Wilo-Yonos PICO

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Максимален комфор за корисникот при ракување благодарение на технологијата на зелено копче со нови, интелигентни нагодувања, интуитивна корисничка површина и нови функции
  • Оптимизирана енергетска ефикасност благодарение на технологијата за EC-мотор, нагодувањата со прецизност од 0,1 m и приказот на актуелната потрошувачка на енергија
  • Брз и едноставна инсталација и замена без проблем благодарение на новата и оптимизирана конструкција
  • Едноставно одржување и голема безбедност при работа благодарение на автоматски и рачно активираните функции на повторно вклучување и обезвоздушување
  • Најголема безбедност при работа и ракување благодарение на докажаната технологија

Уште повеќе комфор, но уште помала потрошувачка на струја.

Видлив знак за новата генерација високопродуктивни пумпи за постројки за климатизација и греење во еднофамилијарни и двофамилијарни куќи е зеленото копче за ракување, коешто заедно со новите функции овозможува максимален комфорт при пуштање во работа и одржување. Стандардното нагодување за радијатори или подно греење – симболизирано преку пиктограми – заштедува време при пуштање во работа. На тој начин можете уште повеќе да ја подобрите енергетската ефикасност, да ја намалите потрошувачката на струја и податоците за сето тоа се секојпат видливи на дисплејот. А, благодарение на компактната конструкција, замената на пумпи е сега уште поедноставна.

Конструкција

Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.

Примена

Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.

Опрема/функција

Начини на работа

  • Константен диференцијален притисок
  • Варијабилен диференцијален притисок
  • Константен број на вртежи (3 регулациски карактеристики)

Рачни функции

  • Нагодување работен режим според примената
  • Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
  • Нагодување константен број на вртежи
  • Функција на обезвоздушување
  • Рачно повторно вклучување

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
  • Автоматско повторно вклучување
  • Автоматско препознавање сув од

Функции на сигнализација и прикажување

  • Индикатор на влезна моќност во W
  • Приказ на напорот при нагодување
  • Индикатор на сигнализација за грешка (шифри на грешки)
  • Приказ на рачно активираната функција за повторно вклучување или функција на обезвоздушување

Опрема

  • Место за клуч на телото на пумпата
  • Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
  • Функција на обезвоздушување
  • Рачно повторно вклучување
  • Мотор отпорен на струја на блокирање
  • Филтер за честички

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Wilo-Connector
  • Заптивки
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-Yonos PICO 30/1-4

Yonos PICO

Високопродуктивна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана

30/

Приклучен номинален дијаметар

1-4

Подрачје на номинален напор [m]

130

Конструктивна должина

Технички податоци

  • Температура на транспортиран медиум -10 °C до +95 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
  • Вид на заштита IPX2D
  • Приклучок со навртување Rp ½, Rp 1 и Rp 1¼
  • Макс. работен притисок 10 бара

Материјали

  • Куќиште на пумпа: сиво леано железо (EN-GJL-200)
  • Работно коло: Пластика (PP - 40% GF)
  • Вратило на пумпата: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал

Вкупен дијаграм

Yonos PICO

Yonos PICO

Производ

PDF: Wilo-Yonos PICO

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај