Го пробиваме патот за вас – размислување надвор од само во рамките на пумпите

Wilo решенија – нашата цел се иновативните производни решенија

„Pioneering for You.“. Тоа е нашата цел со сето она што го правиме. На основа на оваа цел, развиваме различни интелигентни пумпи и системи коишто го прават секојдневието на нашите потрошувачи поедноставно и попријатно. Нашите енергетски ефикасни решенија не се осмислени само за куќи со едно или повеќе семејства, туку и за објекти за изнајмување, деловни и комерцијални објекти. Wilo ви нуди индивидуални решенија и многу ефективна технологија во областа на греење, климатизација, разладување, топла вода за пиење, водоснабдување како и отстранување на нечиста и отпадна вода.

Дознајте повеќе

Со тоа ви нудиме и иновативно надгледување со обемни понуди во однос на сервисот. Сѐ почнува со советување во однос на проектот во фазата на планирање на нов проект, интегрирање на предодредени системи, проактивна замена на пумпи, финансирање, помош при пуштање во работа, пробни тестови на производот, дополнително одржување со помош на корисничкиот сервис на Wilo, па сѐ до стручни семинари.

Дознајте повеќе

Wilo-Stratos MAXO – поврзување на производи благодарение на паметната мрежа

Поврзувањето со мобилни уреди и дректното вмрежување на пумпите станува сѐ поважно. Wilo-Stratos MAXO претставува нова категорија на пумпи: разиграно лесно за употреба и вмрежување. Високата способност за поврзување овозможува паметно вмрежување на вашата пумпа и пумпните системи, и ви дава преглед на поставеноста и состојбата на работата преку вашиот мобилен уред.

Дознајте повеќе

Wilo-SmartHome – за вмрежено домаќинство

Со цел да се подобри квалитетот на животот и домување и да се пружи поголема безбедност и енергетска ефикасност, сѐ повеќе атрактивно станува „интелигентното домување“. Со помош на вмрежување на различните компоненти коишто се една со друга во комуникација се создава пријатна средина и се поедноставува секојдневието: индивидуалните временски профили штедат енергија, сензорите на вратите и прозорите пружаат безбедност, а паметниот телефон ве предупредува ако постои опасност за затнување на уредот за подигнување. Wilo е првиот производител на пумпи во светот, којшто претставува асортиман на пумпи како што е Smart Home.

Contractor Uwe

Wilo-Energy Solutions – проактивно делување

Енергетските трошоци постојано растат – главната цел за вас е да продолжите со работата. Бидејќи оној којшто сака економски да напредува во менаџирањето на една зграда или во работатата со индустриски постројки, мора да се префрли на високо ефективна технологија. Wilo-Energy Solutions опфаќа проактивна размена на функционални, но неефективни пумпи и пумпни системи со високоефективната Wilo технологија. На тој начин се смалува употребата на струја до 90% за пумпата да работи во згради и постројки и се профитира со дополнителните предности како што се сигурноста во иднината, снабдувањето и хигиената.

Спектарот на примена се движи од комунални до јавни земјишта, управи или образовни установи, па сѐ до болници.

Daniel Podgorny informs about pump funding

Wilo-Financial Services – финансирање на замена со SMART пумпа

Запознаени сме со тоа дека вашата инвестиција во поглед на енергетската ефикасност ќе биде во спрега со бројни проекти. Покрај тоа, банките обично знаат да го одолговлечат финансирањето на малите и средните инвестиции од областа на енергетска ефикасност. Сакаме да ги исклучиме можните проблеми со финансирањето бидејќи знаеме дека заштедата на енергија е доволно за да се рефинансира проактивна замена на пумпа. Со помош на решението SMART за финансирање, веднаш се ослободува ликвидност којашто постои за останатите проекти и понатаму расте.

Operator of the waste water treatment plant in Almere (Bart van der Stoep)

Wilo-Try & Buy – тестирање без ризик

Важните и одлучувачки фактори за инвестирање во нешто се сигурноста на производот и неговото ефикасно работење. Со оглед на тоа дека во фазата на планирање е тешко да се направи процена, ние ви ја нудиме можноста „Try & Buy“ со која можете да ги тестирате нашите производи шест месеци во вашите постројки.

WiloCare – комплетен пакет за максимална сигурност

WiloCare ви нуди сеопфатен сервисен пакет којшто во секој момент ви обезбедува оптимална и енергетски ефикасна работа на вашата пумпа и постројката по фиксна цена

Wilo – обука и тренинг – опфатно и практично решение

Нашите обуки и тренинзи се ориентирани кон дијалог и нудат практични упатства од страна на искусни стручњаци коишто ви ја олеснуваат работата онака како шо е можно со помош на нашите производи во вашето секојдневие.