Планирање за поголем раст на туризмот

Излетничкиот остров Уседом покажува колку може да биде безбедна и одржлива одлуката за добро дизајниран систем за отпадна вода. Уште пред 18 години, на одговорните служби им стана јасна ситуацијата околу островот и дека неговата сè поголема популарност ќе предизвика големи потреба за постројка за отпадна вода.Островот Уседом лоциран во Балтичкото море е вториот најголем остров во Германија со 445 km². Со просечно 1.900 сончеви часови во годината, Уседом редовно е најсончевата област во Германија и привлекува сè повеќе туристи секоја година.

Индивидуални решенија за сезонските предизвици

Кога бројот на луѓе се зголемува за трипати во летните месеци, агенцијата за водоснабдувањето/отстранувањето отпадна вода забележи дека се произведува 70 % повеќе отпадна вода. Затоа, одговорните служби требаше да ги земат предвид сите инфраструктурни мерки во однос на сезонските потреби на островот. Освен тоа, количината на отпадна вода е секогаш цврсто поврзана со однесувањето на жителите и на туристите. Канализацијата и пумпните станици мора секогаш да бидат направени да се справуваат со максималната количина на отпадна вода и со истовремено зголемените цврсти материи. Заедно со Wilo како системски партнер, направен е избор за економично и ефтино притисочно одводнување. Комплексната постројка за отпадна вода се состои од 13 Wilo шахтни пумпни станици со оперативно сигурен систем за отстранување цврсти материи. Затоа сите шахтни пумпни станици мора да бидат точно предвидени и конструирани според количината на прилив и според длабочината на приливот.

Ова за нас претставува економично решение и го прави планирање посигурно“, вели Манфред Шулц од Агенцијата за вода/отпадна вода на островот Уседом: „Wilo за нас претставува правилното решение.“

18 години без дефекти – најубедливиот аргумент

Сето ова заедно дава стабилен транспорт на отпадната вода - што е резултат на свесното планирање на постројката, каде што беа направени долгорочни мерења на различни точки. На тој начин се добиени принципите за пресметување на потребниот капацитет на постројката - како и просечната потрошувачка по глава на жител и со тоа и на приливните количини. „Со Wilo намерата беше да се добие добро познат партнер за доверлив систем за отстранување цврсти материи. Притоа ни беше важно да одбереме некој со поединечно познавање на постројки за отпадните води, којшто по мерка ќе ја приспособи специфичната структура за отпадна вода. Во пракса тоа и точно се случи. Утре можеме да кажеме дека системот за отстранување цврсти материи на Уседом е апсолутно без никаков дефект веќе 18 години. Ова за нас претставува економично решение и го прави планирање посигурно“, вели Манфред Шулц од Агенцијата за вода/отпадна вода на островот Уседом.

Податоци и факти
Проект Abwassersystem auf Usedom
Insel Usedom
Deutschland
Изработка 2014
Година на производство Zweckverband Wasser/Abwasser
Zum Achterwasser 6
Ückeritz
Инсталирани производи Wilo-EMUport CORE

Wilo-Produkte

Wilo-EMUport CORE