Експлоатација, подготовка и употреба на водата

Интелигентни технолошки решенија – решавање на недостатокот на вода

Водата спаѓа во едни од најдрагоцените ресурси на земјата. Постојаниот раст на бројот на жители влијае на нејзината употреба: за пиење, перење и чистење, како и во земјоделството и индустријата. Глобалниот недостаток на вода е особено аларамантен проблем - и крие голем потенцијал за конфликти. Поради тоа експлоатацијата и подготовката на вода за употреба спаѓаат во најважните предизвици за иднината. Wilo развива пумпи и системи со чијашто помош може да се користат и оптимизираат нови извори и методи на експлоатација на водата. Нашите флексибилни решенија гарантираат доверливо снабдување и приспособување на потребите во различни згради како куќи со повеќе семејства, училишта или индустриски комплекси. Со помош на индивидуалните концепти и високоефикасните технологии, напредуваме кон градење на интелигентна мрежа и ширење на децентрализираните уреди за подготовка на вода. Пумпите и пумпните системи се применуваат за искористување на дождовницата, водоснабдување и зголемување на притисокот, снабдување со вода за гасење пожари, подготовка на водата, експлоатација на необработена вода, отсолување и комерцијално земјоделство.

Сигурна подготовка на водата – свежа вода од долината на Јордан

Постојат земји во кои водоснабдувањето е огромен предизвик. На пример, Јордан, којашто е една од најсиромашните земји на светот во контекст на вода. Свежата вода се пумпа од јорданската долина од 1,400 метри надморска височина во големите градови. Растот на бројот на жители и старите цевководи коишто не дихтуваат само го отежнуваат проблемот. Новата опрема и пред сѐ прирачниците, Wilo ги испорача директно во пумпната станица за вода за пиење во Ебкерехех. Опремен со две ефикасни пумпи со притисочна обвивка од типот EMU K, енергетски штедлив систем и ново надгледување, пумпната станица сега обезбедува вода за 50,000 луѓе. А притоа штеди повеќе од 1,5 милиони kW/H, 1,100 тона јаглеродиоксид и преку 110,000 евра коишто годишно се издвојуваат за потрошувачка на струја.

Сигурни системи за отпадна вода – за градови во раст

Градовите се животните простори на иднината – и претставуваат голем предизвик. Еден од предизвиците е отстранување на нечиста и отпадна вода со што се исполнуваат хигиенските стандарди и се избегнува оптеретување коешто предизвикува смрдеа. Насекаде каде што отпадната вода не влегува во слободен пад во канализација, се употребуваат ефективни пумпи за отпадна вода и уреди за подигање. Производите и системите од Wilo коишто се јаки во спроведувањето и се особено економични, ја собираат и сигурно ја пренесуваат отпадната вода за да ги заштитат ресурсите. Со развивањето ефективни решенија за третирање на отпадната вода, допринесуваме за заштита на околината и одржливо снабдување со светските ресурси на вода.

Модуларна инфраструктура на водата – во растечките мегаполиси

Никаде не се итно потребни технолошки концепти како во растечките мегаполиси во Латинска Америка, Африка и Азија. Во рамките на истражувачкиот проект Semizentral, Wilo работи заедно со техничкиот универзитет во Дармштат на примена на флексибилна инфраструктура. Semizentral расте со градовите и ја интегрира отпадната вода и органските отпади на струја во модуларни концептуални решенија. Во пилот-постројките во кинескиот град Чингдао, се употребуваат 56 Hightech пумпи: Тие допринесуваат да се создаде вода и енергија од отпадните води и органскиот отпад, коишто ќе може потоа да се употребуваат. Мешалките со потопен мотор, пумпите како и постројките за зголемување на притисокот и системите за гасење пожар овозможуваат енергетски независна работа долж целата постројка со висока енергетска ефикасност.

Направено по мерка – за сигурни индустриски процеси

Секое индустриско подрачје има сопствени големи побарувања за производната техника и материјал на сите компоненти што се употребуваат. Поради тоа развиваме индустриски решенија и производи по мерка за нашите партнери со што гарантираме сигурност, флексибилност и ефикасност. На тој начин нашите пумпи и помагаат на прехранбената индустрија во одржувањето на нормите по прашање на квалитетот и хигиената, или на металната индустрија во исполнувањето на највисоките побарувања и на регулативите за животната средина. Во рудници го испумпуваат вишокот вода при копање, а во енергетиката допринесуваат кон сигурното снабдување на електраните. Познатите компании насекаде во светот ни ја дадоа довербта благодарение на нашиот квалитет и работата.

Во нив спаѓаат:

  • Прехранбената индустрија: Fischtechnik International Engineering GmbH
  • Металуршка индустрија: Salzgitter Flachstahl AG, Deutschland; ThyssenKrupp Steel Europe AG
  • Рударство: Vattenfall Europe Mining AG; Mopani Copper Mines, Sambia
  • Енергетика: Електраната Shangdu, Кина; Anpara Power Station, Индија