DrainLift SANI CUT-L
Систем за одведување на отпадна вода



Изведба
Компактен, подготвен за приклучување, целосно преплавлив систем за одведување на отпадна вода со двојна пумпа со хидраулика за алат за сечење за транспорт на отпадна вода што содржи фекалии.Примена
Како систем за одведување на отпадна вода на надземна инсталација или инсталација пред ѕидот во згради или за подземна инсталација во пумпните шахти:
- Ако отпадната вода не може да се испушти директно во канализацијата преку природен пад
- За одводнување заштитено од повратен тек, кога точката на истекување е под нивото на повратниот притисок
Течности
Пренесување отпадна вода согласно EN 12050
Системот за одведување на отпадна вода е во согласност со стандардот DIN EN 12050-1.
Опрема/функција
- Приклучна табла со аларм и сигнализација на збирна грешка
- Подготвена за вклучување
- Резервоар со ревизиски отвор и провиден капак
- Сензор за ниво 4 – 20 mA за мерење на ниво
- Неповратен вентил
- Термичко надгледување на моторот со биметален сензор
Означување на типот
Пример: | DrainLift SANI CUT-L.27/T540/1-CEE |
DrainLift | Фамилија на производи |
SANI CUT | Постројка за одведување на отпадна вода со алат за сечење |
L | Монтажна големина |
27 | Макс. напор во m кај Q = 0 |
T | Приклучување на мрежа:
|
540 | Електрични карактеристични величини (номинална фреквенција и номинален напон):
|
1 | Изведба на мотор и приклучна табла:
|
CEE | Кабел за поврзување и изведба на утикач:
|
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz; 3~400 V, 50 Hz
- Начин на работа: S3 10%
- Температура на медиум: 3…40 °C (37 … 104 °F), макс. 65 °C (149 °F), 5 минути
- Макс. температура на околина: 3 … 40 °C (37 … 104 °F)
- Зафатнина на резервоар: 64 литри (16 галони)
- Макс. корисен волумен во резервоарот според приливна висина: 29 литри (7 галони) (180 mm*)/39 литри (10 галони) (250 mm*)/48 литри (12 галони) (315 mm*)
- Потисен приклучок: DN 32/40, PN 6; 40 mm, PN 6
- Приливен приклучок: DN/OD 110; DN/OD 160
- Приклучок за обезвоздушување: DN/OD 50
- Вид на заштита на систем за одведување на отпадна вода: IP68 (2 mWs/7 d)
- Вид на заштита на приклучна табла: IP54
- Ниво на бучава: 70 dB(A)
Материјали
- Куќиште на мотор: 1.4404 (AISI 316L)
- Хидраулика: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
- Работно коло: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
- Алат за сечење: 1.4528/59 HRC (AISI 440B+Co)
- Резервоар: PE
- Неповратен вентил: EN-GJL-250 (ASTM A48 Class 35/40B)
Конструкција
Wilo-Control MS-L
- Главен прекинувач (за изведба „O“, без кабел за поврзување и утикач)
- Сигнализација на збирна грешка преку безнапонски контакт
- Вграден аларм со безнапонски контакт
- Времето за престанување со рабоа по исклучувањето може да се нагодува
Опсег на испорака
- Систем за одведување на отпадна вода со претходно поврзана приклучна табла
- Изведба со утикач: Приклучен кабел со утикач
- Изведба „O“: без кабел за поврзување и утикач
- Приклучок за цевка DN/OD 40
- HT-двојна спојка DN/OD 50 за приклучокот за обезвоздушување
- HT-двојна спојка DN/OD 50 за приклучокот за празнење
- Прилив со прободна кружна пила 124 mm (5 цоли) и заптивање за HT-цевка DN/OD 110
- Комплет за прицврстување на под
- Подлога за звучна изолација
- Акумулатор 9 V
- Упатство за вградување и работа
