Пумпите треба прецизно да се контролираат со помош на зградните контролни системи (GLT)

Четирите светски титули секогаш ќе евоцираат еуфорични моменти кај генерации на фудбалски обожаватели. Германскиот фудбалски музеј во Дортмунд ни раскажува како се освоени овие титули, но и многу други интересни приказни. „Action Arena“, делот за настани и за гастрономија го заокружуваат искуството на „фудбалот“ во вистинската смисла на зборот. Мултифункционалниот концепт во иста мера има голема потреба во однос на климатизирањето. За да се овозможи општо оптимална зона на комфорна температура, овде е употребен „нов тактички систем“. Во тоа се вклучени и Wilo пумпите, коишто се контролирани од зградните контролни системи и коишто промовираат топлење и ладење.

Мултифункционална арена со разладувачки касети во таванот

Искористеност по целата „ширина на теренот за игра“

Сепак, потребата за климатизацијата - дистрибуцијата на топлење и ладење - не можеше да биде поразлична.

Повеќеметарското предно стакло со мултимедијални елементи им ги нуди на посетителите првите погледи во светот на германскиот фудбал - и затоа не смее да се замаглува.

Спектарот на површината и на просторноста е голем. Во мултифункционалната арена на долниот кат, обожавателите можат да се испробаат во фудбал на теренот за играње и дури и добро да се испотат ако просторот нема пријатна климатизација.

Додека посетителите се шетаат комфорно низ музејот, на друг кат се наоѓа просторот за настани и гала-свечености - од тивки вечери до гласни забави. За најдоброто спортско-кулинарско искуство се погрижуваат различните гастрономски делови во кои можете опуштено да направите мала пауза.

„Системот на игра“ на дистрибуцијата на топлење и ладење

За да се обезбедат оптимални климатски услови за различните активности, се искористува целиот „терен за игра“ во однос на неговите технички можности. За енергијата за греењето се погрижува приклучокот за локално греење од 400 kW. Ладењето го помагаат два комплета со ладна вода со моќност од 300 kW. За да функционира на најекономичен можен начин, споени се со систем за слободно ладење со директно испарување. Освен тоа, постројката за климатизација функционира со адиабатско ладење. Дистрибуцијата на топлењето и ладењето следува со различни постројки приспособени на типот и потребата: преку проветрување надополнето со површинската температура, подните конвектори или радијатори.

Музејски нивоа со многу интересни реквизити и мултимедиски презентации

Пумпите се секогаш во увид со зградните контролни системи и можат да се регулираат за различни сценарија на климатизирање со помалку кликнувања.

Зградните контролни системи овозможуваат „флексибилна тактика“

Сите системи на топлење и ладење се контролираат со зградните контролни системи (GLT). Исто така, во зависност од температурата и времето, се регулираат и циркулационите пумпи (Wilo-Stratos, приклучна ширина DN 65) за секоја дистрибуција. Тоа гарантира доволно, но економично и навремено одржување на температурата на поединечните делови на зградата, коешто сепак не е потребно нонстоп.

Изложбените области од зградата на првиот и вториот кат се греат и ладат со помош на систем за проветрување. Во фоајето се инсталирани подни конвектори. Ги снабдуваат високите стаклени површини со топол воздх по целата нивна должина. Тоа спречува насобирање на струите со ладен воздух за време на сезоната на ладење и спречува замаглување на прозорците. Во мултифункционалната арена има дополнително подно греење, коешто се користи и за пасивно ладење. Поради тоа, таму може да се организираат гала-свечености во голем стил, но може и да се внесе многу „акција“ кога се поставува фудбалскиот терен. А, бидејќи големите стаклени елементи носат доволно топлина на лето, во таванот се ставаат разладувачки касети како дополнение на изладениот воздух за врвното оптоварување. Споредните простории пак се загреваат со конвенционални радијатори. Во зависност од температурното ниво, Wilo пумпите за поединечните кола на топлење и ладење ја доставуваат потребна количина на енергија.

