Железничката станица „Пратерштерн“ ја посетуваат околу 100,000 патници секој ден и е навистина фреквентна сообраќајна крстосница. (Фото: ÖBB/Robert Deopito)

Виенската Северна железничка станица го надгледува на системот за одведување на отпадна вода преку интернет

Со околу 25,000 имоти, 5,000 згради и над 1,000 железнички станици, Австриската сојузна железница (ÖBB) е една од најголемите сопственици на надвижен имот во алпската земја. Околу 760 високообучени стручни лица ја одржуваат инфраструктурата нонстоп. За да се поддржи безбедното отклонување на отпадната вода во железничките станици, функционираат интернет-базирани услуги во виенската северна железничка станица „Пратерштерн“. И пумпите и мрежната инфраструктура се од Wilo. Комплексот којшто беше целосно реновиран во 2008 им нуди на патниците пријатна средина заедно со тоалети. За да се загарантира максимална ефикасност, безбедностп при работа и перформанси, ÖBB се реши за нов систем за одведување на отпадна вода „EMUport“ од Wilo.

Дознајте повеќе

Железничките тоалети - еден особен предизвик

„Хигиеничарскиот и супервизорскиот персонал може да го одржува одличниот квалитет на санитарната инфраструктура истовремено гарантирајќи функционалност“, објаснува Андреас Куфал од техничкиот менаџмент на ÖBB во Виена. Со оглед дека се работи за многу фреквентно санитарно место, функционирањето не е секогаш едноставно да се загарантира: Во тоалетите корисниците пуштаат секакви предмети коишто можат да ја блокираат работата на пумпите за отпадна вода. Последиците се непријатни и за корисниците што влегуваат по нив. „Во минатото моравме да правиме неколку поправки секоја недела за да ги одзатнеме пумпите од цврсти материјали“, вели Куфал.

Систем за отстранување цврсти материи за заштита на пумпите

Wilo системот за одведување на отпадна вода „EMUport“ значително го намали ризикот од затнување. 21 „EMUport“ системи веќе успешно ја отклонуваат отпадната вода во ново изградената главна железничка станица на Виена. „На основа на доброто искуство, се решивме исто така за овој систем на отстранување цврсти материи во станицата 'Пратерштерн'“, вели Куфал.

Принципот развиен од Wilo за систем за отстранување цврсти материи значи прво течење на отпадната вода во еден резервоар, каде што решетка ги задржува цврстите материи. Таквата отпадна вода тече низ пумпата и се собира во резервоар. Штом се достигне претходно одреденото ниво, пумпата ја испорачува отпадната вода од резервоарот назад во садот за цврсти материи. Оттаму цврстите материи се транспортираат преку притисочна линија во мрежа од канали. Постројката употребува две комори за отстранување цврсти материи и пумпи. Работат наизменично, додека пак кога постои дефект или треба да се изврши одржување, работат заеднички со што гарантираат непрекинато отклонување на отпадната вода.

Дознајте повеќе

Редовните проверки на функциите и превентивното одржување се решавачки за работниот век

Системот за отстранување на цврсти материи значи дека материите со голем потенцијал за затнување се држат настрана од хидрауликата на пумпата, но пумпите на системот за одведување на отпадна вода има потреба од редовно одржување. За таа цел, конкретните интервали и мерки се наведени во стандардот DIN EN 12056-4. Кога е во комерцијална употреба, постројката мора да биде сервисирана секои три месеци од страна на квалификувани лица. Освен тоа, функционалноста на системот за одведување на отпадна вода мора да биде проверуван еднаш месечно од страна на раководителот во барем два циклуса.

Тоа е огромен напор во поглед на огромната инфраструктура на ÖBB. „Поради интензивната употреба на железничките станици, имаме неколку прекини во месецот“, објаснува Андреас Куфал за масовното користење на санитарната инфраструктура. Концептот „WiloCare“ се потпира на два столба: Стандардизирано одржување според DIN EN 12056-4 како и превенција за време на надгледувањето на постројката во реално време. За таа цел, системот за одведување на отпадна вода е опремен со дополнителни сензори, коишто испраќаат параметри за постројката до Wilo Cloud. „За цел чување на податоците на сигурно, користиме сопствен систем базиран на интернет“, вели Нико Кеслинг. „Ги анализира сите одлучувачки работни параметри во реално време. Доколку дојде до некое невообичаено зголемување во влезната моќност на пумпата, сервисните техничари на Wilo можат да го откријат проблемот со помош на податоците и да го отстранат на лице место пред да дојде до пад на системот“.

Во зависност од избраниот сервисен пакет, работните пакети се наплаќаат дополнително на големиот број договорени пакети, или пак се веќе вклучени во сервисниот пакет. „Освен техничката транспарентност преку месечни извештаи за статусот, се добива и транспарентност во пресметката на трошоците“, вели одговорниот раководител Андреас Куфал за уште една од дополнителните предности. Со тоа и му се олеснува на самиот персонал.„Редовните проверки за функционалноста и превентивното одржување се од голема суштина за работниот век“, вели Томас Хубер, сервисен раководител за WILO Pumpen Österreich GmbH. „Ако работниот век е краток“, вели Хубер, „пумпите нема да траат уште многу долго и трошоците за животните циклуси се зголемуваат без разлика на производителот“.

(2016_05_20 Steuerung Hebeanlage) Die Hebeanlage ist sowohl an das Kanalnetz angeschlossen – ca sechs Meter unter der Rückstauebene – als auch an das Datennetz. Die Online-Überwachung durch den Service „WiloCare“ erhöht die Betriebssicherheit und Lebensdauer der Anlage beträchtlich. (Foto: ÖBB/ Andreas Coufal)

Системот за одведување на отпадна вода е поврзан и со канализационата мрежа - околу шест метри под нивото на повратниот притисок - како и со мрежата за податоци. Надгледување преку услугата „WiloCare“ на интернет значително ја зголемува безбедноста при работа и работниот век на постројка. (Фото: ÖBB/ Andreas Coufal)

Дигитализацијата го олеснува надгледувањето

Со примената на „EMUports“ со системот за отстранување цврсти материи, сервисирањето се намалува за околу 50 проценти. Со помош на надгледувањето „WiloCare“, нема да наидете на никакви дефекти повеќе, бидејќи оваа услуга се употребува за оптимизирање на работните параметри и со тоа се отстрануваат и изворите на дефекти. Од друга страна, редовните одржувања од страна на специјализирани техничари од Wilo и навремените проверки на резервоарот за цврсти материи од страна на работниците на ÖBB се основа за сигурна работа.

Функционалноста и чистотата на санитарната инфраструктура се важен придонес за виенската северна железничка станица и за магнетот за посетители во близина, забавниот парк Пратер, како и за имиџот на сообраќајната крстосница од околу 100,000 патници дневно.

Checkliste Wilo Care

‘WiloCare’

Функционалноста и чистотата на санитарната инфраструктура се важен придонес за виенската северна железничка станица и за магнетот за посетители во близина, забавниот парк Пратер, како и за имиџот на сообраќајната крстосница од околу 100,000 патници дневно.

Find out more
Daten & Fakten
Projekt Nordbahnhof Praterstern
Wien
Österreich
Fertigstellung 2016
Bauherr Österreichischen Bundesbahnen (ÖBB)
Nordbahnstraße 50
Wien
Österreich
www.oebb-immobilien.at
Installierte Produkt Wilo-EMUport CORE