Зградна техника – вмрежени решенија за оптимална кликматизација на просторот

Пумпи и пумпни системи за греење, климатизација, разладување и вода за пиење

Во центарот на овој голем тренд којшто длабоко го менува нашиот живот стои технолошкиот напредок и дигитализацијата. Така се овозможува поврзување на производот со моќни и ефикасни системи. Високо развиените сензори и техниката за анализа ги менуваат собраните податоци и ги приспособуваат. Пумпите се дел од интелигентната инфраструктурата: Они играат важна улога во менаџирањето со енергијата и водата за пиење. Тоа всушност се однесува на сите видови згради, од куќи за едно семејство па се до големи индустриски комплекси. Wilo пумпите се високоефективни при работењето, индивидуално се приспособуваат и оптимално се интегрираат во автоматизацијата на зграда. Затоа што ние знаеме дека комуникацијата со околните системи и усогласувањето на различните барања за паметна инфраструктура е одлучувачки фактор во иднината.

Дознајте повеќе

Ефикасна климатизација – Германскиот музеј за фудбал во Дортмунд

Што поголем е објектот и што поразновидна примена има, тоа се поголеми побарувањата во однос на технологијата и интелигентното вмрежување. Одличен пример за тоа е музејот за фудбал во Дортмунд. Покрај изложбениот простор постојат и 7,700 квадратни метри мултифункционална арена, различни гастрономски области и сопствена галерија за настани. Стаклениот ѕид од неколку метри има мултимедијална намена – и поради тоа не смее да се скрши. Оптималната климатизација е овозможена од 21 циркулациона пумпа наменети за придвижување на технологијата за зградата. Wilo пумпите гарантираат работа којашто не им наштетува на ресурсите и нуди максимален потенцијал за време на употребата.

Дознајте повеќе

Повеќекратна примена

Со помош на нашите решенија можете да воведете пријатна просторна климатизација и вода за пиење во најразлични видови згради. Изборот може да варира од семејни куќи до куќи за изнајмување, административни и комерцијални згради како болници, канцеларии или хотели.