Wilo-Sub TWU 4-...-GT

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Ниски трошоци на работење, благодарение на оптимизираните хидраулики и ефикасните мотори за насочена геотермичка примена
  • Голем сезонски фактор на перформанса (герм. JAZ), благодарение на зголемена ефикасност на системот
  • Висока безбедност при работа благодарение на испливувачки работни кола и вграден неповратен вентил
  • Лесна инсталација, благодарение на варијантата Quick Connect за лесно и брзо продолжување на кабелот на моторот

Конструкција

Повеќестепена 4" подводна пумпа во изведба со обвивка за вертикална или хоризонтална инсталација

Примена

  • Геотермална примена
  • За водоснабдување од бушотини и цистерни
  • За водоснабдување, наводнување со вештачки дожд и наводнување
  • Зголемување на притисок
  • Спуштање на нивото на водата
  • За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со радијални или полуаксијални работни кола
  • Херметички залиени мотори
  • Вграден неповратен вентил
  • NEMA-спојка
  • Трифазен мотор

Опсег на испорака

  • Хидрауликата и моторот се веќе монтирани
  • Кабел за поврзување со одобрение за вода за пиење (TWU 4-…-GT со 15 m кабел; TWU 4-…-QC-GT со краток кабел и утикач за брза замена)
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

на пр.

Wilo-Sub TWU 4-0203-C-QC-GT

TWU

Подводна пумпа

4

Пречник на хидрауликата во цоли ["]

02

Номинален проток [m3/h]

03

Број на степени на хидрауликата

C

Генерација на серијата

I

Обвивка на моторот во 1.4571, приклучок на моторот преку рамен утикач

QC

Quick Connect Cable-кабел за брзо приклучување за едноставно и брзо продолжување на кабелот на моторот

GT

за геотермална примена

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Температура на медиум: 3-30 °C
  • Минимално струење кај моторот: 0,08 m/s
  • Макс. содржина на песок: 50 g/m3
  • Макс. број стартувања: 20/ч
  • Макс. длабочина на потопување: 200 m
  • Вид на заштита: IP 68
  • Потисен приклучок: Rp 1¼

Материјали

  • Куќиште на хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Работни кола: Noryl
  • Вратило хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4104
  • Куќиште на мотор: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило мотор: нерѓосувачки челик 1.4305

Опис/конструкција

Подводна пумпа за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со радијални или полуаксијални работни кола во членковидна изведба. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.

Мотор

Трифазен мотор за директен старт, заштитен од корозија. Изолиран, херметички залиен мотор, со лакирана намотка, натопен во смола, самоподмачкувачко лежиште, со полнење вода-гликол.

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.

Вкупен дијаграм

Sub TWU GT

Преземања

Wilo-Sub TWU 4

Број на производ 6080453
Издание 1701
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 8

PDF (522 kB)

Преземи

Wilo-Sub TWU ..., TWU 4-...-QC, TWU 4-...-P&P

Број на производ 2019023
Издание 1103
Број на верзијата 03
Формат на страница A4
Број на страници 384

PDF (2 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Sub TWU 4-...-GT

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај