Wilo-TOP-S

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Контролни светла за насока на вртење за приказ на правилната насока на вртење (само кај 3~)
  • Рачно прилагодување на моќноста со 3-степени на бројот на вртежи
  • Куќиште на пумпата со катафорезно обложување (KTL), штити од корозија при појава на кондензација

Конструкција

Циркулациона пумпа со воден ротор со навојна или прирабничка врска.

Примена

Топловодно греење на сите системи, индустриски циркулациони системи, клима уреди и затворени кружни системи за ладење

Опрема/функција

Работни режими

  • Промена на степен на брзина

Рачни функции

  • Нагодување на степен на брзина: 3 степени на бројот на вртежи (2 степени на бројот на вртежи за монофазни пумпи со P2 ≥ 350 W)

Автоматски функции

  • Внатрешна заштита наспроти недозволени високи температури на намотките (само за пумпи P2 ≤180 W)

Функции на сигнализација и прикажување

  • Заштитен контакт на намотка (WSK, безнапонски отворачки контакт) само кај пумпи со P2 ≥180 W) за целосна заштита на мотор во сите степени на број на вртежи со оптимален уред за актвирање SK 602N/SK 622N
  • Контролна сијалица за насоката на вртење (само кај трифазни пумпи)
  • Приказ на избраниот степен на број на вртежи

Управување со двојна пумпа (двојна пумпа или 2 единечни пумпи)

  • Главна/резервна работа или паралелна работа (за автоматско префрлување при грешка/временски зависната замена на пумпа треба да обезбеди соодветен расклопен уред)

Опрема

  • Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
    • Стандардна изведба за пумпите DN 40 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 (прирабница PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабници PN 6 и PN 16,
    • Стандардна изведба за пумпите DN 80 / DN 100: Прирабница PN 6 (дизајнирана за PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабница PN 6,
  • Воведување на кабел можно од двете страни (само кај 1~пумпи и 3~пумпи со P2≥180 W)
  • Топлинска изолација во примена за греење, како стандардна опрема

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Термоизолација
  • Со навојна врска се вклучени заптивки
  • Подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални ширини DN 40 - DN 65)
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

TOP‐SD 40/10

TOP-S

Стандардна пумпа (со навртување или со прирабница)

40/

Приклучна номинална ширина

10

Номинален напор [m] при Q = 0 m3/ h

Технички податоци

  • Дозволено температурно подрачје -20 °C bis +130 °C, краткотрајно (2 ч) до +140 °C (TOP-S 25/13, 80/15, 80/20: -20 °C до +110 °C)
  • Приклучување на мрежа:
    • 1~230 V, 50 Hz (зависно од типот)
    • 3~230 V, 50 Hz (со изборен утикач за префрлување)
    • 3~400 V, 50 Hz
  • Степен на заштита IP X4D
  • Прицврстување со навртување или со прирабница (зависно од типот) Rp 1 до DN 100
  • Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара или 6 бара (специјална изведба: 10 бара)

Материјали

  • Куќиште на пумпа: сиво леано железо
  • Работно коло: пластика
  • Вратило: нерѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал

Вкупен дијаграм

TOP-S

TOP-S

Производ

PDF: Wilo-TOP-S

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај