Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Isar BOOST5 | Wilo

Wilo-Isar BOOST5

Нашето решение за оптимален притисок на водата. Секогаш и секаде.

Вашите предности
Wilo-Isar BOOST5

Нашето решение за оптимален притисок на водата. Секогаш и секаде.

Wilo-Isar BOOST5 може да се користи универзално за домашно водоснабдување и овозможува постојан притисок на водата на сите потрошни точки. Благодарение на ефикасната хидраулика и заштитата од бучава, постројката работи мирно и тивко. Поради модерната и компактна конструкција, совршено се интегрира во животната средина. Постројката исто така нуди заштеди во поглед на потрошувачката и трошоците благодарение на ефикасната хидраулика и подготовката според потребите. Wilo-Isar BOOST5 нуди уште поголем комфор за корисникот: Може лесно да се инсталира без проблеми. Лесно се управува преку LED-дисплејот и копчињата на притискање. Опфатни интегрирани заштитни функции за сигурна работа. Пумпата изработена од високо-квалитетна пластика гарантира долг работен век.

Препорачани сервисни услуги


Особености/предности на производот

  • Едноставна инсталација багодарение на изведбата подготвена за вклучување
  • Совршена интеграција во средината на корисникот благодарение на компактната и модерна конструкција
  • Лесно ракување благодарние на LC-екран и копчиња на притискање
  • Тивка работа преку заштитата од бучава
  • Интегриран фреквентен конвертор за комфорна постојана регулација на притисокот и меко вклучување
  • Пониска потрошувачка благодарение на снабдување по потреба
  • Безбедно ракување благодарение на опфатните, интегрирани заштитни функции
Опис на серијата
Wilo-Isar BOOST5

Изведба

Plug & Pump самовшмукувачка, повеќестепена постројка зголемување на притисокот за станбени згради

Примена

  • Водоснабдување
  • Наводнување
  • Искористување на дождовница
  • Експлоатација на необработена вода

Опрема/функција

  • Директно прирабнички монтиран мотор
  • термичка заштитна склопка на моторот
  • Вграден варијабилен број на вртежи
  • Интегрирани заштитни функции (препознавање сув од, прекумерен притисок и прекумерна температура, прекумерна струја, наднапон и поднапон)

Означување на типот

Пример

Wilo-Isar BOOST5-E-3

Isar

Опис на производ на системот за зголемување на притисокот

BOOST

Зголемување на притисокот за домашна примена

5

Изведба на постројка со интегрирано управување на пумпа

E

Електронски регулирана

3

Номинална зафатнина на проток во m³/h

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50/60 Hz
  • Доз. температура на медиум: 0 °C до +40 °C
  • Дозв. температура на околината: 0 °C до +40 °C
  • Макс. дозволен работен притисок: 10 бари
  • Макс. длабочина на вшмукување: 8 m
  • Вид на заштита: IPX4
  • приклучок од вшмукателната страна: G 1"
  • приклучок од притисочната страна: G 1"

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Упатство за вградување и работа
  • Комплет резервни О-прстени
  • Алатка за едноставна инсталација
Документи

Памфлет за сертифицирање

Wilo-Isar BOOST5

Број на производ 4251855
Издание 2022-04
Број на страници 20
PDF (10 MB)
Избор на производ
Опис на производБрој на производ
Isar BOOST5-E-3
4243583
Isar BOOST5-E-5
4243584