Rexa SOLID
Пумпа со потопен мотор











Изведба
Оваа потопна пумпа е дизајнирана за стационарно и преносливо суво поставување. Моторите се планирани за континуирана работа. Со Nexos Intelligence, од едноставно управување на пумпа до паметно управување на постројката.Примена
undefinedТечности
За спроведување течности во комерцијални услови:
- Сирова отпадна вода
- Отпадна вода со фекалии
- Обработена отпадна вода
Опрема/функција
- Цврста конструкција во изведба од леано железо.
- Заптивна комора за собирање протекување од лизгачката механичка заптивка од медиумот.
- Комора за протекување за собирање протекување од лизгачката механичка заптивка од страната на моторот (само кај големина на мотори 20).
- Надгледување на моторот со интегрираниот Digital Data Interface:
- Мерење на температурата на намотките со PTC сензори и Pt100 сензори.
- Надгледување на заптивањето за заптивната комора и комората за протекување со капацитивен сензор.
- Сензор за вибрации
- Записник на податоци
- Web-сервер
- Ethernet-интерфејс
- Со Nexos Intelligence, од едноставно управување на пумпа до паметен систем за управување со постројки за пумпи со до четири пумпи:
- Режим на постројка LPI: Режим на управување за пумпи и надворешни фреквентни конвертори (управувани од пумпата) со препознавање на затнување.
- Режим на постројка LSI: Целосно управување на целата пумпна станица со до четири пумпи, вклучувајќи и препознавање на затнување. Сите пумпи се поединечно управувани од фреквентен конвертор. Една од пумпите работи како пумпа за примарен круг. Пумпата за примарен круг ги управува сите други пумпи во зависност од параметрите на постројката.
- Нема дополнителни трошоци за стандардниот режим на постројка LPI. Режимот на постројка LSI може да се активира со клуч од лиценца.
Означување на типот
Пример: | Wilo-Rexa SOLID-Q15-52A + FKT 20.2M-4/32GEx-P4 |
Хидраулика: | Wilo-Rexa SOLID-Q15-52A |
Rexa | Потопна пумпа за отпадна вода |
SOLID | Серија со Nexos Intelligence |
Q | Тип на работно коло: Полуотворено двоканално коло |
15 | Номинален дијаметар на притисочна врска, на пример DN 150 |
52 | Индикатор за моќност |
A | Идентификатор за дизајн на материјал и облога |
Мотор: | FKT 20.2M-4/32GEx-P4 |
FKT | Модел на мотор:
|
20 | Монтажна големина |
2 | Код за внатрешен модел |
M | Изведба на вратило
|
4 | Бр. на полови |
32 | x10 = должина на пакет во mm |
G | Изведба на заптивање:
|
Ex | Одобрение за експлозивни средини според ATEX или FM |
P | Модел на мотор: Мотор со траен магнет |
4 | IE-класа на енергетска ефикасност на мотор (врз основа на IEC 60034-30)
|
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
- Работен режим во потопена состојба: Континуирана работа (S1)
- Непотопен работен режим:
- T-мотор: 15 Минути карткотрајна работа (S2-15) или 30 минути краткотрајна работа (S2-30)
- FKT-мотор: Континуирана работа (S1)
- Вид на заштита: IP68 (трајно потопена)
- Класа на изолација: H
- Температура на медиум: 3 … 40 °C (37 … 104 °F)
- Макс. длабочина на потопување: 20 m (66 ft)
Материјали
- Делови на куќиштето: EN-GJL-250 односно EN-GJS-500-7
- Работно коло: EN-GJL-250 односно EN-GJS-500-7
- Статички заптивки: FPM
- Заптивање од страната на пумпата: SiC/SiC
- Заптивање од страната на моторот: FPM, јаглен/керамика или SiC/SiC
- Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4021
Конструкција
Хидраулика
Потисен приклучок со хоризонтално прирабничко поврзување. Максималната содржина на цврсти материи е 8 %. Типот на работно коло е полуотворено двоканално коло.
T-мотор
Високоефикасен, потопен мотор со траен магнет со површинско ладење без систем за ладење за водено поставување. Вишокот на топлина од моторот се одведува преку деловите од куќиштето директно во медиумот. Самиот мотор е сув. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви. Во зависност од монтажната големината на моторот и моќноста на моторот, моторите може да се постават суви за краткотрајна работа.
FKT-мотор
Потопен високоефикаснен мотор со самостојно ладење со активен систем за ладење за водено и суво поставување. Системот за ладење е опремен со затворен кружен систем за ладење. Разладното средство е мешавина од вода и гликол. Работно коло управувано од вратилото на моторот, овозможува разладното средство да циркулира континуирано. Системот за ладење не е под притисок кога е ладен. Вграден вентил за прекумерен притисок го ограничува работниот притисок во системот за ладење на 3 bar (43 psi). Разладната прирабницата ја предава топлина кон пумпаниот медиум. Како лежишта на моторот се користат трајно подмачкани валчести лежишта. Кабелот за поврзување е должински отпорен на вода и има и слободни краеви.
Заптивање
Заптивања од страната на медиумот и од страната на моторот се достапни во следните наведени изведби:
- Изведба G: Две независни лизгачки механички заптивки
- Изведба K: Касета блок-заптивки со две независни лизгачки механички заптивки
Работен материјал
Сите работни материјали се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина:
- Медицинско бело масло
- Мешавина на вода-гликол (35 % гликол и 65 % вода)
Фреквентен конвертор Wilo-EFC
Високо ефикасниот мотор со траен магнет е управуван од фреквентен конвертор тип Wilo-EFC. По одобрување од Wilo, може да се користат и други фреквентни конвертори.
Класи на енергетска ефикасност на моторот (врз основа на IEC 60034-30)
Моторите одговараат на класата на енергетска ефикасност IE4 (Super-Premium-ефикасност).
Опсег на испорака
- Пумпа со мотор со траен магнет
- Надворешен фреквентен конвертор Wilo-EFC (се нарачува одделно)
- Опрема по нарачка
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Специјални напони
- Транспортирани медиуми 60 °C (140 °F)
- Надгледување на температурата на лежиште на мотор
- Ceram-облога за абразивни и корозивни медиуми
- Мотор со класата на енергетска ефикасност IE5 (Ultra-Premium-ефикасност)
- Дозвола за експлозивни средини според
- ATEX
- FM
- IECEx
Опрема
- Уред за прикачување за стационарно водено поставување
- Ножно колено за стационарно суво поставување
- Управување со нивото
- I/O модул за проширување на дигитални и аналогни влезови и излези
- Комплети за прицврстување со котва за поврзување
- Опрема за подигнување












