Wilo-Yonos MAXO-Z

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Енергетска штедливост преку високо ефикасна хидраулика и синхрон мотор
  • Целосна транспарентност на напорот, степенот на бројот на вртежи и можна грешка благодарение на LED-дисплеј
  • Едноставно нагодување преку степен на бројот на вртежи при замена на нерегулирана стандардна пумпа
  • Поедноставено електрично поврзување со Wilo утикач
  • Обезбедување на достапноста на постројката преку збирна сигнализација за грешка
  • Компактна конструкција и докажана лесна употреба

Опис

Wilo-Yonos MAXO-Z е ефикасна циркулациона пумпа за хигиенска обработка на санитарна топла вода во објекти за изнајмување, во деловни и во комерцијални објекти. Благодарение на LED приказот, нуди целосна транспарентност во однос на напорот, степенот на бројот на вртежи или за можни дефекти. Компактната конструкција и Wilo-утикачот за електрично приклучување ја поедноставува инсталацијата. Зеленото копче овозможува поедноставно ракување на пумпата.

Конструкција

Циркулациона пумпа со воден ротор и навојна или прирабничка врска, EC-мотор со автоматско прилагодување на моќноста.

Примена

Системи за циркулација на вода за пиење во индустријата и зградната техника.

Опрема/функција

Работни режими

  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
  • n = константно (3 степени на бројот на вртежи)

Рачни функции

  • Поставување на работен режим
  • Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
  • Нагодување на степен на брзина

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
  • Функција на деблокирање
  • Меко стартување
  • Интегрирана целосна заштита на моторот

Функции на сигнализација и прикажување

  • Сигнализација на збирна грешка (безнапонски отворачки контакт)
  • Светлосна сигнализација за грешка
  • ЛЦД сегментиран приказ на напорот и на шифрата на грешката
  • Приказ на поставениот број вртежи на моторот (C1, C2 или C3)

Опрема

  • Место за ставање клуч на телото на пумпата (кај пумпи со навојни цевки)
  • Брзо приклучување на струја со помош на Wilo приклучница. За приклучување на струја и на SSM вод, со вградено ослободување на напрегањето на кабелот
  • Прирабнички пумпи: Изведби на прирабница
    • Стандардна изведба за пумпите DN 40 до DN 65: Комбинирана прирабница PN 6/10 за контраприрабница PN 6 и PN 10

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Со навојна врска се вклучени заптивки
  • Вкл. подлошки за прирабнички завртки (кај приклучни номинални ширини DN 40 - DN 65)
  • Вклучено упатство за монтажа и користење

Означување на типот

Пример:

Wilo-Yonos MAXO-Z 30/0,5-12

Yonos MAXO

Високопродуктивна пумпа (навојна или прирабничка пумпа), електронски регулирана

Z

Единечна пумпа за циркулација на вода за пиење

30/

Приклучна номинална ширина

0,5-12

Номинално подрачје на напор [m]

Технички податоци

  • Дозолено температурно подрачје за вода за пиење до 3,57 mmol/l (20 °dH): 0 °C до +80 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50/60 Hz
  • Вид на заштита IPX4D
  • Прицврстување со навртување или со прирабница (зависно од типот) Rp 1 до DN 65
  • Макс. работен притисок стандардна изведба: 6/10 бара или 6 бара (специјална изведба: 10 бара)

Материјали

  • Куќиште на пумпа од црвено леано железо
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со синтетичка смола
  • Работно коло: пластика

Вкупен дијаграм

Yonos MAXO-Z

Производ

PDF: Wilo-Yonos MAXO-Z

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај