Wilo-Yonos MAXO-D

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • LED приказот дава целосна транспарентност за зададениот напор, степенот на бројот на вртежи или можни грешки
  • Едноставно нагодување преку степен на бројот на вртежи при замена на нерегулирана стандардна пумпа
  • Поедноставено електрично поврзување, благодарение на Wilo-Stecker
  • Обезбедување на достапноста на постројката преку збирна сигнализација за грешка
  • Компактна конструкција и докажано едноставно ракување

Конструкција

Циркулациона пумпа со воден ротор, со прирабнички приклучок, ЕС-мотор и автоматско прилагодување на моќноста.

Примена

Топловодно греење на сите системи, клима уреди и затворени кружни системи за ладење, индустриски циркулациони системи.

Опрема/функција

Работни режими

  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • Δp-v за варијабилен диференцијален притисок

Рачни функции

  • Поставување на работен режим
  • Нагодување на моќноста на пумпата (напор)

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
  • Функција на деблокирање
  • Меко стартување
  • Интегрирана целосна заштита на моторот

Функции на сигнализација и прикажување

  • Сигнализација на збирна грешка (безнапонски отворачки контакт)
  • Светлосна сигнализација за грешка
  • ЛЦД сегментиран приказ на напорот и на шифрата на грешката

Функција на двојна пумпа

  • Главна/резервна работа: за автоматско префрлување при грешка, корисникот треба да обезбеди соодветен расклопен уред.
  • Однапред избраниот режим за регулација и зададениот напор мора да бидат идентични кај двете пумпи.

Опрема

  • Место за ставање клуч на телото на пумпата (кај пумпи со навојни цевки)
  • Брзо приклучување на струја со помош на Wilo приклучница. За приклучување на струја и на SSM вод, со вградено ослободување на напрегањето на кабелот
  • Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
    • Стандардна изведба за пумпите DN 32 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 (прирабница PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабници PN 6 и PN 16
    • Стандардна изведба за пумпите DN 80 / DN 100: Прирабница PN 6 (дизајнирана за PN 16 според EN 1092-2) за контраприрабница PN 6

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Вкл. подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални ширини DN 32 - DN 65)
  • Вклучено упатство за монтажа и користење

Означување на типот

Пример:

Wilo-Yonos MAXO-D 32/0,5-7

Yonos MAXO

Високопродуктивна пумпа (навојна или прирабничка пумпа), електронски регулирана

-D

Двојна пумпа

32/

Приклучна номинална ширина

0,5-7

Номинално подрачје на напор [m]

Технички податоци

  • Дозволено температурно подрачје -20 °C до +110°C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50/60 Hz
  • Степен на заштита IP X4D
  • Прирабнички приклучок DN 32 до DN 80
  • Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара или 6 бара (специјална изведба: 10 бара)

Материјали

  • Куќиште на пумпа: сиво леано железо со KTL облога
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал
  • Работно коло: пластика

Вкупен дијаграм

Yonos MAXO-D

Производ

PDF: Wilo-Yonos MAXO-D

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај