Wilo-TOP-SD

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Контролни светла за насока на вртење за приказ на правилната насока на вртење (само кај 3~)
  • Рачно прилагодување на моќноста со 3 степени на бројот на вртежи
  • Двојна пумпа за главна/резервна или паралелна работа
  • Куќиште на пумпата со катафорезно (KTL-) обложување, штити од корозија при појава на кондензација

Конструкција

Пумпа со воден ротор-двојна циркулациона пумпа (TOP-SD 30/5 со навојно приклучување).

Примена

Топловодно греење на сите системи, индустриски циркулациони системи, клима уреди и затворени кружни системи за ладење

Опрема/функција

Работни режими

  • Промена на степен на брзина

Рачни функции

  • Нагодување на степен на брзина: 3 степени на бројот на вртежи

Автоматски функции

  • Внатрешна заштита наспроти недозволени високи температури на намотките (само за пумпи P2 ≤180W)

Функции на сигнализација и прикажување

  • Заштитен контакт на намотка (WSK, безнапонски отворачки контакт) (само кај пумпи со P2 ≥180 W) за целосна заштита на мотор во сите степени на број на вртежи со оптимален уред за актвирање SK 602N/SK 622N
  • Контролна сијалица за насоката на вртење (сериска изведба само кај трифазни пумпи )
  • Приказ на избраниот степен на број на вртежи

Управување со двојна пумпа (двојна пумпа или 2 единечни пумпи)

  • Главна/резервна работа или паралелна работа (за автоматско префрлување при грешка/временски зависната замена на пумпа треба да обезбеди соодветен расклопен уред)

Опрема

  • Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
    • Стандардна изведба за пумпите DN 32 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 (прирабница PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабници PN 6 и PN 16,
    • Стандардна изведба за пумпите DN 80: Прирабница PN 6 (дизајнирана за PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабница PN 6,
  • Поставување на конзола (само со хоризонтална осовина):
    • Стандардна изведба за пумпите TOP-SD 40/15, 50/15, сите TOP-SD 65 и TOP-SD 80.
    • Специјална изведба за пумпи TOP-SD 32/10, 40/3, 40/7, 40/10, 50/7, 50/10. M10-отвор за конзолна монтажа достапна на барање.
  • Двојна клапна во куќиштето на пумпата
  • Воведување на кабел можно од двете страни (само кај монофазни пумпи и трифазни пумпи со P2≥180 W)

Опсег на испорака

  • Двојна пумпа
  • Вкл. заптивки кај приклучување со навој (само кај TOP-SD 30/5)
  • Вкл. подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални ширини DN 32 - DN 65)
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo‐TOP‐SD 40/7

TOP-SD

Стандардна двојна пумпа (прирабничка пумпа, TOP‐SD 30/5 со приклучување со навртување)

40/

Приклучна номинална ширина

7

Номинален напор [m] при Q = 0 m3/ h

Технички податоци

  • Дозволено температурно подрачје -20 °C до +130 °C краткотрајно (2 часа) до +140 °C (TOP-SD 80/15, 80/20: -20 °C до +110 °C)
  • Приклучување на мрежа:
    • 1~230 V, 50 Hz (зависно од типот)
    • 3~230 V, 50 Hz (со изборен утикач за префрлување)
    • 3~400 V, 50 Hz
  • Степен на заштита IP X4D
  • Поврзување со навртување или со прирабница (зависно од типот) Rp 1¼ до DN 80
  • Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара или 6 бара (специјална изведба: 10 бара)

Материјали

  • Куќиште на пумпа: сиво леано железо
  • Работно коло: пластика
  • Вратило: нерѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал

Вкупен дијаграм

TOP-SD

Производ

PDF: Wilo-TOP-SD

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај