

Особености/предности на производот

  • Константен, регулиран притисок, благодарение на екстерен конвертор на фреквенција (TWU 3 HS-ECP)
  • Лесна инсталација, а корисникот не треба обезбедува сензори за регулација на притисокот (TWU 3 HS-ECP)
  • Голема проточна стапка, благодарение на интегриран конвертор на фреквенција со фиксен број вртежи на моторот од 8.400 врт/мин (TWU 3 HS-I)
  • Намалени трошоци за ископ на бунар и инсталација, благодарение на помали пречници и помала градежна зафатнина
  • Голем број функции на надгледување и заштита, за апсолутна работната безбедност

Опис на серијата

Изведба

Повеќестепена, фреквенциски регулирана 3" подводна пумпа со конструкција на обвивка, за вертикална или хоризонтална монтажа

Употреба

  • За приватно водоснабдување од бушотини, бунари и цистерни
  • За приватно водоснабдување, наводнување со вештачки дожд и наводнување
  • За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки

Означување на типот

на пр.Wilo-Sub TWU 3-0305-HS-E-CP
TWUподводна пумпа
3Пречник на хидрауликата во цоли ["]
03Номинална проточна стапка [m3/h]
05Број на степени на хидрауликата
HSИзведба High Speed
EИзведба фреквентен конвертор
E = надворешен фреквентен конвертор
I = внатрешен фреквентен конвертор
CPКонтролна функција
CP = константна регулација на притисокот
без = фиксен број на вртежи со до 8400 1/min

Технички податоци

Подводна пумпа:

  • Напоен напон:
    HS-E…: 1~230 V, 50/60 Hz (приклучок преку фреквентен конвертор на наизменична струја)
    HS-I…: 1~230 V, 50/60 Hz (директен приклучок на наизменична струја)
  • Потопен работен режим: S1
  • Температура на медиум: 3-35 °C
  • Минимално струење кај моторот: 0,08 m/s
  • Макс. содржина на песок: 50 g/m3
  • Макс. број стартувања: 30 /ч
  • Макс. длабочина на потопување: 150 m
  • Вид на заштита: IP 58
  • Потисен приклучок: Rp 1/Rp 1¼

Фреквентен конвертор за изведбата „HS-E…“:

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50/60 Hz
  • Излез: 3~230 V/макс.140 Hz/макс.2,2 kW
  • Температура на медиум: 3-50 °C
  • Макс. притисок: 8 бари
  • Вид на заштита: IP X5
  • Приклучување: G 1¼

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со радијални работни кола
  • Интегрирана блокада на повратен тек
  • Заедно со фреквентен конвертор (HS-E…: надворешно, HS-I…: интегрирано)
  • Термичка заштита на мотор вградена во фреквентниот конвертор

Материјали

  • Куќиште на хидраулика: не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Работни кола: поликарбонат
  • Вратило хидраулика: не’рѓосувачки челик 1.4104
  • Куќиште на мотор: не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило мотор: не’рѓосувачки челик 1.4305

Опис/конструкција

Подводна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со радијални работни кола во членковидна конструкција. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.

Мотор

Асинхрон мотор отпорен на корозија за приклучување на испорачаниот фреквентен конвертор (HS-E…) или за директно приклучување на струја (HS-I…). Мотор наполнет со масло, со можност за повторно намотување, со самоподмачкувачки лежишта, конструирана за голем број на вртежи до 8400 1/мин.

Фреквентен конвертор

Надворешен или вграден фреквентен конвертор во моторот за работа на пумпата со број на вртежи до 8400 1/мин., заедно со следните функции:

  • меко стартување
  • заштита од поднапон-, наднапон и куса врска
  • заштита на моторот и на фреквентниот конвертор од термичко преоптоварување

Изведбата „HS-E…“ со надворешен фреквентен конвертор ги нуди следните дополнителни карактеристики на опремата:

  • Контролна функција „CP“: константен притисок
  • избегнување на високо циклуси на префрлување (тактирање) поради надгледување на заптивањето
  • заштита од сув од со автоматско ресетирање
  • промена на насоката на вртење
  • нагодување за макс. зададени вредности на струја и притисок
  • приказ на притисокот на дисплејот
  • нагодувања, статистички податоци за работата и сигнализација за грешки се прикажуваат со светлечки диоди или на екранот

Фреквентниот конвертор мора секогаш да се постави надвор од медиумот, заштитен од преплавување!

Контролна функција „CP“: константен притисок

Со работата со фреквентен конвертор, бројот на вртежи на агрегатот автоматски се прилагодува на моменталната потреба од вода. На тој начин, подводната пумпа постојано испорачува константен притисок.

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење.

При вертикална инсталација треба, во зависност од пречникот на бунарот, да се предвиди обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора секогаш да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.

Ладењето на надворешниот фреквентниот конвертор исто така се изведува преку транспортираниот медиум. За таа цел, фреквентниот конвертор мора да се вгради директно во цевкаата надвор од медиумот (заштитен од преплавување).

Димензионирање

  • Со овие агрегати не е може погон со вшмукување!
  • Агрегатот мора во текот на работата да биде целосно покриен со вода!
  • За инсталација за сите типови освен TWU 3-05..HS-ECP-B е потребен адаптер од Rp 1 на G 1¼. Него мора да го обезбеди корисникот!

Опсег на испорака

  • Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
  • Фреквентен конвертор
  • приклучен кабел од 1,75 m со одобрение за вода за пиење (пресек: 4x1,5 mm2)
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Специјални должини на кабел на барање

Вкупен дијаграм

Вкупен дијаграм

Производ

Конструкција

NEMA-приклучок

стандардизиран приклучок

-

Интегриран неповратен вентил

без неповратен вентил

-

Монофазен мотор

Трифазен мотор

-

Вклучување директно

Вклучување ѕвезда-триаголник

-

FU-погон

Мотор со залиен статор

-

Моторот може повторно да се намотува

Полнење на мотор - масло

Полнење на мотор вода-гликол

-

Полнење на мотор - вода за пиење

-

Хидраулика/монтиран мотор

Примена

Поставување хоризонтално

Поставување вертикално

Опрема/функција

Надгледување температура на мотор PT100

-

Надгледување температура на мотор PTC

-

Кондензаторска кутија при 1~230V

-

Заштита од работа на суво

-

Вградена заштита од молњи

-

Опрема

Носачи на лежиште за хоризонтално поставување

-

Обвивка за млазно ладење

опционално

Неповратен вентил

-

Притисочна обвивка

-

Материјали

Куќиште на пумпа

нерѓосувачки челик

Куќиште на пумпа (специјална изведба)

Работно коло

пластика

Работно коло (специјална изведба)

Куќиште на мотор

нерѓосувачки челик

Куќиште на мотор (специјална изведба)

Преземања

Certification Booklet Wilo-Sub TWU 3

Број на производ 6080452
Издание 1608
Број на верзијата 01
Формат на страница A4
Број на страници 11

PDF (514 kB)

Преземи

General overview

Издание 2017
Формат на страница A4
Број на страници 72

PDF (46 MB)

Преземи

Wilo-Sub TWU 3-...HS

Број на производ 6063546
Издание 1405
Број на верзијата 01
Формат на страница A4
Број на страници 138

PDF (11 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Sub TWU 3 HS

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај