Изградба на Хамбуршката агенција за урбан развој и животна средина (BSU):

Употребата на геотермиката комбинирано со термоактивните прекривки и комплексниот систем на проветрување е највпечатливото нешто во главното седиште на Хамбуршката агенција за урбан развој и животна средина (BSU). Високо ефикасната технологија на Wilo за пумпи игра централна улога во добивањето топлина и разладување, како и во водоснабдувањето.

Во Јавното претпријатие за геоинформации и мерења (LGV) работат речиси 1.500 вработени на површина од повеќе од 61.000 m2. Мултифункционалниот комплекс не е само визуелно привлечен. Тој ги исполнува и сите строги услови за животната околина и претставува една од најекономичните административни згради во Германија. Следствено на тоа, како еден исклучителен проект, новата зграда беше наградена со Златен сертификат од германската асоцијација за одржливи градби (DGNB) на настанот „Интернационален градежен саем во Хамбург“. „Високиот градежен стандард се базира на еден опфатен енергетски концепт што се содржи од ефективна меѓуигра на обновливите енергии и конзистентна имплементација на критериумите за пасивна куќа“, објаснува Алекс Хупфелд, проектен менаџер на Obermeyer Planen + Beraten GmbH. „Комплексот има годишна потреба од енергија од 58,13 kWh/m2a што е очигледно под оригиналните спецификации на клиентот од 70 kWh/m2a. И потребата за затоплување е под побараната максимална граница од 15 kWh/m2a и според тоа соодветствува на стандардот за пасивна куќа.

Агенцијата за урбан развој и животна средина (BSU) се смета за енергетски најефикасната административна зграда во Германија.

Геотермиката како основа за одржлив енергетски концепт

Како регенеративен извор на енергија, геотермиката е основата на концептот, а температурата на просториите се контролира со термоактивни прекривки. Високо ефикасната технологија на Wilo за пумпи обезбедува еколошка работа на системите за греење и ладење како и стабилно водоснабдување за санитарните области. Зградата лежи севкупно на 1.640 вкопани столбови од по 19 метри. Половина од тоа се употребува за апсорбирање на геотермиката (изворна температура: 13 °C во просек годишно). Две соленици/водни пумпи за загревање ја обезбедуваат зградата со вода за греење преку систем на соленица со температура на проток од 50 °C. Основното оптоварување го преземаат пумпите за загревање. Со нив операрира Hamburg Energie со помош на еколошка струја и обезбедува локално греење со покривање на врвното оптоварување. Како резултат на тоа, пумпите за загревање и локалното греење го покриваат врвното оптоварување на зградата и при надворешни температури од минус 12 °C. Бивалентниот концепт исто така дозволува повторно напојување со помош на локално греење во случај кога геотермиката е во пад или е исцрпена. „За да се спречи можниот губиток на геотермичкото поле, компензираме за губитокот на топлината во зима преку испуштање на топлината во земјата што се губи за време на летниот период“, објаснува Јерн Деликат, одговорниот планер за проектот при Obermeyer.

Двостепено ладење во летните месеци

Од една страна, ладењето се состои од две разладни кули што се наоѓаат на покривот, а од друга страна од геотермичко поле, ако надворешната температура на воздухот повеќе не дозволува употреба на сув разладувач.За да има стабилна и економична работа на состемот за греење и ладење се грижат електронски регулираните Wilo-Inline-пумпи, на страната на ладење се двојните пумпи од типот CronoTwin-DL-E, а на страните на соленица и на греење на пумпите за загревање се пумпите VeroLine-IP-E, како и разменувачот на топлина во циркулациониот круг на гликол. Интегрираното електронско прилагодување на моќноста на пумпа со сув ротор служи за добивањето на висока енергетска ефикасност.

Термоактивни прекривки за греење и ладење

Температурата на просторија е одржувана со два компензациски резервоари, секој со капацитет од 5,000 литри. Од таму следува супдистрибуирањето до различните згради со нивните одделни циркулации на греење и ладење за термоактивните прекривки долж една заедничка површина од 22,000 m2. Системските температури на петкатните згради се движат околу 49 °C/28 °C (греење) како и 14 °C/22 °C (ладење), додека Inline-пумпите VeroLine-IP-E се грижат за циркулацијата. Од друга страна термоактивните прекривки на висококатниците функционираат со проточни и повратни температури од 32 °C/28 °C (греење) и 18 °C/22 °C (ладење). Ова резултира со константа ∆T од 4 К, за во обата случаи да биде потребен масовен проток и за да може да се избегне инаку потребното вклучување при работната точка на техниката на пумпите. Две Wilo-Stratos високопродуктивни пумпи се грижат за максимален проток од околу 30 m3/h.

Во неколку области без термоактивни прекривки се поставени конвектори, подно греење и статични грејни површини. Во зима се обезбедени грејни регистри на централниот уред за вентилација за повторно загревање на надворешниот воздух. Во сродните грејни кола работат дополнителни седум Wilo-Stratos високопродуктивни пумпи, чиишто EC-мотори го контролираат потребниот број на вртежи со што гарантираат енергетски ефикасна дистрибуција на топлината и разладувањето. Особено во областа на делумно оптоварување, коешто претставува до 94 % од работното време, се постигнува значително намалување на потрошувачката на струја во однос на нерегулираните пумпи.

Геотермиката со две соленици/водни пумпи за загревање е централниот елемент на потрошувачката на енергија.

Искористување на дождовница ја намалува потрошувачката на вода за пиење

При снабдувањето со вода за пиење се зема предвид екологијата и исплатливоста. Согласно хамбуршките прописи за јавни згради, инсталирана е мрежа за ладна вода, којашто е потпомогната со децентрализирано греење на водата во специјални случаи. Систем за зголемување на притисокот Wilo-Comfort-Vario гарантира снабдување со вода за пиење за висококатници. За да се намали потрошувачката на вода за пиење, се искористува дождовницата што паѓа на кровните површини и се чисти со филтерски систем на ротирачки барабани, се собира во цистерна и на крајот се одведува понатаму со помош на систем за зголемување на притисокот во одделна мрежа за сива вода. Дождовницата се користи за тоалетите во сите делови на зградата. Притоа, обезбедено е и управување со отпадната и нечиста вода на комплексот. Се применуваат различни потопони пумпи за отпадна вода и системи за одведување на отпадна вода од Wilo, за да може да се одведе отпадната вода под нивото на повратниот притисок во хамбуршките преплавувачки системи.

Како суштински елементи на концептот на вентилација, просторните атриуми се погрижуваат за доволна просторност.

Пригодна клима во просторите со голема енергетска ефикасност

„Оптималната комбинација на различните мерки го прави седиштето на BSU енергетски најефикасната административна зграда во Германија. По 1 и пол година користење, стана јасно дека потребните критериуми за комфор и вредностите за температура може да се одржуваат низ целата година“, заклучува Деликат. „Се обезбедува константна температура на просторијата од 21 °C со помош на супериорната регулација. Во лето температурите секогаш се движат во рамките околу 25 °C.“ За да се оптимизира потенцијалот за заштеда на енергија на зградата, проектните менаџери се потпираат и на учеството на корисниците. Тоа значи препораки за правилно ракување на вентилациските клапни. Во соработка со TU Hamburg-Harburg, развиениот мониторинг на енергијата обезбедува дополнителни извештаи поврзани со потрошувачката на зградата и така се промовира сензибилност кај корисниците. „Првите резултати покажуваат дека побарувачката за енергија е и понатаму под оригиналните прогнози. Со тоа се потврдуваат нашите искуства што досега ги стекнавме во рамките на надгледувањето на гаранцијата“, вели Хупфилд.

Податоци и факти:
Проект Агенција за урбан развој и животна средина (BSU), Хамбург
Завршено 2013
Година на изградба Sprinkenhof GmbH
Архитекти Sauerbruch Hutton / Innius RR GmbH
Изведба на зградната и енергетската техника Obermeyer Planen + Beraten GmbH
Снабдување со енергија 2 соленици/водни пумпи за загревање (464 kW моќност на греење)
Приклучоци за локално загревање (750 kW моќност на греење)
2 суви разладувачи (230 kW моќност на ладење)

Техника на пумпа

Високопродуктивна пумпа Wilo-Stratos

Двојни пумпи Wilo-CronoTwin-DL-E Inline

Inline-пумпи Wilo-CronoLine-IL-E

Inline-пумпи Wilo-VeroLine-IP-E

Систем за зголемување на притисокот Wilo-Comfort-Vario

Постројка за одведување на отпадна вода Wilo-DrainLift M

Потопна пумпа за нечиста вода Wilo-Drain TM

Потопна пумпа за отпадна вода Wilo-Drain STS 40

Потопна пумпа за отпадна вода Wilo-Drain TP