Wilo-Vardo WEEDLESS

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Оптимално мешање во корито со правоаголен или кружен дизајн
  • Безбедност при работа поради материјал на пропелер што не се троши
  • Едноставна инсталација во постојни постројки
  • Пливачка изведба за корита со ниво на водата што се менува

Конструкција

Вертикална мешалка со мотор со запчест преносник за бавна работа

Примена

Погонот за мешање е наменет за наизменична и континуирана работа во нечиста и отпадна вода (со и без фекалии) како и во кал:

  • За суспензија на цврсти материи
  • За хомогенизација

Опрема/функција

  • Погонска единица
  • Варијабилна должина на вратилото на погонот за мешање
  • Двокрилен или трокрилен пропелер

Опсег на испорака

  • Вертикална мешалка со плоча на мотор
  • Поединечно спакувани перки на пропелер, инсталација на лице место
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

на пр.:

Wilo-Vardo WEEDLESS-F.5.A1.A.A-00.A-00

Vardo

Погон за мешање, вертикален

WEEDLESS

Погон за мешање со мотор со запчест преносник

F

Изведба на погон за мешање

F = вертикален погон за мешање цврсто поставен

S = вертикален погон за мешање поставен пливачки

M = вертикален погон за мешање со две нивоа на пропелер

5

Монтажна големина

A1

Изведбата на моторот со запчест преносник зависи од монтажната големина

  • A ... E: Коефициент на моќноста
  • 1 ... 8: Изведба на приклучување на мрежа
  • 9: Специјална изведба

A

Изведба на плочата на моторот

  • A ... L: = изведба на плоча на мотор без заштита од експлозии
  • M ... Y = изведба на плоча на мотор со заштита од експлозии
  • Z = специјална изведба

A-00

Изведба на вратилото на погон за мешање

A = MSS-ST

B = MSS-A2 / MSM-A2

C = MSS-A4 / MSM-A4

Z = специјална изведба

00 = Должина погон за мешање во dm

A-00

Изведба на единица на пропелер

  • A ... X: Шифра за број на перки на пропелер, нагодувачки агол и насока на транспорт на медиум
  • 00: Пречник на пропелер во dm

Технички податоци

Погон за мешање

  • Макс. циркулација: 7,5 m³/s
  • Пречник на пропелер: 2,50 m ... 1,50 m
  • Пресек на вратилото на погонот за мешање: 70 ... 114 mm
  • Должина на вратило: од 2 m
  • Температура на медиум: 3 ... 40 °C

Погонска единица

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz/3~460 V, 60 Hz
  • Моќност на погонот: 0,37 ... 7,50 kW
  • Начин на работа: S1
  • Вид на заштита: IP55, со покривна заштита
  • Класа на изолација: F (155 °C)
  • Температура на околината: -20 ... +40 °C

Материјали

  • Куќиште на мотор: EN-AC
  • Куќиште на запчест преносник: EN-GJL-200
  • Погонувана оска: Челик (C 45)
  • Плоча на мотор:
    • Челик, жешко поцинкуван
    • Нерѓосувачки челик A2
    • Не’ѓосувачки челик A4
  • Вратило на погон за мешање:
    • Челик, со облога
    • Нерѓосувачки челик A2
    • Не’ѓосувачки челик A4
  • Заптивен прстен на вратило: FKM
  • Тело на прием (главчина): PUR/A4
  • Перка на пропелер: PUR

Опис/конструкција

Вертикална мешалка за цврсто монтирање во корита, на платформи и конзоли. Пливачка изведба за слободно поставување во корито.

Погонска единица

Како погонска единица се применува запчест преносник во изведба на погон за мешање со фенер и дополнително лежиште. Номинална моќност на мотор од 0,37 kW до 7,5 kW со класа на ефикасност на мотор IE3. Опционално се достапни и високо ефикасните варијанти IE4. Моторите се наменети за континуирана работа. Понатаму, погонската единица може да се надополни со различни опции (пр. заштита од експлозија).

Плоча на мотор

Плочата на моторот ја поврзува погонската единица со наменетото прицврстување со градбата. Притоа, плочата на моторот може да се приспособи на специфичните услови на постројката. Како дополнително на располагање стои и изведба отпорна на гасови. Со оваа изведба е можна работа во подрачје во кое постои опасност од експлозија.

Вратило на погон за мешање

Вратилото на погонот за мешање направено од шуплив челик со дебелина на ѕид, ја спојува погонската единица со пропелерот. Поврзувањето на погонската единица и пропелерот се прави со стеснувачки диск и со комплет за затегнување.

Пропелер

Двокрилен или трикрилен пропелер со полн материјал и со пресек на пропелерот од 2500 mm до 1500 mm. Поединечните перки на пропелерот се прицврстени за вратилото на погонот за мешање со помош на тело на прием (главчина). Притоа, аголот на пропелерот може да се постави меѓу 30, 35, 40 и 45°. Насоката на транспорт може да се изведе кон површината на водата или кон дното на коритото според димензиите.

Преземања

Wilo-Vardo WEEDLESS

Број на производ 6074816
Издание 2019-02
Број на верзијата 01
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 1056

PDF (11 MB)

Преземи

PDF: Wilo-Vardo WEEDLESS

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај