Wilo-OEM Solutions

Заедно планираме – за ваш успех

Со OEM Solutions, визионерските идеи се на дофат. Како водечки производител на оригинална опрема, ние сметаме дека сме дел од вашиот бизнис и точно знаеме колку се битни вашите процеси. Работиме заедно со вас за да развиеме приспособени и иновативни решенија со кои ќе бидете пионери на вашиот пазар. Произведуваме одржливи и висококвалитетни решенија во временски рок што вие ќе го изберете. Од тоа профитира целата ваша компанија. Од менаџментот па сѐ до продажбата. Од логистиката па сѐ до одделот за истражувања и развивања. Благодарение на исклучителната заедничка работа за ваш успех.

Замислете да имате партнер којшто го разбира вашиот тек на работа.

Партнерска соработка – тоа за нас значи што е можно подобро проучување на вас и на вашиот бизнис за да можеме подобро да ве насочиме на патот кон успехот. Сакаме точно да се разбереме со вас. Сакаме да го запознаеме секој детал од вашиот процес. На тој начин располагаме со совршено знаење за да можеме заедно со вас да развиваме заеднички решенија по ваша мерка.

Со вашиот ентузијазам за бизнис и нашето долгогодишно искуство како и широкиот асортиман, олеснето ви е да заблескате на пазарот. Соработка од којашто секој профитира. Успехот на нашите клиенти се базира на тоа секој да ги постигне своите специјални побарувања и цели во својата област. Токму кон тоа е насочен нашиот начин на тимска работа. Тоа му овозможува на вашиот врвен менаџмент да ги следи визионерските цели. Вашиот работодавец може да се препушти на лесниот тек на работата. Вашите истражувања и развивања може да се базираат на иновативно најмодерните решенија. Тоа што ќе го купите може точно да се пресмета ценовно и на тој начин да чувствувате поголема сигурност при трошењето. Вашите инженери ќе се радуваат на најефикасните решенија. А тимот за менаџирање со квалитетот ќе има сигурна гаранција за одвивањето на процесите.

Тој се потпира на еден провкласен прирачник. Од производ до апликација.

Речиси 500 искусни и компетентни работници во нашата фирма развиваат врвни решенија. Тие пронаоѓаат решенија за нашите клиенти коишто се надвор од нормата. Во тоа спаѓаат иновативните тимови за истражување и развивање, нашите стручњаци за електроника и технологија на мотори, но и многубројните тестирања во лабораторија, како и широкиот асортиман на постоечки системски елементи коишто се индивидуално развивани и интегрирани. Тоа е база за нашата стручност од која можете да профитирате во секојдневната соработка. Квалитетот којшто ви го обезбедуваме произлезе од нашата концентрација на специјалните области, при што овозможуваме усогласување околу деталите. На тој начин се изострува увидот во најдобрите можни решенија: Во областите на греење и разладување, термичка соларна техника, геотермија и санитет.

Замислете дека можете да пронајдете приспособено решение за секоја употреба.

Нашата визија е да нудиме приспособени решенија за секој вид на употреба на производот на оригиналниот производител. Нашето особено познавање на пазарот ни овозможува да понудиме повеќекратен асортиман на модели на пумпи. Нешто што одговара речеиси на секоја потреба. Со тоа нудиме и индивидуално развиени и интегрирани производи. Покрај разновидноста и јачината, сите модели имаат нешто заедничко покрај максималната ефикасност: а тоа е врвниот квалитет, најмодерната технологија и сите прирачници од Wilo. Поврзаност со сигурноста и обемните сервисни услуги од коишто профитирате.

Wilo-Para STG

Wilo-Para SC

Wilo-Para

Wilo-Para - најсигурната OEM пумпа

Wilo-Para, новата генерација на циркулациони пумпи за оригинални производители се одликува со најголема леснотија при монтирање и пуштање во употреба со што нејзиниот компактен начин на изработка овозможува претходно дефинирање на стандардните подесувања. За индивидуалните потреби на нашите корисници на оригинална опрема нудиме широк асортиман на саморегулирачки пумпи (dp-v, dp-c,n-constant), како и екстерно регулирачки пумпи преку IPWM или LIN собирнички интерфејс. Благодарение на технологијата на зелено копче и ЛЕД кориснички интерфејс, на располагање имате многубројни интелигентни функции.

Својства на производот:

  • Едноставна интеграција со помош на напредна компатибилност и компактен начин на изработка
  • Максимална флексибилност за оригинални произведувачи преку подоцнежно приспособување на претходно дефинираните поставки
  • Едноставна употреба и пуштање во работа со помош на технологијата на зелено копче и уникатниот
  • ЛЕД кориснички интерфејс
  • Посигурна работа благодарение на интелигентните функции како што е рачното проветрување, рачното рестартирање или функции за фабричко нагодување
  • Едноставна размена преку директен пристап до сигналното поврзување, податоци за пумпи и шрафови за прицврстување на моторот
  • Интернет пристап до актуелните информации за производот преку QR код