Вашата предност како инсталатер

Комфорна и ефикасна работа – пред, за време и по инсталацијата

Ние развиваме пумпи и пумпни системи, коишто не работат само ефикасно, туку нивната работа може да биде поедноставна и поефикасна. На тој начин настанаа решенијата како што е Wilo-Connector за електрично приклучување без алати, Wilo „Ready-to-Plug“ инсталација со до три приклучоци за временска заштеда при пуштање во употреба, технологија на „зелено копче“ за наједноставна употреба како и интегрирани функции за надгледување и заштита за поголема сигурност при снабдувањето и работата. Со оглед на тоа, ви нудиме брза и сигурна поддршка во секој момент. Лично преку сервисот на Wilo со компетентни соговорници или на пример преку интернет помошта како што е интернет каталогот на производи, апликацијата Wilo Assistent за паметни телефони – за мобилни и многу брзи информации со чијашто помош асистентот јавува сигнализација за грешка, дава податоци за производот, дава калкулатор на заштеда и многу повеќе од тоа.

Сервис на основа на потребата – на којшто можете да се потпрете

Тимот на Wilo сервисот ви стои на располагање 365 дена во годината. Со повеќе од 2,500 техничари и 900 сервисни партнери ви пружаме поддршка во преку 60 земји и земаме предвид само една работа – да ги исполниме вашите потреби на основа на вашите очекувања. Доволно е еден повик и веднаш ќе бидат воведени сите неопходни мерки – брзо, компетентно и со директни одговори. Доволен е само еден повик во Wilo сервисот за ние да се погрижиме за сѐ. Нудиме услуги на лице место и ги обезбедуваме вашите процеси со помош на дополнителни решенија ориентирани кон корисникот и нашиот исклучителен обем на испорака. За нас се подразбира сервисот да го покрива целиот животен век на вшиот Wilo производ. Нашите техничари и партнери ги поддржуваат вашите процеси така што може да работите побрзо и поефикасно. Нашето постојано стремење кон совршенството се отсликува во постојано позитивниот одзив кон нашите муштерии како што сте виде. Редовните анкети за задоволството на нашите муштерии го потврдуваат овој позитивен одзив. Дознајте повеќе за Wilo сервисот во целиот свет и за нашите сервисни услуги што ги подготвивме за вас.

Интернет каталог за производите – на само неколку кликови од посакуваниот производ

Брзо и без компликации, дојдете со своите информации за производите: Во нашиот интернет каталог ќе пронајдете информации за програмата на Wilo производи, одредени полиња на примена, упатство за вградување и работа, како и технички детли поврзани за пумпата. Со само неколку кликови добивате избор на модел којшто одговара на вашите потреби.

Дознајте повеќе

Wilo асистент – на овој начин брзо ќе пронајдете одговарачка пумпа

Wilo асистентот е бесплатна апликација односно интернет-апликација за вашиот паметен телефон со кој брзо ќе ја пронајдете точната пумпа – во вид на ефикасна поддршка за вашата инсталација и советување на клиентот на лице место.

Оптималниот приказ на резолуцијата е најмалку 1024 x 768px

Дознајте повеќе
Installer Sascha working in boiler room

Инсталирање со помош на апликацијата Wilo Assistent

Wilo свет – доживејте ги Wilo производите за време на нивната примена

За секоја употреба на пумпа ви нудиме ефикасно и едноставно решение. Дознајте повеќе за нашите системски решенија и нивните предности.

Кликнете овде