Wilo-Varios PICO

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Најкомпатибилно решение за замена за сите примени благодарение на компактна конструкција, нови контролни режими (како iPWM) и нова функција за синхронизација
  • Најголем оперативен комфор благодарение на LED-дисплеј и технологија на зелено копче со едно копче за притискање за регулација на работата и едно копче за притискање за претходно поставени карактеристики на пумпа
  • Едноставно инсталирање благодарение на изведба, приспособливо електрични приклучоци и функции за одржување како обезвоздушување
  • Најголема работна сигурност благодарение на докажана технологија

Опис

Wilo-Varios PICO е универзлно решение за замена во полето на греење, климатизација и ладење за едносемејни и двосемејни куќи. Овозможува стандардна и надворешна регулација на работата – и со помош на најновата функција за синхронизација, може лесно да се преземат деталите за нагодувањето од заменетата пумпа. Нејзината компактна конструкција, преземањето на претходно дефинираните поставки на старата пумпа со помош на новата функција за синхронизација, прават инсталацијата и пуштањето во работа да се особено едноставни. Употребливоста е особено комфорна благодарение на технологијата на зелено копче.

Конструкција

Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.

Примена

Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.

Опрема/функција

Работни режими

  • Константен диференцијален притисок (3 претходнодефинирани карактеристики)
  • Варијабилен диференцијален притисок (3 претходнодефинирани карактеристики)
  • Константен број на вртежи (3 степени на бројот на вртежи)
  • Надворешна регулација преку iPWM1 или iPWM2 сигнал

Рачни функции

  • Нагодување на работен режим според примена
  • Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
  • Нагодување на константниот број на вртежи
  • Активирање на функција за синхронизација и LED кодирање
  • Функција на обезвоздушување
  • Рачно повторно стартување

Автоматски функции

  • Автоматско рестартирање

Функции на сигнализација и прикажување

  • Приказ на избраниот контролен режим
  • Приказ на избраниот степен на контролниот режим или iPWM тип
  • Приказ на активираната функција за синхронизација и LED кодирање
  • Приказ на статусот на рачното престартување или функција на обезвоздушување

Опрема

  • Место за клуч на телото на пумпата
  • Електричен кабел за поврзување со 3-полен штекер за пумпа и Wilo-Connector
  • iPWM приклучок
  • Функција на обезвоздушување
  • Рачно повторно стартување
  • Мотор отпорен на струја на блокирање
  • Филтер за честички

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Кабел со 3-полен штекер за пумпа и Wilo-Connector приклучок
  • Wilo-Connector
  • Заптивки
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-Varios PICO 25/1-7-130

Varios PICO

Високопродуктивна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана

25/

Приклучна номинална ширина

1-7

Подрачје на номинален напор [m]

130

Конструктивна должина

Технички податоци

  • Температура на транспортиран медиум -10 °C до +95 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
  • Вид заштита IPX4D
  • Навојно приклучување Rp ½ и Rp 1
  • Макс. работен притисок 10 бара

Материјали

  • Куќиште на пумпа: сиво леано железо (EN-GJL-200)
  • Работно коло: пластика (PP - 40% GF)
  • Вратило на пумпата: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал

Вкупен дијаграм

Varios PICO

Производ

PDF: Wilo-Varios PICO

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај