РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ
Сигурни, соодветни, брзо достапни.
Ние ви помагаме брзо да го изберете соодветниот оригинален резервен дел за вашиот Wilo производ. Благодарение на ефикасната логистика и локално приспособеното складирање на резервни делови, помагаме да се намалат прекините во вашите работни процеси. Со правилно избрани и вградени оригинални Wilo резервни делови, сигурното работење на системот може да се поддржи и по замената на деловите.
Оригиналните Wilo резервни делови се усогласени со барањата на производот и овозможуваат сигурна замена. Во комбинација со нашите решенија и сервисна поддршка, тие придонесуваат за стабилна и сигурна работа на системот.
Kаталог на резервни делови
Направете сопствено истражување преку интернет за потребните резервни делови или контактирајте не директно за индивидуални консултации.
Kаталог на резервни деловиАко ви треба поддршка од експерт на Wilo, тука може да го ангажирате Wilo сервисот.
Нашите Wilo сервисни техничари се дежурни за вас 24 часа на ден, 365 дена во годината. Без оглед на тоа како ќе се одвиваат работите: потребен е само еден повик за да добиете поддршка од нашите експерти за пумпи. Тие ќе ви помогнат брзо и професионално со директна координација.
Фокусот на Вило е насочен кон клиентот од 1872 година. Затоа нудиме 24-часовен сервис за итни случаи за да можете да не добиете во секое време.
T/F: +389 2 3122-058
M: +389 70 205-297
Достапно:
Пон.-Пет. 8-16 часот