Wilo – од локален специјалист до глобален играч

Паметни решенија во време на огромни глобални трендови

Wilo е премиум понудувач на пумпи за технологија за згради, водостопанство и индустрија. Комплицираната технологија правиме да е пријатна за користење со едноставна примена, да е енергетски ефикасна и да е подготвена за работа. Поради тоа фокусот на нашето дејствување се луѓето. Ви нудиме исклучителни производи, системски решенија и услуги. Компанијата Wilo е основана 1872 во Дортмунд како фабрика за месинг и бакар, а во текот на својата долга и успешна историја се разви од локален стручњак до глобален играч.

Ние ги препознаваме проблемите што ќе се појавуваат во иднината и развиваме технолгија којашто ќе ги реши. Поради тоа се бавиме со светски големите трендови коишто го прават животот одржлив и длабоко го менуваат во основа. Посебен акцент ставаме на трендовите како што се глобализација, урбанизација, промена на клима, недостиг од енергија и вода како и технолошки напредок и дигитализација – имате увид во сите актуелности во вашето работно секојдневие. Но и во нас.

Дознајте повеќе

Можности за дигитализација

Посебно место во сегашните големи трендови зазема технолошкиот напредок и дигитализацијата. Дигитализацијата ги менува потребите на клиентот од самиот корен, технологијата на изработка, работните трошоци и патот на производството. Она нуди нови можности во однос на функционирањето и примените коишто до пред неколку години се чинеа незамисливи. Ги увидуваме шансите за дигитализација и ги користиме за да го подобриме животот во иднината. И на тој начин прераснуваме во дигитални пионери во браншата. Big Data е врвен материјал во дигитализацијата којшто го подготвуваме за користење. За оптимално да го вклучиме огромниот потенцијал на секојдневно растечките количини податоци, ние ги префрлуваме нашите процеси во дигиталниот свет: однапред одредено, вмрежено и разновидно. Ги анализираме релевантните податоци и вршиме проценка со цел. Од системски добиените податоци развиваме нови модели на работа, како и дигитални одлики на производот по мерка за нашите пумпи, примената и услугата.

Нашето побарување – јасно формулирано

Со помош на интелигентното вмрежување на луѓе, производи, дигитализација, фабрика и машини, ние ја користиме дигитализацијата ефикасно за да создадеме паметни решенија. На тоа дневно работат 7,400 работници и работнички. Во 16 производни места и преку 60 придружени друштва во 60 земји. На тој начин биваат производи и системи коишто се понапред за своето време. На тој начин им го олеснуваме животот на нашите корисници – а ја правиме иднината подобра


Building of the state ministry for urban development and the environment ("Behoerde fuer Stadtentwicklung")

Wilo решенија за зградна техника

Wilo решенија за водостопанство



WILO SE - Main entrance of the Headquarters in Dortmund, Germany

Глобални референци