Поддршка на децата од Институтот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје

Назад кон прегледот

26.07.2017

Во почетокот на 2011, Wilo создаде своја добротворна фондација „Wilo-Foundation“ со цел да обезбедува финансиска поддршка во областа на науката, образованието, културата и спортот. Една од последните благородни каузи на фондацијата е поддршка на клубот „Lions District 132“, Македонија, во финансирањето на проектот „Soft Room“ на Институтот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје.

Institute for Rehabilitation of Children

Фондацијата Wilo: Поддршка за Институтот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје

Фондацијата Wilo со благородна кауза за поддршка на деца и младинци во Македонија Во почетокот на 2011, Wilo создаде своја добротворна фондација„Wilo-Foundation“ со цел да обезбедува финансиска поддршка во областа на науката, образованието, културата и спортот. Една од последните благородни каузи на фондацијата е поддршка на клубот „Lions District 132“, Македонија, во финансирањето на проектот „Soft Room“ на Институтот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје. Организацијата донираше вкупен износ од 5.000 евра во 2017 година, со што се реновирани две детски соби. Благодарение на финансиската поддршка од страна на Wilo и реновирањето, децата од институтот веќе уживаат во пријатна и колоритна атмосфера во двете простории за рехабилитација.

Како награда и знак на благодарност за реновирањето на двете функционални соби, децата од центарот направија маички со свои цртежи. Тоа исклучително многу нè погоди и навистина сме горди што ние од Wilo го направивме овој чекор кон изградба на подобар свет. Меѓународно докажаната германска компанија Wilo Group, е производител на пумпи, како и на комплетни пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни води и одводнување. Компанијата има 140-годишно искуство и располага со над 7000 вработени во повеќе од 60 филијали низ светот, обезбедувајќи иновативни решенија како одговор на силно зголемената потреба од технологија со високи перформанси на глобално ниво.