За техничкиот раководител на Германскиот фудбалски музеј, дипломираниот економичар и инжинер, Андреас Хајне, поврзувањето на пумпите со зградните контролни системи е од одлучувачко значење: Побарувачката за топлење и за ладење варира во зависност од надворешната температура и времето согласно редовните работни часови на музејот. Ако се случува некој специјален настан, тогаш се отстапува од таа рутина. И тоа се одвива благодарение на зградните контролни системи со само еден клик или допир: Дури и во техничкиот центар, системот за топлење и ладење се контролира преку екран на допир. Освен тоа, температурите и времињата за единица на користење мора да се приспособуваат преку зградните контролни системи како кај работни простории. Ако, на пример, во делот за настани се случува вечерен настан, терминот се внесува во календарот на зградните контролни системи, како и посакуваната температура за тој период. Зградните контролни системи самостојно ја одредуваат температурата на просторијата во зависност од надворешната. Но, тоа може секогаш и рачно да се одреди, а температурата во деловите од зградата коишто не се користат за време на настани надвор од работното време се сведува на вообичаената којашто е потребна за одржување.

Дипломиран економичар и инжинер Андреас Хајне, технички раководител на Германскиот фудбалски музеј

Брзо вклучување/исклучување со технологијата за пумпи на Wilo

Значителен придонес за ограничувањето на примарната побарувачка за енергија даваат 21 високопродуктивна пумпа Wilo - 15 циркулациони пумпи за дистрибуција на топлина и шест за дистрибуција на ладење. Циркулационите пумпи со воден ротор од серијата Wilo-Stratos (видете ги кутиите) имаат индекс на енергетска ефикасност од ≤ 0,20. Во моментот, тоа е одредиштето во Регулативата за еколошки дизајн (ErP). Освен тоа, пумпите го искористуваат потенцијалот за заштеда на континуирано регулирачките EC-мотори преку таканаречената „Q-Limit“. Со ова се ограничува протокот во секое вертикално коло на вредност што може да се подеси меѓу 25 и 90 проценти од максималната проточна количина. Доколку се постигне претходно поставената вредност, пумпата се регулира според карактеристиката на ова ограничување. Така може брзо и по потреба да се приспособи стапката на проток и истовремено да се избегнат подоцнежни неефикасни сценарија на топлење и ладење.

„Wilo-Stratos“ со DN 65 во 21 систем за топлење и ладење

Wilo-Stratos: Шпицот на циркулациона пумпа со EC-мотор при потрошувачка на енергија и комуникација

Пумпата со воден ротор Wilo-Stratos е направена за примена во топловодно греење, постројка за климатизација и затворен кружен систем за ладење. Индексот на енергетска ефикасност (EEI) за единечна пумпа е ≤ 0,20. Со претходно подесените ограничувања на стапката на проток (Q-Limit функција), можно е ефикасно приспособување на работата.

Општо земено, пумпата може да се приспособи на четири работни режими:

  • Регулациски режим (n=constant)
  • Δp-c за константен диференцијален притисок
  • Δp-v за варијабилен диференцијален притисок
  • Δp-T за температурно воден диференцијален притисок

Притоа EC-моторот ги има сите предности за континуирана регулација. Тука доаѓа и можност за управување преку зградните контролни системи. „Wilo-Stratos“ може да се опреми со интерфејсите Modbus, BACnet, CAN, LON, PLR, DP, Ext. Off, Ext. Min., SBM, Ext. Off/SBM. Хидрауличните приклучоци се движат меѓу DN 32 и DN 100, номиналниот притисок од 6/10 bar и 16 bar како специјално решение.

дознајте повеќе
Daten & Fakten
Projekt Deutsches Fußballmuseum
Dortmund
Deutschland
Fertigstellung 2015

Wilo-Produkte

Wilo-Stratos