Вашите предности како планер и советник

Замена на пумпи – решете ги проблемите за во иднина со правата замена на пумпа

Како планер добро знаете дека: Старите, нерегулирани и неефикасни пумпи трошат премногу енергија и не се доволно флексибилни кога се случуваат промени. Ако барате идеална замена, Wilo ви нуди одговарачко решение за секоја област на примена. Нашите високоефективни заменски пумпи се интегрираат брзо и едноставно во присутните системи и секогаш се од највисоко ниво на технологија.

А за и вие да не трошите енергија и време додека работите, ви нудиме многу корисни помагала за планирање.

Модерни технологии – секогаш во чекор со трендовите

Без разлика дали се во прашање нови приписи како што е прописот ErP, идните решенија во планирањето како што е BIM или високоефективната технологија на пумпи, како пионери и водечки производители на технологија во нашата струка, секогаш пронаоѓаме нови можности за оптимизација којашто ви ја пружаме и ја применуваме во најдобар квалитет.

Голема компетентност на системот – високоинтегративен со IF-модулот

Wilo пумпите со интерфејс модул можете да ги интегрирате брзо и едноставно во понудените системи за автоматизација на зграда. Модулот ги поддржува сите моментални стандарди како што се BACnet, CAN-Bus и Modbus, овозможува пораки што се однесуваат на процесот и мерни вредности за оптимална работа на постројката, а овозможува и далечинско управување со пумпата.

Иновативно поддржување на планирањето – применување софтвер за поголема ефикасност

Ние посакуваме да можете да се концентрирате само на она што е најважно: Вашата работа. Поради тоа ви пружаме дополнителен избор на софтверска поддршка којашто секојдневно може да биде од ефективна помош за време на вашата работа. Интернет помошта како што е Building Information Modeling, Wilo-LCC-Check за одредување на потенцијалот во штедењето и времето на амортизација.

Building Information Modeling - Wilo е подготвен за BIM

Како еден од првите производители, ви даваме на располагање комплетни BIM податоци за производ за нашите грејни пумпи на наједноставен начин. Така можете уште пефикасно да го интегрирате вашето планирање со BIM (Building Information Modeling) во комплетно планирање и евидентно да ја поедноставите соработката со другите учесници во проектот. Можете да биде сигурни:

Дознајте повеќе

Wilo-Select 4 online – консултант за пумпи

Со дизајнот на софтверот Wilo-Select 4 online за само неколку секунди ќе ја пронајдете одговарачката пумпа за вшата примена со сите важни информации.

Дознајте повеќе

Интернет CAD каталог - 2D - и 3D податоци за Wilo пумпите

Може многу лесно и едноставно да се преземат точни 2D и 3D цртежи.

Дознајте повеќе

Wilo-LCC-Check ги пресметува трошоците за животниот циклус и потенцијалот за заштеда

Со Wilo-LCC-Check можете брзо и насочено да ја пронајдете идеалната пумпа за замена и да ги убедите вашите корисници со приказ на пресметаниот потенцијал за заштеда во евра и точно време за амортизација.

Дознајте повеќе

Апликацијата Wilo-Assistent ве советува на лице место

Со помош на апликацијата Wilo-Assistent можете да користите важни информации и функции за советување на клиентот на лице место преку вашиот паметен телефон или таблет бидејќи за 95% од функциите е потребно поврзување на интернет.

Дознајте повеќе

Интернет каталог на производи – со само неколку кликови до сите битни информации

Во нашиот интернет каталог ќе пронајдете информации за програмата на Wilo производи, одредени полиња на примена, упатство за вградување и работа како и технички детали врзани за пумпата. Со само неколку кликови добивате избор на модел којшто одговара на вашите потреби.

Дознајте повеќе

Обемна поддршка за време на проектирањето

Wilo ви нуди сѐ на едно место. Нашите стручњаци ве поддржуваат со својот ангажман во секоја фаза од проектот, од планирање и димензионирање до пуштање во работа. Покрај тоа ви ги пружаат сите релевантни информации за успешно водење на вашиот проект и за олеснување на вашата работа. За тоа ги имате на располагање нашите лични Wilo стручњаци – секако, на лице место.

Иновативна технологија

Wilo е име коешто означува иновативна технологија и светски позната стручност. При тоа не ви нудиме само најмодерни производи, туку и комплетни системски решенија коишто го олеснуваат планирањето.