Ефикасни решенија за растечката побарувачка за енергија

Енергијата е основата на животот. Животните, растенијата и луѓето ја користат затоа што им е потребна. Затоа потребите за енергија во светот растат постојано и сè побрзо. Една од најважните задачи на технолошкиот напредок е ефикасното искористување и ефикасното произведување на енергија. Електраната Анпара во Индија е една од најновите и истовремено најголемите електрани на јаглен во Азија. Кога нешто се планира и изведува, не е само економската ефикасност најважното нешто, туку и постигнувањето на еколошки баланс.

Развој на пумпи заснован на побарувачката за исклучителни потреби

За да се задоволи гигантската побарувачка за вода за ладење за оваа 1.200 мегаватна електрана, Wilo разви сопствен тип на пумпа со цевкесто куќиште. Вкупно пет такви гигантски пумпи се применети за транспорт на водата за ладење. Задачата вклучува извлекување и транспорт на необработена вода, користена вода и вода за ладење, наводнување и одводнување, како и гаранција за заштита од преплавување. Секоја пумпа има погонска моќност од околу 3.400 kW и транспортира 35.600 m³ вода на час. Ова е најголемата пумпа за вода за ладење во енергетскиот сектор на југоисточна Азија.

Околу 90% хидраулична ефикасност

Целата постројка е направена според специфичната потреби, но и за големи количини вода. Со примена на најмодерни материјали и технологии, пумпите достигнуваат исклучителна 90% хидраулична ефикасност.Енергетскиот потенцијал за штедење на вода се должи на долгогодишното искуство на Wilo во полето на високо ефикасна хидраулика и на опсег на моќност, којшто е прилично висок и води кон огромна заштеда на енергетските трошоци.

Daten & Fakten
Projekt Energiewirtschaft - Kraftwerk Anpara
Anpara
Indien
Fertigstellung 2014

Wilo производи