Padus PRO
Пумпа со потопен мотор



Изведба
Потопна пумпа за нечиста водаПримена
Транспорт на
- Нечиста вода
- Потрошна вода
Опрема/функција
- IE3-мотор
- Изведба А со пливачки прекинувач и утикач за заштита на мотор
- Ладење со млазна обвивка
Означување на типот
Пример: | Wilo-Padus PRO M08L/T039-540/A |
Padus | Потопна пумпа за нечиста вода |
PRO | Серија за примена на градежна локација |
M | Отворено повеќеканално работно коло |
08 | Номинален дијаметар на потисен приклучок: G3 |
L | Изведба на најнизок притисок |
T | Изведба на приклучување на мрежа: M = 1~ T = 3~ |
039 | Вредност/10 = Моќност на мотор P2 во kW |
5 | Фреквенција (5 = 50 Hz, 6 = 60 Hz) |
40 | Клуч за димензиониран напон |
A | Електрична дополнителна опрема: P = со штекер A = со пливачки прекинувач и утикач за заштита на мотор O = слободен крај на кабелот (на барање) |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
- Вид на заштита: IP68
- Макс. длабочина на потопување: 20 m
- Температура на транспортиран медиум: 3 … 40 °C
- Должина на кабел: 23 m
- Потисни приклучоци: Storz-спојување од големина В
Материјали
- Куќиште на мотор: EN-AC-AlSi10Mg
- Цевка со разладна обвивка: 1.4404
- Куќиште на пумпа: EN-AC-AlSi10Mg + NBR-70
- Работно коло: 1.4470
- Вшмукателно сито: 1.4404
- Вратило: 1.4404
- Заптивање:
- Од страната на моторот: SiC/SiC
- На страна на медиумот: SiC/SiC
- Статички заптивки: NBR
Конструкција
Хидраулика
Спуштањето од притисочната страна е изведено со вертикални навојни врски со Storz-спојување. По потреба, излезот од притисочната страна може да се порамни хоризонтално. Се применуваат полуотворени повеќеканални работни кола. Приливот е опремен со вшмукателно сито. На тој начин се филтрираат крупните состојки во медиумот пред да дојде до вшмукателната наставка.
Мотор
Се применуваат IE3-мотори во изведба за наизменична струја или во трифазна изведба. Моторите се опремени со термичко надгледување на моторот. Предвидено е ладење со млазна обвивка. Можна е континуирана работа и во потопен и во непотопен режим, исто така и при работа со сркање.
За заштита на моторот од продирање на медиумот обезбедена е заптивна комора. Употребениот медиум за полнење е потенцијално биолошки разградлив и не ја загрозува животната средина.
Кабелот за поврзување е цврсто приклучен и должината на кабелот изнесува 23 m:
- О-изведба: Кабел со слободни краеви на кабелот
- А-изведба: Кабел со пливачки прекинувач и утикач
- Р-изведба: Кабел со штекер
Заптивање
Заптивањето од страната на медиумот и од страната на моторот се изведува со две лизгачки механички заптивки кои не се зависни од насоката на вртењето.
Опсег на испорака
- Пумпа со слободен крај на кабелот
- Пумпа со пливачки прекинувач и утикач за заштита на мотор (изведба А)
- Притисочна наставка со Storz-цврста спојка
- Упатство за вградување и работа
Опрема
- Комплет на притисочни црева со Storz-спојка
- Утикач за заштита на мотор


